Среда, 11 Февруари 2015   
Завет на минатото

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Не може да се надева на блескава иднина народ што нема историско помнење, став за минатото, изграден однос кон сегашноста и визија кон иднината. Многубројни претходни генерации на Македонци имале и историско помнење и став кон минатото, изграден однос кон времето во кое живеат, како и визија за иднината. Тие зад себе оставиле многубројни записи како завет на минатото за идните генерации.

На страниците на двотомното издание „ДОКУМЕНТИ - за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, издадена од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1981 година, бројни се текстовите на нашите претци со пораки кои и ден денес се актуелни во борбата за зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на македонската држава, како и за зачувување на идентитетот на македонскиот народ.

Читајќи ги денес објавените текстови на македонските дејци во борбата за самобитност на Македонија, човек не може да остане рамнодушен на нивната самосвест, нивниот изграден однос кон минатото и напорите кои ги правеле за да ја запознаат европската јавност со самостојниот развиток на Македонија. На страната 377 – 388 од првиот том на „ДОКУМЕНТИ“, ќе наидеме на извадоци од книгата „По повод на едно движење во Македонија“ („А Ргороѕ d’un Mouvement еn Масеdоiпе“) објавена во Брисел 1900, под псевдоним А.Брутус, зад кој се крие велешанецот Антон Драндар, личност од  Македонија од втората половина на XIX и првите децении на XX век, кој објавил повеќе трудови за состојбата на работите во Македонија. Во изводот кој овде ви го презентираме Антон Драндар уште тогаш ќе напише:

„Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија се` до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсеllеnсе, ја играла во светот. Заштитена на север со широка верига од грандиозни планини, украсена со пријатни долини и живописни клисури, што и` даваат белег на една источна Швајцарија, со умерена клима и плодна земја, вообличена во прекрасното крајбрежје на Егејското Море, сместена на раскрсницата на стариот и новиот свет, Македонија уживаше во среќната привилегија да биде на прво место во сеопштиот напредок.

Македонецот, роден во земја во која природата и` беше толку наклонета, секогаш мечтаеше за херојски подвизи и се стремеше кон големи потфати, не само во доменот на чистата наука, туку исто толку и во политичкиот домен, како и во оној на општествениот напредок. Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот.

Македонија го шири својот суверенитет врз значајни нации; таа уништува големи варварски царства, таа формира нови држави и нови трговски центри. Дури и славната лулка на античкиот хеленизам им се потчинува на македонските кралеви. Пламениот збор на Демостен застанува пред студениот разум на Филип.

Александар Велики, чијашто слава е епска, оди од победа во победа и ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува светлините и добродетите на цивилизацијата...

Македонци наоѓаме на византискиот престол во време кога оваа империја се наоѓа во својот зенит. Се` додека македонската династија ја управуваше судбината на Византија, царството ја зачува својата моќ и беше почитувано од нејзините непријатели. Кога таа династија згасна, малку потоа започна полната декаденција на Византија.

Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на славјанскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на славјанското племе на кое му дава своја религија и своја уметност...

...Ако Македонија сака да биде свој сопствен господар и господар на својата сопствена судбина; ако денес таа сака да се ослободи од неправедниот тиранин што ја угнетува со векови, и ако утре сака да биде подготвена да се бори против сите оние што би сакале да ја узурпираат нејзината територија и да воспостават своја доминација, потребно е да започне со тоа што ќе ја употреби својата сила за воспоставување на едно нераскинливо национално обединување!

...Жителите на Македонија не сакаат да бидат присоединети ни кон Бугарија, ни кон Србија, ни кон Грција; тие сакаат, тие силно сакаат, да живеат човечки живот во една автономна земја. Нивната парола е: „Македонија на Македонците“.

Денес 115 години потоа, повеќе од две децении од распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, наместо Македонците да го зевземат своето место на светската сцена, сеуште ја губат непотребно својата сила во расправии со соседите и за воспоставување на национално обединување за зачувување на виталните национални интереси. За жал, сеуште постојат ретроградни сили, кои за да ги зачуваат стекнатите позиции, имаат историска амнезија, без визија за иднината.

Поминаа повеќе од две децении откако народот на Македонија својата судбина ја зеде во свои раце и поминаа повеќе од две децении на континуирана борба за зачувување на нејзиниот суверенитет и интегритет, борба за просперитет на земјата и полна афирмација на Македонија пред меѓународната заедница. Тоа е период кога народот на Македонија помина низ многу бури, кога сонцето беше помрачено, а на земјата и се закануваа воени сценарија. Сето постигнато досега е пред се`, дело на народот на Македонија, а нејзините пријатели во тоа само помогнaa.
   
Сепак мора да се нагласи дека се` што е постигнато досега, во најголем дел е резултат на заветот на минатото, преточено во идеалите на историската Внатрешна Македонска Револуционерна Организација, и желбата на народот да се има сопствена држава со која Македонците сами ќе раководат и ќе ја градат. Ова кулминираше со возобновување на ВМРО-ДПМНЕ, на 17 јуни 1990 година.

Во годината кога ќе се одбележат 25 години од своето формирање, повеќе од две децении од поновата историја на Република Македонија, период во кој заедно со својот народ помина многу премрежија, но никогаш не се откажа од визијата на нашите претци, ВМРО-ДПМНЕ сеуште не потценувајќи го мислењето и чувствата на својот народ и аманетот на претците, цврсто стои на браникот на виталните национални интереси на македонскиот народ.

 

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.