Среда, 30 Септември 2015   
Чифлигарскиот систем и МРО

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Со постепеното слабеење на османлиската држава во XVII  и XVII век доаѓа до промени и на социјален и на економски план. Империјата чија главна дејност би можело да се каже беше војувањето и освојувањето сега веќе тоа не можеше да го прави, од друга страна пак локалните феудалци титулари на тесаруфот на ерази мирието показуваа се посилни тенденции за отцепување од  централната власт на султанот.

Следствено на оваа ситуација во  османлиската држава беа неизбежни реформи најпрво на воен план а потоа и на економски план бидејќи главно во тој период јаничарски корпуси поради неможноста да одат и да се борат во нови походи, почнаа да прават безредија и самоволија. Затоа најпрво султанот реформатор Махмуд II ќе ја укине јаничарската војска во 1826 година и ќе воведе нов воен систем по западноевропски терк, односно воениот систем низам и једид.

Со донесувањето на Гулханскиот Хатишериф во 1839 година од страна на султанот Абдул Меџит I со кој се гарантирале верските права на поданиците се отворил патот на модернизација на Османлиската Империја за подоцна во 1856 се донесува и Хатихумајунот, односно царското писмо со кој се ветуваат верска и национални рамноправност на сите народности во Турската империја, слобода на вероисповедта и мислењето, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во турската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. 

Со Гулханскиот хатишериф веќе се отворил и патот за поставувањето на новиот економски систем кој требало да го замени стариот и веќе нефункционален тимаро спахиски систем (со воведувањето на новиот воен систем спахиите биле отфрлени) а тоа е чифлигарскиот систем.

Воведувањето на чифлигарскиот систем значело еден чекор понапред на османлиската држава кон капитализмот и кон западните земји. Во суштина некакви поголеми промени не се случиле се замениле само некои членови на закони. Се дозволило ерази мирието (државната земја) да стане ерази мемлекет (приватна земја) и титуларот на тесаруфот да може да го остави на своите насленици. Останатите земјишта ерази мефкуфет (вакафска земја), ерази метруке (јавна земја) и ерази меват (мртви земји) не претрпеле никаква промена во однос на тесаруфот и рекабот (правото на султанот да биде господар на земјата на сите титулари на тесаруфот).

Натуралните ренти останале исти, освен тоа што се укинал харачот, додека пак имало промена и кај закрепостениот селанец, кој сега се групирал во исполничар, ќесимџија и момок (се променила формата но не и суштината, селанецот пак останал експлоатиран).

Токму поради тоа што ситуацијата на селанецот останала иста а ситуацијата на чифлик сајбијата се подобрила значително се случувале и најголемите злостори врз селанецот. Не биле ретки појавите кога бегот посегнувал по честа на жените, на ќерќи и снаите. Важно е и да се спомне дека често пати селанецот бил злоупотребуван со тоа што не му се давал паричниот надомест кој што му следувал по работата ако тоа му било гарантирано со законот за граѓаните односно Меџелето,  кој за тоа време бил еден од похуманизираните закони ама тешко бил спроведуван во пракса.

Од тука во акцјиа стапувал МРО која законот го справедувала на дело, забрането било работниците да работат во празнични денови, забрането било и нивното злоставување кое доколку се случело чести биле примерите кога бегот е убиван или е пален неговиот имот.

Македонската револуционарна организација застанала на страната на селаните па до одредена мера и на страната на официјалниот турски закон кој го забранувал малтретирањето на работниците  поради различниот социјален и верски статус. Дури во една телеграма од леринскиот кадија до Великата порта се вели дека се превземаат секакви мерки за спречување на малтетирањето на работниците од страна на локалните бегови.

Организација се трудела да го минимализира влијанието на пашите и беговите врз селаните и да ги подведе под свое влојание па дури во некои реони успеала на еден начин таа да стане и поголем паша од самиот паша па дури што и османлиските великодостојници, агите и беговите доаѓале во нејзините судови бидејќи османлиските судови биле крајно корупмирани да се судат по одредени прашања.

На македонските селани им било забранувано да одат во османлиските судови а исто така им било и наложено да не премолчуваат за злосторствата на беговите, агите и субашите.

Во суштина МРО се ставила во улога на заштитник на македонскиот народ но од друга страна и на спроведувач на позитивните османлиски закони кои османлиската буржоарзија не сакала да ги спроведе поради своите предрасуди но и поради стравот за промената на својата економска состојба бидејќи селаните им биле основното орудие и нешто што им носело приход.

 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.