Среда, 15 Март 2017   
СЕ ГОРДЕАМ СО ВАКВИ МАКЕДОНЦИ И ГОСПОД НЕКА ИМ ПОМАГА И ДА ИМ СЕ НАЈДЕ СЕКОГАШ ПРИ РАКА

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Борис Дамовски е мој школски другар од Гимназијата Никола Карев во Скопје. Иста генерација 59 кога матуриравме во 1978. Во оваа генерација има познати имиња како Слободан Томиќ од 4-4 заедно со глумицата Силвија Јовановска, од 4-5 беше новинарот Марјан Велевски, во 4-3 беше Зоран Азманов, јас бев во 4-2 и се разбира Борис во 4-1. Да не замери некој ако сум го испуштил. 

Моето другарување со Борис секогаш било ненаметливо и долги разговори со сите теми од светот, политика, предвидување иднина и што ти не. Неговото размислување и искуство било секогаш на преголемо ниво и имаме доста учено од неговите идеи и размислувања. 

Едно време знам дека отиде на студии режија во Америка и последен пат се видовме на гитаријадата во Охрид, каде јас со мојата позната група Пеницилин ја свиревме Цимер, дек си бе цимер, тогашното жири не даваше да свириме познати хитови, но знаејќи дека е тоа наш последен настап, не ни беше гајле. Свиревме нова песна - Стани Гоце да ја видиш сега Македонија... и сето тоа имаше подршка од Борис Дамовски кој ни даваше во тие моменти тотална подршка и нема никогаш да му го заборавам тоа. 

Борис Дамовски е организатор на протестите ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, заедно со Богдан Илиевски и се надевам дека ќе се запознам и со него и ќе пишувам исто така за него. 

Јас верувам во овој тим, специјално во Борис и го замолувам Македонскиот народ да ги следат до крај. Моја желба е Борис да биде Председател на Македонија после Ѓорѓе Иванов одкога ќе му истечат сите законски времиња. Со такви како Борис, се разбира и Богдан, Македонија може мирно да спие и да оди напред без калкулација на политичари и Партии.  

Да живее Македонија и нека водството на Борис Дамовски и Богдан Илиевски допринесе Македонскиот народ секогаш да ја кажува вистината и непокорот на нашите предци. 

УШТЕ ЕДНАШ, СЕ ГОРДЕАМ СО ВАКВИ МАКЕДОНЦИ И ГОСПОД НЕКА ИМ ПОМАГА  И ДА ИМ СЕ НАЈДЕ СЕКОГАШ ПРИ РАКА.

 

 

На прво место

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЊУ ЏЕРСИ ЈА ОТФРЛИЈА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА “ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЊУ ЏЕРСИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЊУ ЏЕРСИ ЈА ОТФРЛИЈА ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА “ТИРАНСКА ПЛАТ...

Историја

News image

Алхемиската свадба во Овче Поле – како на небото, така и на земјата

Митотопонимот Овче Поле од памтивек обзнанувал дека на небото има само еден господар, што е потврден...

Иселеници

News image

Отворено писмо до сите МАКЕДОНЦИ и другите жители на МАКЕДОНИЈА

Нашата родина Македонија е јаболко, од кое секој без праша...

Култура и туризам

News image

Трите века (3)

Настаните во овој роман – хроника се вистинити. Имињата, исто така. Со ова, во името на вистината, с...

Фељтон

News image

Објавени трудови во чест на просветителите Кирил и Методиј (19)

Делегациите имаа повеќе приеми кај официјални црковни и државни функционери и насе...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.