Среда, 16 Септември 2015   
Македонија мора да ја затвори границата за миграните

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

Поради неконтролираниот испуст од Грција, земја членка на ЕУ, Македонија деновиве се повеќе се соочува со бегалската река која ита по балканската маршрута кон западноевропските земји пред да се влошат временските услови и пред да се затворат портите на ЕУ. На тој пат кон Унгарија, Австрија и Германија, 6 до 7.000 бегалци дневно транзитираат низ Микаденија.

Унгарија на 15 септември а затвори границата, Австриската војска е испратена на границата за да врши построги гранични проверки поради бегалската река, Германија почнува да воведува контрола на границата за намалување на бегалски бран, предизвикува вистинска трка на мигрантите со времето.

Во обидот што побргу да се преминат граничните премини, да се качат на превозно средство кое ќе ги однесе до следната дестинација, бегалците не водат сметка за својата и туѓата безбедност. Ваквиот однос на мигрантите знае да предизвикува реакција на безбедносните сили, кои за да воведат ред и за да им овозможат безбедносен пролаз на ранливите категории (деца, жени, постари лица, хедикепирани и болни лица) се принудени да употребат соодветни мерки за смирување на вознемирените бегалци.

Но, и покрај хуманоста која ја покажуваат безбедносните сили, особено кон ранливите категории, кога преставниците на армијата, полицијата, здраствените работници, како и други преставници на разни институции, меѓународни и домашни владини и невладини организации, несебично 24 часа се вложуваат за да им помогнат на мигрантите, секоја поинтензивна превземена мерка заради нивна, но и заради безбедност на граѓаните на земјата, поедини известувачи на невладини организации или медиуми (домашни и странски) знаат да ја престават Македонија во негативна конотација.

Која е причината, која е целта на таквото известување?

Ако Македонците се познати по својата хуманост, докажана во неколку наврати (прием и згрижување на бегалци од Албанија, Босна, Косово), тогаш само може да се заклучи, дека ваквите известувања се тенденциозни со цел да се извлече поголема лична корист или корист за оние кои ги плаќаат. Познато е дека негативните приказни лесно се продаваат!

Но, зошто е тоа сега потребно, времето ќе покаже.

Со чест на исклучоци кои професионално си ја обавуваа својата задача, особено соросоидите и нивните медиуми на цел глас кукаат дека бегалците кои транзитираат низ Македонија немаат соодветен третман. Не може еден кренат пендрак и еден полицаец да дава негативна слика за земјата. Но, нив како да не ги интересира имиџот на сопствената земја, која ја валкаат на сите страни, иако таа вложува надчовечки напори, дава повеќе од своите можности и ги вложува сите свои капацитети и средства за да им помогне на мигрантите.

Вакви слики имавме и за време на бегалската криза во 1999 година, кога разноразни типови при посетата на згрижените бегалци во кампот во Стенковец, меѓудругото говореа дека на бегалците треба да им се изградат и тениски игралишта, дека транспортот на албанските бегалците потсеќал на „Шиндлеровата листа“, асоцирајќи притоа на холокаустот на Евреите.

Меѓутоа, соросоидите по последните настани ни збор не кажаа за она што се случува на Унгарската граница, за односот на ЕУ кон мигрантите или пак тоа дека Германија сместува емигранти во концентрациониот логор Бухенвалд, место каде илјадници Евреи и други беа изложени на медицински експерименти и убиени за Време на Втората светска војна. Какво е чуството и која е пораката кон еден мигрант кој избегал од војната во сопствената земја за да биде сместен во бараки каде некогаш биле убиени над 50.000 илјади луѓе!? Хумано зар не!

Додека Македонија речиси сама се справува со мигранската криза, во ЕУ владее разногласие и изостанува соодветен безбедносен одговор. Изостанува и одговорот на НАТО, кој во оваа ситуација кога Европа е зафатена со бегалската криза може да се вклучи со своите ресурси. Можат да се изградат собирни пунктови во земјите членки на ЕУ и НАТО, кои се влезни порти за багалците (Грција, Италија, Унгарија и др.) и кои ќе бидат финансирани од земјите членки, а во кој ќе се регистрираат луѓето кои доаѓаат во Европа и ќе бидат оценувани кој се бегалци и може да добие азил, а кој не се и да бидат вратени назад во сопствена земја.

Македонија во овој момент својот поглед го насочува кон јужната граница, каде се наоѓа прифатниот транзитен центар за бегалците кои доаѓаат од Грција. Но, земјата мора се повеќе да ги следи настаните на север, зошто доколку Унгарија херметички ја затвори границата кон Србија транзитот на бегалците би се прекинал и тие би заглавиле на Балканот, на просторот меѓу Македонија, Србија и Хрватска. Уште повеќе треба да се внимава на Прешевската долина, каде најлесно може да се прекине транзитот на бегалците преку Балканската маршрута доколку дојде до поголеми тензии меѓу Албанците и Србите, за што има и најави.

И во двата случаја, со оглед на однесувањето на Грција, Македонија може да се соочи со илијадници мигранти и да биде приморана да превземе соодветни чекори за да го спречи напливот на бегалци, за што веднаш ќе биде осудена од соросоидите. Тоа го покажува и неодамнешниот пример на погрешната интерпретација на изјавата на министерот за надворешни работи Никола Поповски за можна изградба на комбинирана бариера, која веднаш беше дочекана на нож од ЕУ и соросоидите.

Искуствата од 1999 година укажуваат дека се е можно.

Тогаш Киро Глигоров сакаше да направи коридор и да ги транспоритира Албанците од Косово во Албанија, но таа ги затвори границите за своите сонародници. Македонија мораше да прими 360.000 бегалци, а низ земјата поминаа над 30.000 бегалци кои со авиони беа транспортирани во трети земји.

Замислете што значи 20% од вкупното насление за една мала држава со таква економија како нашата. Точно влегуваа средства преку меѓународните организациии и владата побара контрола но, кај завршија тие?! Македонија тогаш ги отвори своите ресурси и потроши многу средства, но никој не ги покри.

Во Македонија денес нема човек кој не сочуствува со мигрантите и нема човек кој не сака да им помогне. Тоа го прави со сите расположиви средства и од се срце во рамките на своите можности, но, пред се, како сериозна држава мора да размислува и за безбедноста на своето население.

Македонија што поскоро мора да ја затвори границата за мигрантите, како што тоа го прави Бугарија, Унгарија и како што наскоро ќе го направи и Австрија.

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.