Среда, 08 Јули 2015   
Има да не нема (Последните граѓани)

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Подолго и нашироко се кршат копја и води сосем излишна полемика за и околу бракот како институција. Зошто излишна? Па затоа што токму рушењето на бракот помеѓу маж и жена и експанзијата на неприродната (де)формација која што од накај високо развиениот северо-запад дува, може, треба и мора да ни послужи како поука извлечена од туѓи грешки. Но, наместо тоа помеѓу редицата буљашки баханалии како капак на „високата свест“ ни доѓа и капката која ја прелева чашата - посвојување на „дечиња од педерчиња“.

А толку очебијно и толку негативно е ова „цивилизациско“ искуство што полека но сигурно води до нивно истребување и самоуништување. Сите знаеме, токму развиените самите гранката си ја секоа со ваквите и слични „демокртаски вредности“. Така к(х)омодитетот, тој и таков им го загрозува наталитетот и самиот гол опстанок. Кубурат со новороденчиња па, сакале нејќеле, што јавно што тајно ги (под)отвораат вратите за „простите“.

Не се сака некоја подлабока анализа или повисока диоптрија за да се согледа сета таа аномалија на топлите браќа како причина плус за црнилата на белата чума. Која бре легализација на еднополови бракови, какво присвојување на дечиња одними, кои црни камења – црни ние? Зарем не гледаме, секаде каде што се либерализирани и легализирани тие неприродни заедници до кое дереџе стигнаа. Штом нема деца по автоматизам самоуништувањето и исчезнувањето се неизбежни (д)ефекти. Проста математика ем и чиста логика: колку повеќе таквите неприродни заедници се намножуваат толку и новороденчињата ќе се намалуваат. И, сетне, која матна? Колективно самоубиство. Потоп! Тие можат да вриштат и пиштат колку ги држи гласот ама, ете, нормално, со исчезнување на породот исчезнува и народот.

Кај и дае еден ден сета оваа аздис појава ем „лични слободи“ пародија неминовно ќе биде минато свршено време, историја а за што само тој што ќе преживее ќе може да кажува. Во таа насока, рековме, колку ли само (економски) иселеници ги крпат западните демографски дупки и пак сите тие потези се покажуваат како јалови. Без деца нема нација а камоли и здрава. Но ај тие, ќе речеш, имаат барем прилив и како-така крпарат ама од каде ние, тетка ни ќе ни ги роди или пак штркот донеси? Извесно е и сигурно, само неизвесни се времето и патот кое што треба да се поминат низ оваа „чистилиште“ за да се стигне таму каде што и се кинисало – право во пеколот. Глупости, ноторни глупости или со други зборови: иднината (веќе!) е фрлена а нормален брак или мрак прашање не смее да е сега.

Но, пак, и што може да се очекува од татини ќерки и мамини синови кои место бракови и дечиња воздигнуваат епови за педери и лезбејки и од алкохол и цигари се навлекуваат на треви и прашоци. Чаре дае малку да промозгаат дека сите овие циркуси се од времен карактер, помодарство кое откога ќе се испроба, изгустира и изживее неминово, сакало-нејќело, човештвото одново ќе се сврти кон божјото: „тој и таа“ а не „тој и тој“ или „таа и таа“!

Оти? Оти „останало проклетството на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека“ („Последните селани“ – Петре М. Андреевски), ете затоа. А кога сме веќе кај последните селани трагично но вистинито е што на повидок е в(б)ремето и на последните граѓани на овие простори. Глобализацијата и миграциските текови, сега веќе не од село во град туку од држава во држава си го земаат својот данок во (млада!) крв. Тажни примери се бившите источни а сега (помодарски) веќе (про)западни земји чии жители (и „селани“ и „граѓани“) трагајќи по лебот за стомакот ја фатија јабаната оставајќи ги на старците и пилците и селата но и градовите.

Но, замислете само, сега и вака, со триста визни и какви ли се не бариери имаме катадневен одлив. Ами, пак, да и за нас се отворат ширум европските замандалени порти уште поскоро и градовите како и селата ќе постанат авети. Извесно е, заработувачката ги трасира иселеничките патишта и доколку економски не исчекориме – се потаманивме. Само тое е спасот: платата, парата, стандардот. Се друго е залажувачка или баење со умот.

Најсетне! Криков има за цел да ја отслика и вреже тажната и трагична вистина за распадот и вулгаризирањето на бракот посебно, но и мракот и морталитетот општо што како „цивилизациска придобивка“ се спушта од развиениот север до простиот југ (Балканот но и пошироко) водејќи го со себе - во неврат.

 

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.