Среда, 04 Март 2015   
Димот и смрдеата од Бихаќка мора брзо да се расчистат

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Од Бихакќа повторно доаѓа страшна реа, страшна смрдеа на непријателско делување кое се заканува да го разнебити македонскиот народ и држава.

Последната таканеречена бомба од прислушкувани разговори на министерот за финансии Зоран Ставревски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска претставува економско-политички притисок како еден од облиците, дејствување насочени кон предизвикување на раздор меѓу членовите на Владата, создавање на внатрешни кризи и нарушување во областа на стопанството.

Меѓутоа, министерот за финансии Зоран Ставревски сето тоа го демантира. На прес конференција во Владата тој соопшти дека снимките од телефонските разговори меѓу него и министерката Гордана Јанкуловска, кои ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев, биле нецелосни, со селективна природа и надвор од вистинскиот контекст и имале за цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата. Како што вели министерот Ставревски „времето ќе покаже кој го правел снимањето, и кому тоа му користело... Најмногу не му одговара на граѓаните на Република Македонија на кои се прави штета со ова“. Инаку, како што ќе напомене меѓу другото Ставревски, „македонската економија е во добра состојба и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Кондицијата на буџетот е одлична, а тоа го потврди и предвременото раздолжување кон ММФ“.

Предвременото враќање на кредитот на ММФ пред да биде објавена бомбата на Заев, говори дека опозицијата греши и Македонија не е во криза. Но, општо е познато дека секоја економска тешкотија, верижно дејствува и врз состојбата во другите гранки на стопанството, односно дека секоја од економските кризи предизвикува и определени нарушувања во политичкиот живот на земјата. Оттука и економските притисоци редовно се комбинираат со пропагандно-психолошки активности на разузнавачките служби и активности на внатрешниот непријател. Оттука, врз таа причинска поврзаност на економијата и политиката, се заснова и дејствувањето на раководството на СДСМ.

Раководството на македонската опозиција, предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, со ваквите постапки, без оглед на нејзините напори пред странската и домашната јавност да се претстави како опозиција која и` го сака доброто на народот, се` повеќе се дефинира како сила погодна за водење на специјална војна против сопствената земја. Обидите да дојде на власт на не демократски начин, преку уцени со нелегално прислушувани разговори, укажуваат дека нејзината дејност е тесно поврзана со странски разузнавачки служби од кои добива материјална помош, поддршка па и директиви за работа. Во оваа поддршка не е исклучена можноста и официјални органи на одделни држави да манипулираат со Заев и македонската опозиција за спроведувањето на сопствената политика, чија основна цел е разнебитувањето на македонската држава.  

Кога се говори за спрегата на раководството на опозицијата и странски служби во објавувањето на таканаречените „бомби“ со цел да се дискредитира раководството на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и да се дестабилизира Македонија, мора да се напомене дека не целото членство на СДСМ се сложува со постапките на нивниот лидер Зоран Заев и неговите најблиски соработници. Меѓу нив има вистински македонски патриоти кои не се сложуваат со „шпионските игри“ на Заев само заради лични интереси да се дојде на власт преку некаква техничка влада, бидејќи и тие се свесни дека така лесно може да дојде до губење на името и идентитетот на македонскиот народ (врочем во тој формат беше потпишан Рамковниот договор). Затоа тие остро се спротивставуваат на формите и активностите на своето раководство и начинот на борбата за власт со владеачката партија.

Инаку, постапките на Зоран Заев како да се пресликани од учебник за водење на специјална војна. Во него меѓу другото ќе го сретнеме следното:

„Во својата активност иницијаторите и носителите на непријателската активност во земјата посебно дејствуваат врз предизвикување недоверба во системот, спремноста и способноста на владеачката партија и нејзиното раководство да ги решаваат противречностите и проблемите на внатрешен и надворешен план. При тоа упорно го попречуваат спроведувањето на зацртаната политика на владеачката партија. Со своите акции настојуваат да драматизираат разни субјективни слабости и објективни економски, политички и други тешкотии, како и за свои цели да ги искористат негативните појави во општеството. Истовремено дејствуваат врз инфилтрација на своите кадри во разни структури. И покрај постојаните порази и неуспеси внатрешниот непријател, не отстапува од својата активност и цели, туку ги приспособува облиците и методите на дејствувањето кон конкретната ситуација.

Карактеристично за внатрешниот непријател е тоа дека во своето дејствување тој во најголем број случаи токму и дејствува во соработка, по сугестии и барања од надворешните сили. Како таков тој е продолжена рака на надворешниот непријател поради тоа што овој го потхранува, што му дава финансиски средства и секоја друга помош“.

Оваа спрега на надворешниот и внатрешниот непријател е присутна во сите видови активности против нашата земја: пропагандна активност, прибирањс разузнавачки податоци, поддршка на опозиција во земјата, акции врз поткопување на економската основа на општеството, организирање разни конфликтни ситуации, изведување терористички акции, како и воени кои се најостар вид на притисок.

Организаторите на овие активности редовно настојуваат акциите што е можно подолго да останат неидентифицирани во поглед на изворите и крајните цели. Оттука лидерот на опозицијата Заев изјавува за медиумите низа лаги и контрадикторности. Тоа може да се види и од изјавите за јавноста на Зоран Заев кој ги менува постојано. Час говори дека прислушкуваните разговори се од домашните, час од странските служби.

Со оглед на тоа, еден од битните услови за успешна борба против овие дејства е содржан во јасното разобличување на истите. Затоа за „бомбите“ на Заев мора да има што побргу правна разрешница, а за да докажат дека го почитуваат Уставот и законот и дека не му се непријател на сопствениот народ, опозицијата треба веднаш да се врати во Собранието за да има и политичка разрешница.

Димот и смрдеата од Бихаќка мора брзо да се расчисти за да се види што е тоа толку големо што од позади се тркала.

 

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.