Среда, 04 Март 2015   
Зарем толку Зоран Заев се плаши од своите спонзори и налогодавци?

grb-VEPМакедонска нација

Зарем толку Зоран Заев се плаши од своите спонзори и налогодавци? Подобро е да се плаши од сопствениот народ кој не заборава и не простува!

Пред некој ден повторно од оџакот на куќата на СДСМ се појави чад. Тоа не е знак дека е избран нивниот нов „папа“, туку знак дека новиот „месија“ и лидер на социјалдемократите Зоран Заев ќе објави нови нелегално прислушувани разговори за да го „просветли“ својот заблуден народ за штета која ја прави владеачката партија.

Народот како и за секоја нова серија со должно внимание, седнува пред тв екраните и внимателно ги следи дијалозите. Но наместо пикантерии, очекувани заплети и расплети, кои ќе докажат дека е нешто труло во земјата Данска, слуша како министрите ги бранат своите вработени, буџетот, својата држава. Многу брзо народот сфаќа дека наместо возбудлива епизода од бомбастичното најавувана серија повторно имаат обична сапуница, а месијата наместо просфетлување им дава обично политичко самозадоволување.

Публиката уште еднаш гледа дека по кој знае кој пат повторно се излажани од СДСМ – овскиот „месија“. Единствено тек тук по некоја откачена „мрсна“ пцовка на актерите ќе ја разбие монотонијата, но таа е, толку вообичена меѓу пријателите кај македонскиот народ, што не дава надеж на некаков заплет во серијата.

Бомбите на Заев пукаат во празно.

Обидите со „бомби“ од разни области, особено од економијата да ја привлече јавноста и да ја наруши довербата кај народот кон институциите на власта засега на Заев не му успеваат. Тој сфаќа дека полнењето му е застарено, со долг фитил, закаснето палење и ефектот поразителен. Така уште пред да каже дека буџетот е празен владеачката партија предвремено го враќа кредитот на ММФ, а пријателите кои во обичен муабет кажале по некој несодветен збор, веќе напредуваат со нови проекти кои овозможуваат нови вработувања.

Тројната молитва во која „светиот месијата“ му се обраќа на Бога пред секоја „бомба“ таа да експлодира и да го врати него на власт, покажува само колку тој е уплашен. Како и да не биде уплашен кога гледа дека и ова сценарио, чедото на кое толку долго време работел, ќе му пропадне и дека наместо профит на своите спонзори и налогодавци ќе му донесе повторно загуба. А тие не му простуваат и не му забораваат!?

Меѓутоа, интересно е што во бомбашките епизоди на Заев каде се уочува на одредени неправилности, ништо не можете да слушнете „било какви идеи за излез од кризата.“ Тие ништо не говорат каде го гледаат излезот од оваа криза. Каде и како Македонците ќе се вработат?

Каков е тој месија кој сака да го просветли народот, а нема визија како да му ја подобри иднината на народот. Дали тој мисли дека неговите налогодавци од надвор, треба да дојдат и да ни ја водат државата!?

Доста му се на Македонецот сериите од Заев во кои се плука по сопствената држава, во која политиката на оваа Влада се оценува не само како неразвојна и неекономска, туку и како политика која најдиректно ја води Македонија кон пропаст. Тоа се веќе видени епизоди во кои раководството на опозицијата во континуитет наназад говори дека „Сегашната политичка елита го лаже народот со подоброто утре, кое нема да дојде ниту во наредните 100 години“, како и тоа „дека странските инвестиции, кои толку упорно се промовираат во нашата држава, нема да донесат никаков напредок, туку, напротив, онака како што се планирани, тие ќе доведат до понатамошно пропаѓање на економијата!“

Од друга страна пак, со секој нов проект на владата на Македонија, му се избиваат сите адути на самопрогласениот месија. Народот се повеќе ја сака реалистичната серија во режија на ВМРО ДПМНЕ, вистинската животна приказна која нуди решенија на нивните маки. Македонскиот народ едноставно не сака да гледа сапуница со празни ветувања во која однапред се насетува крајот со разнебитување на македонскиот народ и држава. Едноставно може да се каже дека народот повеќе сака серијата со успешен крај во која македончињата стануваат Македонци и македонскиот народ излегува како победник.

Доколку навистина Заев сака неговата серија да стане гледана и да го сврти вниманието на јавноста, тогаш наместо продавање магла, украински Мајдан, меѓуетнички судири, терористички и воени закани, подобро е во сценариото да стави враќање на СДСМ и опозицијата во Собранието, каде во интерес на македонскиот народ ќе дојде до помирување меѓу таканаречената левица и десница врз заедничка платформа која ќе го заштити името, јазикот и идентитетот и со тоа ќе го спречи разнебитувањето на македонскиот народ и држава. Само така серијата на Зоран Заев може да се гледа.

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.