Среда, 15 Март 2017   
Мирот и човечките животи немаат цена

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Европската унија досега даде огромни пари на граѓанските организации за градње на доверба меѓу заедниците и воведување мерки за инклузија и меѓуетничка соработка. Меѓутоа, истата ЕУ бара во идната влада да бидат оние кои ја прифатиле платформата од Тирана со која се доведува во прашање унитарноста на земјата и мултиетничкиот соживот.

Тоа го покажува лицемерието на Брисел.Слично лицемерие покажува и НАТО.

Впрочем тие велат дека проектираат стабилност на Балканот, а всушност со поддршката на оние кои ја прифаќаат платформата од Тирана создаваат криза. Лицемерие потребно да го оправда своето присуство на Полуостровот, се со цел да се извлечат што е можно повеќе пари од даночниците на нивните членки.

И покрај барањето од ЕУ, НАТО и другите центри на моќ да ја осудат албанската платформа од Тирана, од таму ни глас и трага. Сето ова ги охрабрува соседите кои отворено ги покажуваат своите територијални аспирации кон Македонија.

Покрај многуте закани, албанската пратеничка Месила Дода негирајќи го постоењето на Македонците и македонската држава јавно агитира за формирање за Голема Албанија.

Во својот говор за Македонија таа ќе изјави дека „таа покраина за некои е ФИРОМ, а за нас е Илирида“ и притоа ќе каже дека „Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност...“

Албанците повторно се закануваат со оружје.

Албанската парламентарка уште вели дека „Албанците од УЧК на Шара се изјасниле дека по секоја цена ќе ја бранат Илирида“, а таа им порачала дека „не се сами, Албанија е со нив!“. Во овој период Косово по секоја цена бара Косовскиот заштитен корпус (КЗК) да се трансформира во армија.

Повикувањето на албанската пратеничка Месила Дода на сеалбанско востание во Македонија, која ја нарече Илирида, преставува опасна правокација, која може да го запали целиот регион. Тоа го овозможи лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој за да дојде на власт ја свитка кичмата ја прифати албанската платформа, но и ја отвори пандорината кутија.

Македонскиот народ е на нозе. Секојдневно мирно протестира низ повеќе градови во земјата, порачувајќи дека ако треба „кој душман ќе влезе, жив нема да излезе“.

Покрај Македонците и другите балкански народи се вознемирени од новото звечкање на Албанците со оружје. Поради тоа, соседите забрзано се вооружуваат. Тие порачуваат дека секој обид за воспоставување на Голема Албанија ќе има големи реперкурсии по Албанија и Косово. Едноставно, во овој случај нивните патрони кои се соочуваат со свои внатрешни проблеми нема да можат да ги заштитат при евентуален конфликт со соседите.

Дури нема ни потреба за интервенција, бидејќи албанската држава е на пат да се рападне.

Всушност самата албанска платформа, воинствените изјави кои доаѓаат од Тирана и Приштина се обиди да се сврти вниманието од внатрешните општествено-економски проблеми со кои се соочуваат Албанците во Албанија и Косово.

Албанските политичари со помош на старите структури на ЦИА сакаат да ги жртвуваат македонските Албанци кои ги туркаат во меѓуетнички конфликт со Македонците.

Преку ноќ се заборава на соживотот, а се креваат тензии за да постоечките криминални групи етаблирани во власта во Албанија и Косово ги зачуваат своите позиции. Но. исто така и последен обид да се спасат интересите на Клинтонови, Весли Кларк и други соработници на Косово и во регионот.

Интересно е што поради идејата за Голема Албанија, односите на Тоските и Гегите во Албанија се се повеќе напнати. Разликите меѓу нив, како и незадовлството на речиси една половина неалбанско население (Грци, Срби, Македонци, Власи, Црногорци, Роми и др.), кога тогаш ќе ја доведат Албанија во распад (еден, два или три дела).

За разлиа од нив, и покрај сите напади од внатре и надвор, македонскиот народ и македонскиот претседател успешно се справуваат со наметнатата игра. Освен Зоран Заев кој ја искрши кичмата, како и челниците на албанските партии, најголемиот дел од македонскиот народ и другите припадници на етничките заедницим верувајќи во соживот, цврсто застанаа во одбрана на својата земја. Нив, не ги плашат ни уцените, ниту заканите, зошто немаат резервна татковина.

Македонскиот народ е мирољубив, но кога е во прашање држават, и по највисоката цена тој ќе ја брани унитарноста на земјата, името, идентитетот.

Отука и повикот до сите кои ја прифатиле платформата од Тирана, а кои сметаат дека иднината на Македонија треба да ја градат во нашата држава, без разлика на политичка и етничка припадност, треба истата да ја отфрлат и да се откажат од посредништво од други држави, бидејќи Македонија е способна самата да си ја изгради својата подобра иднина.

Сепак, мирот и човечките животи немаат цена, затоа сите заеднички сега за сега гандиевски да ја одбраниме нашата земја Македонија.

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ!

18 април 2017 година, Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија - Во организација на Светскиот Македонски К...

Историја

News image

Последно писмо на гемиџијата Јордан Попјорданов - Орце испратено до неговата Кате- 1903 година

Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја д...

Иселеници

News image

Тодор Радевски

Тодор Радевски (? - 23.03.2016), познат како Тоде или Тодо...

Култура и туризам

News image

Село Лазоровци – Кичевско, репортажа на Влатко Билески

Селото Лазоровци лежи северо-источно од Кичево: од запад се допира со котлинското дно, а од исток со...

Фељтон

News image

За делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил философ во Рим“ (23)

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската правосла...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.