Среда, 15 Јули 2015   
Македонија не смее да ја пропушти оваа можност

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел му ја свитка кичмата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, а во Скопје двоецот Нуланд – Хан, за кои е неприфатливо одбивањето за преговори, со порака да не се пропушта оваа можност за евроинтеграции. Државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, по средбата со владините функционери и партиските лидери во Скопје им порача дека е крајно време да се најде решение за кризата, преку пакет реформи со кои Македонија може да се врати на патот на евроинтеграциите и веднаш по решавањето на домашната криза да се пристапи и кон решавање на спорот со името со Грција.     

Никогаш не вели, не!

Грците бурно протестираа против реформите кои од нив ги бараа кредиторите. На барање на Ципрас грчкиот народ на референдум се изјаснија со НЕ, за потоа да прифати повеќе од она што се бараше на почетокот. По ескивирањето и обидите да се испазари со ЕУ, на крај истиот Ципрас мораше да ја свитка кичмата пред неумоливата германска канцеларка Меркел. Таа ја спаси еврозоната, а Грција сега ќе мора да се либерализира и реформира: приватизирање на државен имот, банките, намалување на администрација, собирање на данокот, пензиите, судство и т.н. Грција ќе мора да профункционира како модерна држава. Но дали тоа ќе значи и решавање на спорот со името со Македонија?

Речиси истовремено, по загубените маратонски преговори во Стразбур, Скопје и Брисел, во Скопје дојдоа еден по еден, државниот секретар на САД, Викторија Нуланд и еврокомесарот Јоханес Кан, засилен со олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Со оглед дека САД и ЕУ работат рака под рака кога се работи за Балканот, како што вели Нуланд, тие испратија јасна порака, собено до предизвикувачот на политичката криза во Македонија, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја ескивира договорената рамка од 2 јуни.

Пораката на Нуланд е јасна. Таа по средбата со владините функционери и партиските лидери во Скопје таа им порача дека е крајно време да се најде решение за кризата, преку пакет реформи со кои Македонија може да се врати на патот на евроинтеграциите. Исто така, таа порача веднаш по решавањето на домашната криза да се пристапи и кон решавање на спорот со името со Грција.     

Основа за постигнување на конечен договор е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува превземање на итни реформи во неколку области, што по предлог на Европската комисија веќе го спроведува македонската Влада и на крајот одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

Заев е свесен дека со т.н. бомби не ја доби довербата на народот. Напритив тој многу изгуби во очите на јавноста. Тоа го покажува неговиот и рејтингот на СДСМ. Според анкетата на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба, за разлика до СДСМ во кој веруваат само 11 отсто од анкетираните. Меѓу лидерите, премиерот Груевски е со најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7% од народот.  Овој факт, како и фактот дека изборите не биле фалсификувани, не можат да го избегнат ни претставниците на САД и ЕУ.

Ако се погледнат овие податоци, тогаш јасно е зошто Заев досега не сакал решение. Тој се плаши од избори. Но, пред претставниците на САД и ЕУ, за кои е неприфатливо одбивањето за преговори, тој нема каде да се крие и  конечно ќе мора да прекине со политичките игри и да го прифати договореното. Не случајно по средбата со Нуланд, во партиското соопштение стои дека Заев констатирал дека договорот од 2-ри јуни предвидува решенија за критичните прашања и дека се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

Заев е свесен дека овој пат не смее да ги изигра претставниците на САД и ЕУ. Како што рече државниот секретар на САД, „Македонија и САД имаат одлична соработка и силно пријателство веќе 20 години“. Меѓу двете држави постои континуирана соработка која е заснована на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка од 2008 година. Оттука и зголемениот интерес и ангажирање на САД,  што дава голема можност не само за разврската на политичката криза, туку и за разврска на спорот со името, како и можно скоро зачленување на Република Македонија во НАТО и итно започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Ако се има во предвид големото расположение на македонскиот народ за влез на земјата во НАТО и ЕУ, како и состојбите во Грција, особено што се случи по историското НЕ, политичките партии во  Македонија мора да најдат решение. Опозицијата и нивните лидери мора да ги постават интересите на државата пред личните интереси, зошто Македонија не смее да ја пропушти оваа можност.

 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.