|
|
| Конзорциум кој на Општина Новаци и донесе над 300.000 евра |
|
НВО СЕМАК, Група за рурален развој и консултанти за ЕУ интеграции, поддржани од буџетот на општината Новаци и од Владата на РМ донесоа видливи резултати Помина една календарска година откако конзорциумот составен од Невладина Организација СЕМАК, Општината Новаци и бизнис секторот од оваа Општина функционираат како успешен конзорциум, кој донесе и видливи резултати. Тимската работа и експертскиот пристап, овозможија да се исполнат предвидените цели и да се влијае директно врз развојот на една рурална Општина, која само до пред неколку години беше само територија на која речиси вегетираа нејзините жители. ЗГ СЕМАК со својот тим аплицираше до Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија, каде беше поддржан проектот Инфо Банка Новаци, а Општината Новаци ги ко-финансираше сретдствата и ја доби максимално поддршката и ангажманите од невладината организација со нејзино комплетно посветување кон привлекување на странски донации за Општината. Со овие средства беа покриени платите за консултантите и едукаторите, техничкото опремување на невладината организација и некои режиски трошоци. Општина Новаци обезбеди канцелариски простор и опрема во склоп на Општинската зграда. Како уште еден корисник во овој конзорциум се најде и Општина Могила која во делот за меѓуопштинска соработка ги користи бенефитетите и услугите од консултанот. Во текот на календарската 2009. година беа аплицирани 10тина апликации до Европските фондови и странски и домашни донации, од кои повекето се остваруваат. Изготвена е Под-стратегија за рурален развој на Општина Новаци 2010- 2014, Изработено ЦД фото-слајд ,,Мариово без коментар“, тековно се работи на подготовка на прирачник и водич во Мариово, кој ќе биде и репрезентативен материјал за инвеститори во рурален туризам, за кое сеуште немаме донатор и се изготвуваат материјалите волонтерски. Се имплементира одобрен проект од УНДП Техничка помош за Меѓуопштинска Соработка, преку кој Новаци и Могила ќе добијат 4 опремени канцеларии со вземен поврзувачки софтвер за Одделение за Урбанизам и просторно планирање и Одделение за даноци и такси, што ќе претставуваат основа за брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и ажурирање на нови податоци од терен, што обезбедува комплетна слика и бази на податоци во општините. Овој проект е тежок 1.200.000 денари. Прокетот кој е одобрен од Швајцарската Агенција за развој е тежок 6.000.000 денари со кофинансирање од двете општини од уште 2.000.000 денари. Во фаза на опремување се две Јавни комунални претпријатија во Општините каде проблемот собирање на смет до овој момент нема решение. Од Бирото за одржлив и рамномерен развој во програмата за рурални општини се одобрени средства од околу 2.000.000 денари и од оваа донација ќе се изведуваат локални улици во 5 села во Општина Новаци. Оваа година 2010 започна со уште еден одобрен проект од Програмата Европа за Граѓаните кој има тежина од 9.000.000 денари, преку кој ќе се изготви регионален прирачник и стратегија за развој од искуствата на руралните општини во Бугарија и Грција до Албанија и Македонија за развој во регионот во руралните средини, а сите граѓани овој настан ќе имаат можност да го следат на интернет каде искуствата и средбите ќе бидат достапни во наредните две години. Здружението на Граѓани СЕМАК од неодамна ги исполни и условите и е запишано во регистарот на Здруженија на Граѓани во Министерството за Труд и Социјална политика на РМ, и стартува со формирање на пилот центар за делегирана надлежност од 9те Општини во Пелагонискиот регион, со што ќе им помага на Општините во социјалната сфера. Ова е само уште една успешна приказна за добар тим. ![]() Клаудија Лутовска |















