Вторник, 10 Јануари 2017   
ПАТРИОТСКИ ГРЕШКИ ВО ЧЕКОРИ

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

2001 година CNN инсталира студио во Македонија, во хотелот “Александар Палас“. Актуелна беше војната и блокадата на граничниот премин Блаце што ја организираа Светскиот Македонски Конгрес и насилно прогонетите Македонци од кризните региони, со цел да се сврти вниманието на светот, дека жртви на класично етничко чистење со елементи на геноцид во војната не се Албанците туку Македонците. Присетете се на затворањето на вентилите на водата за пиење во Куманово на Липковската брана. Или на затворањето на каптажите во многу села, Македонците да останат без вода за пиење, по вода да ги напуштат домовите.

Ме поканија во студиото на CNN во хотелот “Аександар Палас“, директно во програма, да разговараме зошто е блокиран граничниот премин Блаце меѓу Македонија и Косово. За информација, Американците на Блаце ја помогнаа изградбата на терминал за товарни возила, бидејќи целиот увоз и извоз за Косово се одвиваше, не преку Србија, Црна Гора или Албанија, туку преку Македонија. Оттука се снабдуваше и американскиот контингент во составот на НАТО на Косово.

Пред да влезам во студиото на CNN во хотелот “Александар Палас“ ми пријде некој од екипата на оваа телевизиска куќа, ме праша “Што сте вие?!“ Му одговорив “Јас сум Македонец!“ Реакцијата на вџашениот Американец беше “Националист?!“ Веднаш му возратив “Вие Турчин сте?!“ Ми одговори “Не, јас сум Американец!“ Во истиот стил и јас му вратив “Ооооо, расист?!“ Ме изгледа Американецот изненадувачки и си замина без коментар...

Поентата ми беше, јас Македонец, одма етикета националист! Тој Американец, демократ! Е каде е тука правото и правдата?!

Значи, така функционира американската демократија... Тие демократи оти биле Американци, а нам гревот затоа што сме Македонци, националисти.

Како и да е, национализмот е политичка идеологија за нацијата. Еенциклопедиите велат дека национализмот е политичка идеологија која се појавила во Европа во XIX век како општествено-политичко и културно движење на граѓанските класи кои што се бореле за будење на националната свест, за заштита на националните права и за создавање на национална држава!

Не зборуваме за шовинизмот како идеолошки и политички израз на затворањето, самодоволноста и култот на сопствената нација, со потценување на правата и вредностите на другите нации.

Во Југославија бевме Југословени, во Македонија не чипуваат граѓани... А, сите од поранешна СФРЈ си останаа Словенци, Хрвати, Бошњаци, Црногорци, Албанци, Срби... Ми Срби, ви људи...

Никогаш да не заборавиме: Не постојат во светот анационални држави! Националните држави се основата на светскиот поредок! Истовремено, националното не е антипод на граѓанското, ниту граѓанското е антипод на националното, тие се комплементарни. Грѓанинот не е супститут за нацијата! Грѓанин е само правен однос меѓу поединецот и државата, која пред се’ и над се’ е национална, и ништо повеќе од тоа! Друго е прашањето каков е квантитетот и квалитетот на правата и слободите за да ги детерминираме државите во демократски или недемократски, помалку или повеќе демократски. Сите држави во светот се национални, бидејќи во нивната основа е нацијата! Затоа и партиите, кои се основа на политичкиот систем, во национални држави не може да бидат ништо друго освен национални. Пред се’ и над се’, треба да бидат патриотски, затоа што не би требало да се предавнички и антинационални, како марионети на туѓи и други за свои интереси и сфери на влијание во нивните држави и на нивните територии.

Каде е системската грешка во СДСМ?

За СДСМ, поаѓаме од интервјуто на Зоран Заев од 7 јуни 2013 година на ТВ АЛСАТ: “Се обидовме неколкупати да играме на политики на патриотизмот, како партија на која не и’ приличи таква политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса секако во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да глумиме патриоти. Ние сме државотворна партија. Ние сме партијата што беше пример за мултиетничкиот соживот. Играјќи на патриотски варијанти, ќе ги набројам неколку Законот за бранителите, Струга, Кичево.... не ни приличат нам социјалдемократите" - изјави Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=9yslEZd1qv8

Демек, според Зоран Заев, СДСМ е државотворна, ама не и патриотска партија, што е небулоза! Меѓутоа, безгранична плиткоумност. Индоктринацијата и инсталациите од Сорос си го направија своето во креациите за Доктор Џекил и господин Хајд.

Каде е системската грешка во ВМРО-ДПМНЕ?

Патриотизмот на Македонците во целиот свет, љубовта за држава Македонија, го создаде ВМРО-ДПМНЕ наспроти комунистичката партија на Македонија која индоктринираше со вековниот интернационализам на комунизмот во кој треба да изумрат државите, верите, нациите, народите, границите...

Партиотите се родољуби. Може ли да ги сакате останатите ако не ги сакате своите? Никако! Тој што ги љуби своите, може да ги љуби и другите. Ама тој што ги мрази своите, никако не може да ги засака останатите!

Во ВМРО-ДПМНЕ дојдоа млди, нова генерација, кои сакајќи да го симнат обвинувањето од странците, дека се националисти и националистичка партија, како Господ да знае колку е тоа лошо, се покажаа многу фини и мазни, и во сервилноста кон разно-разни меѓународни мешетари им удрија клоца на сите постари патриоти од партијата, демек тие националистите им го рушат ним имиџот на фините. На тој начин, тие што ја создадоа партијата останаа на улица, отфрлени, револуцијата ги изеде своите деца. Но, фините и мазните, ја ослабеа идеолошки партијата и ВМРО го разводени патриотизмот, ентузијазмот, жарта во борбата за Македонија, стана механицистичка, технократска, административна, процедурална партија. Така свеста за државноста не се гради. Вие може и во Америка да јадете со златни лажици, ама ако ја нема Македонија, без неа се’ ви е џабе. А, Македонија се љуби, Македонија се гради со срце и душа!

Не е грев да си Македонец, националист, патриот, родољуб, да се бориш за Македонија, да ја браниш родината, да ја одбраниш татковината! Така ќе те ценат, така ќе те сакаат и друтите во светот! Како Македонци може да се тркате со сите, ама како граѓани безимени, со никого, во ниту еден свет, земен или вонземен!

И за крај, “Дојдете кој од каде Варвари“ од Петре М.Андреевски...

Дојдете кој од каде Варвари ... кренете го повисоко сонцето ... и кажете му да не заоѓа ... дури е со нас, дури е над нас... оти ние сме постари од него.

Земете си ја само омразата ... кон своите родители и роднини ... земете го и гревот и гневот ... и запалете ги куќите и амбарите ... стоговите сено и посевите ... и водата и солта во солзите ... нека пиштат и змиите и ѕверовите ... камењата, птиците и металите ... и тревата- нашата прва постела.

И од плачот нека се урне небото ... нека врне пепел и живожарица ... на се онаму од оние онде ... Нека остане само сонцето ... да се чуди на што да угрее!

Дојдете кој од каде како ... кое како кој и кој од каде било ... да им покажеме таму ними ... таму сега и за таму тогаш ... оти ние сме се уште Варвари ... а нам само смртта ни прилега.

Не е срамно ако умреме до еден ... но голем срам е, ести голем ... ако останеме без нашето име ... од кое уште се плашат ко од чума.

А без име, векутуми, а без него ... и гробовите ќе ни бидат празни.

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.