Среда, 30 Декември 2015   
Бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Јас сум не 100 проценти, не 1000, туку милион проценти сигурен дека бомбите на Заев се лепени и снимани некаде во големо студио. 

Толку години сум музичар со тапија и снимањето е мој живот. Мој предизвик било и ќе биде, луѓе што не знаат да пеат и имаат слаб и неубедлив глас, да ги направам или направиме како родени од Бога за пеење со полн и продорен глас да ги пукне небарем ѕидовите. Сите ниски, средни и високи фрекфенции со изедначен професионален ефект и спектакуларни завршници ги знаеме на 1001 начин одовде до Месечината и назад.  

Доколку гледате реалити шоу со снимени разговори од Брза Помош, Полиција и Противпожарни повици, со закон регулирани и дозволени разговори на телевизија, ќе приметите дека снимените разговори се снимени така што гласовите се небарем си им ставил штипки на нос на соговорниците, потенки гласови и неизбежни шумови на местата каде се соговорниците и она како глуви кога не сме слушнале нешто па има пауза поголема и она нашето Аааа??? Штооо ? Рецепцијата на моболните никогаш не е константна и добра. 

За разлика од сето ова, кај бомбите на Заев ама баш до една, се слушаат гласови на големо студиско ниво, како да плаќа некој за пеење по 200 евра на саат и гласовите се како за рок пеачи, само без еко ефект. Зборовите се темпирани како швајцарски саат, без застанување и никаков шум од околкината и види чудо, со одлична рецепција. Секој збор е на високо ниво и се одлично се слуша. Со еден збор Македонски Телеком е со 100 пати поквалитетен звук и техника од Америка, Австралија и Европа. И нема она Аааа, Штоооо.... се е кратко јасно и ефектно за мерак. Најитересно е како е крпен зборот ДА. Се додава одма во секунда кога на народот треба да му се даде порака што некој од се срце сака да ја наметне и гледа сеир. 

Ние музичарите имаме многу финти и трикови, но еден заслужува посебно внимание. Ако некој каже здраво на микрофон, го ставаме како семплер или примерок на програм преку клавијатура и после гледајте сеир. Грубо и со фалшови некој ќе испее или изрецитира... и после со клавијатура се дотерува на највисоко ниво, што и Павароти се има чудено што техниката прави. Паралелно со ова, може од два семплери на Заев и Груевски да направиме телевизиски серии со нивните гласови и сите ќе поверувате дека се вистински. Исто така на бомбите се гледа и дека фрекфенциите на гласовите од соговорниците се исечени мајсторски и правилно, така да нема горе долу разлики, се е на исто ниво, направено преку компјутери. 

Ова се само неколку од стотоци финти и трикови што ги имаме ние музичарите под ракав. Ако додадам и дека имам завршено курс за снимање и прислушкување, како и мајстории за додавање и одземање зборови и со еден збор за големи пари да направиш убиец невин, а невиниот да го направиш убиец .... сето ова имајте си го во глава дека не треба да му се верува на никој. Затоа јас се откажав од покварените финти и таа деликатна работа која можеше да ми донесе богатства невидени.

Но чиста ми е совеста, а на СДСМ не им е чиста совеста и затоа така прават. 

Ете, ви објаснив накратко зошто мислам, а и ви тврдам дека бомбите на Заев се лага и не поминуваат ни кај деца од 5 години. Ваше е да одберете што е вистина и најважно од се е да ја сакате и чувате Македонија. Другото само по себе ќе си дојде. Мир, разум и вечна Македонија.

 

 

На прво место

News image

Прилеп не сака бегалци

Предавникот на македонските национални интереси, аболицираниот лидер на СДСМ и воедно актуелен преме...

Историја

News image

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ - 1900 година

Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј”, или Солунската бугарска машка гимназија...

Иселеници

News image

Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз (4)

Големиот број манифестации се одржуваат по различни поводи...

Култура и туризам

News image

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ: Бисери на мудроста

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Прек...

Фељтон

News image

Душан Ристевски – македонски поет и драматург во Австралија (4)

Душан Ристевски  е познато име,  поет, драматург и афирматор на Македонц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.