Сабота, 28 Февруари 2015   
Гордо и стамено Македонци, ќе помине и ова!

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

Нашиот сосед ги ,,прекрсти“ топонимите од Македонски во Грчки, но успеа ли да ги избрише Македонските спомени и македонскиот идентитет? Продолжувајќи ја истата политика на БРИШЕЊЕ на Македонскиот идентитет ја подготви и пласираше играта ,, Спорот за името“- прекршувајќи ги сите нормативи и декларации навредувајќи го при тоа националниот, јазичниот и културниот идентитет на Македонскиот народ. Името е идентитет, на личност на нација на држава. Кога се менува името се менува идентитетот.

Имаме ли потреба да го промениме нашиот државен идентитет?

Премиерот Никола Груевски зазеде став- Нашиот интерес не е на некого нешто да му одземеме. Ние не сакаме ништо што е туѓо. Ние не сакаме туѓи територии, не сакаме туѓа историја, не сакаме туѓа култура и туѓа цивилизација. Но бараме и не сакаме да ни го земат тоа што е наше и тоа е нашата борба во овој дел. Јас им благодарам на сите граѓани што ни помогнаа да опстоиме во одбраната на националните и државните интереси. Ние ќе продолжиме да бараме решение. Сакаме да најдеме решение, но тоа да не биде на штета на нашите интереси – тоа е ставот на Груевски.

Но за жал, во сопствената земја сме соочени и со оние кои се согласуваат сопствениот идентитет, идентитетот на оние кои крвареле за оваа земја, идентитетот на сопствените деца да го продадат за ситни интереси, за сопствен бенефит, водени од болната амбиција за власт, оние кои бескрупулозно 30 години плукаат по сопствениот народ и земја се најгласни во аукциската продажба на името, идентитетот, во продажбата на Македонија. Но и ставот на илјадници Македонци, на сите Македонци кои ја сакаат и почитуваат својата земја, држава, национален идентитет.

Идентитет не е категорија која што се признава: тој се почитува или не. Смешно е да се бара гаранција за нечиј идентитет. На Атина не и’ пречи името на државата: и’ пречат Македонците. Тоа што зборуваме Македонски јазик, што имаме Македонска култура, историја, традиција... Доколку Атина јавно каже дека сме Македонци, проблемот исчезнува. Дури откако тоа ќе се сфати, може да се разговара што е за нас прифатливо, а што не. Без тоа се’ е неодговорна лицитација. Но, Атина секако нема да попушти во таа борба. Не затоа што Атина е во право, или затоа што Атина е во поповолна положба во меѓународни рамки, но затоа што Атина има сопствени одродени Македонци на располагање кои може да ги вклучи и исклучи по потреба. Секогаш кога Македонецот ќе собере сила да извојува победа, Атина ги вади џокерите од ракав преку кои создава раздор во македонското ткиво, Атина ги вклучува во погон оние кои сопствените браќа, бранителите кои ги бранеа нивните домови ги нарекуваат “воени злосторници”, а оние кои го бранат идентитетот ги нарекуваат “диктатори” “националисти”и што ли уште не.

Во Македонија во сите историски времиња има патриоти кои имаат лавовска сила и знаат да се борат за зачувување на Македонија, за зачувување на нацијата, за зачувување на името Македонија и нашиот Македонски идентитет. Ако идентитетот и јазикот остануваат, зошто се менува името на државата? Новото државјанство и непреведениот јазик ја покажуваат целта: да се разнебити се’ наше македонско за да се отвори место за новите, измислени грчки „Македонци“.

Ако се разговара само за името, ако остануваме Македонци и името е само за (по)надвор, како што не’ уверуваат, зошто да нема македонско државјанство? Зошто да се обезличи јазикот? Ним им е јасно (нам?) дека со промена на името се разнебитува македонизмот кај нас. Пасошите ќе мора да бидат со прекрстената држава и новото државјанство, сета извозна документација, ќе мора да доаѓа од новата држава, ќе мора да менуваме Устав и се’ друго - Македонско. Немаме ли ние еднакви права како и сите други народи во светот? Да се дознае нечие име значи да се стапи во врска со носителот на името, да се запознае неговата внатрешна суштина.

Македонците не сакаат да бидат било што друго освен, Македонци!

Во време на демократија во Европа, повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некому му одговара да фалсификува историја, да ги занемарува фактите, да го брише Македонскиот национален идентитет и Македонската нација и држава.

Овој пат јасно е на кој тоа му одговара оваа борба. Единствено оние кои болни и заслепени од амбицијата за власт сами се продаваат за туѓите интереси. Оние кои ги продаваат своите татковци и дедовци, оние кои ги продаваат сопствените деца.

Македонците и натаму очекуваат Соединетите Американски Држави да останат доследни на својата одлука за признавање на Македонија под нејзиното име од 3 ноември 2004 година, а американската администрација во духот на стратешкото партнерство со Македонија да се воздржи од притисоци за промена на државното име Македонија! Приоритети на македонската политика се разбира дека се безбедноста, развојот, градењето на вредностите и интеграцијата во НАТО и ЕУ, но како Македонија, Македонци и на македонски јазик!

Останвува да веруваме дека ова црно сценарио кое опозицијата по секоја цена сака да го наметне во Македонија, сценариото во кое треба да дојде до братоубиствена војна нема да се оствари по украинскиот рецепт. Останува да веруваме во себе и да ги одбиеме мудро и патриотски сите омаловажувања, навреди и подбуцнувања од сопствените предавници. Гордо и стамено Македонци, ќе помине и ова!

Македонија вечна, АМИН!

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.