Среда, 23 Септември 2015   
Чиста перверзија е вистинското лице на Европа

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Министрите за внатрешни работи на Европската унија со мнозинство гласаа за усвојување на резолуцијата за распределба на 120 илјади бегалци низ земјите на Унијата. Планот треба да биде спроведен во текот на следните две години, а чешкиот министер за внатрешни работи Милан Чованец рече дека Чешка, унгарија, Словачка и Романија гласале против планот,...објави Утрински весник во вторник 22 септември 2015 г.

 „Гласањето со мнозинство, а не едногласно е законски можно, но политички контра продуктивно“ е изјавата на неименуван преставник на Брисел во врска со прифаќањето на доброволна распределба на мигрантите од страна на земјите членки на ЕУ.

Оваа изјава ја покажува целата дволичност на Брисел, особено ако ја поврземе со евроинтеграцијата на Македонија, која за да стане членка на ЕУ е потребна едногласна одлука.

Седумдесет години по завршувањето на Втората светска војна повторно се гледаат библиски сцени на бегалци и мигранти кои бараат сигурно засолниште во Европа. Стотици илјади бегалци и мигранти од Азија и Африка, чии земји се економски разорени или се зафатени со воени дејствија, бегајќи пред бомбите, насилствата, силувањата, сиромаштијата, бараат земја во Европа која ќе им даде сигурно засолниште. Меѓутоа, замјите членки на ЕУ надвор од сите конвенции и протоколи за заштита на бегалците полека ги затвараат своите порти.

Многу европски држави, меѓу кои и Грција зеле средства од европските фондови за да се справат со бегалската криза, но наместо да ја покажат хуманоста и европските вредности, уште при првите пречки, гледаа како да се ослободат од нив. Други пак ги затворија границите, употребувајќи војска, полиција, палки и солзавец за да го спречат влезот на бегалците од земјите кои некогаш биле нивни колонии, чие богатство го црпеле и сеуште го црпат. но и се директни или индеректни виновници за војните и распадот на нивните држави.

Сите постапки најавуваат дека бегалците наскоро ќе заглават на прагот на ЕУ, на Балканот.

Иако неодамна еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека не може да се дозволи земјите од Западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, земјите членки на ЕУ градат железни завеси околу Западен Балкан, распоредуваат војска, се припремаат да земат одредени квоти, а Европската комисија соопшти дека според договорот за реадмисија кој ЕУ го има со Србија, сите земји членки на Унијата можат да ги вратат мигрантите од трети земји кои нема да добијат азил. Никој, во ЕУ не споменува дека мигрантите треба да се вратат во Грција, која како нивна земјата членка прва ги примила и од каде беа насочувани кон Македонија и Србија.

Додека балканските земји од ЕУ очекуваат сеопфатно решение, различните ставови и однесување на земјите членки на Унијата околу ова прашање отвара многу дилеми. Се наметнува прашањето дали Унијата не е подготвена да се справи со мигрантската криза или пак се работи за сценарио со кое поголем дел од бегалците би се задржал во земјите од Западен Балкан, што кај нив драстично би ја променил демографската слика.

Ако Унгарија или било која земја членка на ЕУ започне реадмисија на бегалците и мигрантите кои не добиле азил кон земјите од каде што влегле, односно кон транзитните земји како Србија, тоа може да доведе до превземање на контрамерки од северниот сосед. Индиректно тие би се одразиле и на Македонија која досега успешно се справуваше со мигрантската криза. А доколку Македонија пак се обиде да ги врати овие бегалци кон Грција од каде впрочем дошле, само може да се претпоставува каква би била реакцијата на Атина.

Како што пренесуваат медиумите, Брисел не сака да ги испраќа мигрантите во оние земји  членки каде не се добродојдени. Оттука, европските власти за да го сочуваат единството во Унијата се подготвени на се па дури и да се откажат од идејата за задолжително распоредување на над сто илјади баратели на азил. Наместо мигрантските квоти, на барање на источните земји членки, Унијата сега може да прифати систем на доброволно распоредување на мигрантите.

Но, една ваква одлука дополнително би ги оптовариле Германија и Франција кои би морале да се соочат со многу поголем број на мигранти отколку со задолжителните квоти. Оттука, за да се ублажи таквиот терет, може да се очекува најавата на Брисел во иднина да се оствари и земјите членки да започнат со реадмисија на бегалците кон земјите од Балканот.    

 Во тој контекст, интересна е изјавата на неименуван преставник на Брисел во која за да се прифати идејата за доброволни квоти  се вели дека „гласањето со мнозинство, а не едногласно е законски можно, но политички контра продуктивно“. Оваа изјава го покажува вистинското лице на Европа, дволичноста на Европа, особено кога е во прашање Македонија. Нели, за да стане членка на ЕУ на Македонија и било потребна едногласна одлука на сите земји членки на Унијата.

Но, иако за Македонија единствена пречка е противењето на Грција, сега кога против одлуката за квотите стојат Словачка, Унгарија, Романија и Полска, тогаш за Брисел е можно да се прифати нешто со гласање на мнозинството, а не мора тоа да биде едногласно.

Чиста перверзија е вистинското лице на Европа

ЕУ место да говори за реадмисија кон земјите на Балканот, што би можело да го запали целиот Полуостров, Брисел мора да размислува за делување во кризните региони, зошто  ЕУ не се брани на територијата на Европа, туку во Сирија, Ирак, Либија, Авганистан и другите земји од каде доаѓаат бегалците и мигрантите. Таму треба да се воведе мир и стабилност.

 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.