Среда, 04 Март 2015   
Искривена историја и вештачка творба

Gordana-Dimovska
Гордана Димовска

„Грција е највештачката од сите вештачки нации кои произлегоа со распадот на Отоманската империја“ – Јерасимос Какламанис (Analysis of Neohellenic Bourgeois Ideology, стр.13).

"На Балканот се создадени првите нации, благодарение на напорната работа на неколку европски ориентирани луѓе,  државите за овие нации се создадоа подоцна. Моделот за градителите на балканската нација не беше Франција, туку Германија, каде интелектуалците внимателно го негуваа чувството на националната свест и пред постоењето на обединета држава.“ – историчарот Ендрју Баруч (Andrew Baruch).

Македонија откако се осамостои започна со откривање на сопствената историја без притисоци или “совети“ од соседните земји. Во светот се разнесени книги кои го “учат светот“ и даваат сосема поинаква слика за македонската историја. Слушајќи за големите неправди  и искрививуање на историски факти, доаѓа да се запраша човек: Дали историјата е најголема лага? Она што земјата е денес е последица на она што била во минатото. Секое делче од нејзиното минато ја зајакнува свеста за припадноста, го зацврстува идентитетот и дава насока и можност да се исправат историските неправди. Затоа пак постојат и такви во кои се откриваат  записи кои ја прикажуваат историјата во реално светло. Ќе ја искористам познатата изрека “Каде има сила, нема правина“ но не секогаш важи ова непишано правило.  Постојат и  многу  праведни луѓе на овој свет кои секогаш ќе се борат за вистината, за правдината, за тоа да не им се скрати правото на еден народ да си ја прикаже својата историја онаква каква што е а не како што  други ја ‘скроиле’.  Да се знаеш кој си и од каде си, кои се твоите претци, како живееле и како ја чувале земјата, е можеби и најважното и најтешкото прашање кое секој си го поставува. За се она важно кое ја карактеризира една земја е заслужна историјата. Историјата не треба да те “закочи“ туку да ти овозможи полесно себе дефинирање, одбрана на националните интереси во новонастанати услови и политички збиднувања. И ако секој тоа го почитувал и да имаше правда во светот, не ќе имаше нити војни,  нити етнички чистења, нити  Македонија ќе беше распарчена во 1913 , нити денес ќе се оспоруваше потеклото, името, идентитетот.

Но што се случува со историјата на Грција, земјата која се потпира на лажни факти, земјата која  со децении вешто избегнува одговорност  за стотици илјади  Македонци  кои ја напуштија Грција по Граѓанската војна во 1949 година, меѓу кои и 29.000 деца. И на нивните лаги им доаѓа крајот. На повидок излегуваат факти запишани во книгите кои ги откриваат нивните лажни историски тврдења. Еве на пример цитатот од  1-2 от век на Plutarch, Flaminius:

Лажни се претставите дека денешните Грци биле потомци на мртвата раса на античките Елини  затоа што наводно зборувале ист јазик. А античкиот и денешниот јазик не се идентични. за тоа како настанала Грција излегуваат податоци кои укажуваат на тоа дека таа е вештачки формирана нација, производ на германските филозофи од 18 век.“

Во книгата Vorlesungen über die Alterthumswissenschaft од 1835 на страна 28 го пишува следното:

Македонците не треба да се сметаат за Грци; од старите тие не беа сметани за исти и ги нарекуваа Варвари. (Die Macedonier muss man nicht zu den Griechen ziehen, sie wurden auch von den Alten nicht zu denselben gerechnet und Barbaren genannt; ja Macedo war ein Schimpfname).

Записи за јазичната дистинкција: Македонците беа и по јазикот различни од Грците. (Auch waren die Macedonier von den Griechen durch die Sprache unterschieden).

Не беше ниту грчки диалект ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34претерува дури, дека Македонецот не можеше воопшто да се разбере. (Es wargar kein rein griechischer Dialekt. ef. Strabo 6, pag. 326. Curtius lib. 9, cap. 9, 34 übertrebt es so, dass man einen Macedonier gar nicht hätte verstehen können).

Во јавноста излезе и документарен грчки филм, емитуван на грчката TV SKAI кој е преведен на англиски. Токму во него се јасно е прикажани манипулациите за древното наследство, големото влијание на Германија како само еден дел од грчката машинерија за создавање на “најдревната нација на светот“ за земјата кој тврди дека се од нив започнало.

Во учебникот „Географија за средни училишта“ од српскиот академик Петар Драгашевиќ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море.

Во истиот учебник на страницата 163 се вели: „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“.

Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

 Во книгата: Analysis of Neohellenic Bourgeois Ideology, стр.13) Јерасимос Какламанис вели:

„Грција е највештачката од сите вештачки нации кои произлегоа со распадот на Отоманската империја“.

А американскиот автор Џон Шеј, оди до таму што ја негира и ја побива опсесијата со грчкиот расен идентитет и се обидува да го исправи изобличувањето на историските факти за илјадниците години кога не постоела грчка нација - држава. Тој истакнува дека современите Грци не се ништо повеќе етнички поврзани со античките Грци од современите и античките Македонци.

Можеби е време оваа земја да ги извади вистинските факти за својата историја, да ги исправи неправдите нанесени во минатото над Македонците и други националности кои немилосрдно беа протерани од нивна територија.  Секоја земја си има своја историја која треба  да се почитува без  оспорувања и негирања.

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.