Среда, 08 Март 2017   
ЗА „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Опасноста не е измината и македонскиот народ мора да се сплоти и масовно да се мобилизира за да го спречи сценариото за разнебитување на Македонија. Мора да се каже стоп за албанската платформа напишана во Тирана што води кон создавањето на Голема Албанија, што е вовед во регионален, но и глобален судир.

Специфичната геополитичка положба на Македонија, континурано го привлекува вниманието на големите сили, кои имаат интерес за овој простор. Иако се залага за праведни односи и мир во меѓународната заедница, од своето осамостојување земјата на Македонците постојано е изложена на притисоци, уцени, закани и блокади, што може да се види од обемот и содржината на досегашната странска пропаганда, која се движи од јавна подршка на суверенитет па се до обиди да се прикаже во негативно светло и оспори правото на постоење на македонскиот народ и држава.

Во услови на изразито влошена меѓународна ситуација, во последните две години спорот меѓу големите сили се повеќе се пренесува на Балканот. Во овој спор на големите сили Македонија се најде на линија на огнот, поради што е изложена на невидена пропаганда, која треба да ја наклони на едната или другата страна. Во последно време постојано се појавуваат статии за прекројување на границите по етнички принцип.

Меѓутоа, пропагандата која се води за контрола на земјата која е главна крстосница која ја спојува Средна Европа со блискиот Исток предизвика многу сложени внатрешни тензии и проблеми, како и поинаква положба на Македонија.

Иако изминаа повеќе од два месеци, поради надворешно мешање на центрите на моќ, кои постизборно ја подметнаа и албанската платформа од Тирана, Македонија е сеуште без Влада, со нарушени меѓусебни и меѓуетнички односи, што го зголемува ризикот по безбедноста и опстанокот на земјата. Поранешните коалициони партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, поради платформата од Тирана не формираа влада, но затоа пак лидерот на СДСМ Зоран Заев, само за да дојде на власт е спремен да прифати двојазичност на целата територија на земјата, која недвојбено води кон федерализација и поделба на земјата.

За среќа, неговата намера беше спречена од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој покажа храброст и решителност да се спротивстави на секаков надворешен и внатрешем притисок. Но, повикот кој што беше испратен од преставниците на ЕУ и НАТО до македонскиот претседател за да го додели мандатот на Заев, кој е помогнат од Албанците и Соросови структури, преставува не само надворешно мешање, туку и знак на нервоза на овие структури. Всушност тие сакаат по секоја цена што побргу да се формира антимакедонска власт која со промена на името или поделба на земјата би им овозможиле да го контролираат овој дел од Балканот.

Овие структури кои се остатоци на поранешниот американски претседател Обама, пред да се етаблира новата администрација на Трамп, која има други идеи за НАТО и односот кон Европа, за да ги зачуваат своите позиции и лични интереси, не водат сметка дали тука ќе се лее македонска крв или дали меѓуетничките ќе прераснат во регионален или глобален судир.

На сценариото за разнебитување на земјата се спротивставија не само балканските држави, Србија, Бугарија и Грција туку и Русија чие Министерство за надворешни работи излезе со сопштение.

Констатирајќи дека политичката криза во земјата е испровоцирана од надворешно влијание во внатрешните работи на земјата, во соопшетнието Русија ќе посочи дека „врз Македонија, со активна помош на лидерите на НАТО се врши огромен притисок и обид да се наметне т.н. „Албанска платформа” договорена во Тирана и потпишана во канцеларијата на Албанскиот премиер, со која се поткрепуваат плановите за т.н. Голема Албанија, со која се полага право врз голем дел од териториите на соседна Црна Гора, Србија, Македонија и Грција..“

Всушност, Албанците се гарант за интересите на остатоците на администрацијата на Обама и Сорос, но и маша за спроведување на нивните лични интереси на овој дел од Балканот. Сепак, платформата од Тирана, која е дел од специјалната војна која требаше да изнуди определени отстапки, наместо страв и попуштање, предизвика гнев кај обичниот граѓанин на Македонија, но и за странците неочекуван одговор на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој застана во одбрана на унитарноста на земјата и одби да го даде мандатот на Зоран Заев.

Во услови кога челните луѓе на Албанија и Косово, со поддршка на ЕУ и НАТО, повикуваат Иванов да ја преиспита својата одлука, а ако не Албанците во Македонија да ја преземат судбината во свои раце, македонскиот народ се спротивстави на заканите за уништување на државноста и самостојноста на Македонија. Покажувајќи огромна храброст, без разлика на етничката и верската припадност, народот масовно излезе на улица укажувајќи им на центрите на моќ дека и македонскиот народ има црвени линии и дека по секоја цена ќе се бори за зачувување на унитарноста на земјата, името и идентитетот.

Во овие услови внатрешните соработници на центрите на моќ, по сите удари што ги претрпеа и трпат, се обидуваат да заземат определени позиции, а одделните антидржавни акции се прикриваат со борба за демократија и човекови права. Меѓутоа, тие се сами и не е толку опасни, зошто нивната сила и влијание во споредба со фактичката сила на македонскиот народ и другите етнички заедници и не може да бидат опасни како потпор на надворешните противници на Македонија.

Сепак, опасноста не е измината и македонскиот народ мора уште повеќе да се мобилизира, мора да се сплоти и со масовни протести да го спречи сценариото за разнебитување на македонскиот народ и држава.

Но исто така треба да се спречи прифаќањето на албанската платформа од опозицијата што значи создавање на Голема Албанија, а тоа би било вовед во регионален, но и глобален судир.

Македонскиот народ има единствена шанса, историска можност со одбрана на својата земја да го одбрани мирот на Балканот и во Европа.

Затоа Македонци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други, масовно на протести ЗА „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

 

Историја

News image

Грција напаѓа без аргументи

Грчкото министерство за надворешни работи во пресрет на средбата во Њујорк помеѓу Министерот за надв...

Иселеници

News image

Сто години од Илинденското востание (4)

Втори август е запишан со крупни позлатени букви во календ...

Култура и туризам

News image

Голем Кораб

До планината Кораб која е во состав на националниот парк Маврово (315 KB) се стигнува по западната м...

Фељтон

News image

Александар Македонски (1)

Денес, ние Македонците, правдолјубивите научници и реалниот свет сме сведоци на тоа ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.