Среда, 15 Март 2017   
Албанската нација вештачки е создадена за потребите на Австро-Унгарија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Долго време “Албанците“ се обидуваат да докажат дека се автохтон народ на Балканот и дека потекнуваат од Илирите, чија територија ја преставуваат на мапата на Голема Албанија. Според нивната историја, Македонците, Србите, Црногорците и Грците се окупатори на нивната територија. Меѓутоа, сите истражувања го негираат нивното тврдење и укажуваат дека албанската нација била формирана за потребите на Австро-Унгарија.

Појавата на албанската платформа од Тирана, чија позадина е формирање Голема Албанија, се повеќе го привлекува вниманието на околните држави бидејќи има тенденции да го запали целиот регион. Со оглед дека таа влече корени во минатото, се зголемува интересот за еден обемен историски труд под наслов "Влијанието на Австро-Унгарија во создавањето на албанската нација (1896-1908)", кој се базира на проучени документи од Царскиот архив во Виена.

Имено, како што објавуваат бугарските и српските медиуми, во 2008 година на шпански јазик бил објавен докторат на починатата бугарска историчарка Теодора Толева (1968-2011), под оригиналниот наслов "Lа influencia del Imperio Austro-Hungaro en la construccion nacional Albanese (1896-1908)", во кој таа дава свое видување на потеклото и развојот на албанскиот народ кон крајот на 19-тиот и 20-тиот век. Нејзината работа постхумно ја објавува бугарската издавачка куќа Siela, а во декември 2013 година била објавена и со германски превод со наслов "Der Einfluss Österreich-Ungarns auf die Bildung der albanischen Nation 1896-1908".

Книгата ги открива проектите на австроунгарската империја од крајот на XIX век и почетокот на дваесеттиот век на Балканот и стремежот на најслабиот учесник во Светата алијанса и подоцна и во Сојузот на тројцата императори - да создаде и зацврсти една нова албанска нација на Балканот, односно и причините кои доведоа до создавање на самостојна албанска држава во текот на Балканските војни (како дел од виенската империјална политика на Балканот).

Инаку, Теодора Толева била вреден истражувач со професионални високи стандарди и вонсериски полиглот, која зборувала шпански, португалски, француски, италијански, руски, англиски и германски. Во 2006 година таа го привлекла вниманието на јавноста со делото "Надворешната политика на Тјула Андрашиј и македонското прашање".

Во модерната историја обично се подразбира дека албанскиот народ постоел и пред 19 век, а за тоа зборуваат делата на албанолозите Питер Бартл, Ханс Дитер Сандер и други. Меѓутоа, во потрага по документи за македонското прашање, Толева наишла на документи со кои се менува мислењето за албанскиот народ.

Всушност, тезата на Толева е дека Виена направила се за да се хомогенизираат различните албански племиња и кланови, кои во втората половина на 19 век, немале развиена национална свест, но дека тие биле аморфни и расцепкани. Виенската дипломатија активно помагала да се создаде единствен литературен албански јазик, издавање на албански националистички публикации и развојот на новинарството и образованието. Мотивите на Австро-Унгарија се спречување на влијанието на конкурентна Србија и Италија, а индиректно, преку спречување на Србите, спречување ширење на Русите кон Медитеранот.

Во 1999 година Толева прв пат влегува во Виенската царска архива за да собере податоци од архивските документи за македонското прашање.

Во потрага по овие документи, еден ден сосема случајно во една од фиоките на архивот открива никогаш не објавен меморандум за четири тајни конференции што се одржале во Виенскиот двор во 1896 година, по повод планирањето да се создаде тогаш непостоечката албанска нација. Инаку, овие состаноци се споменати во документот "Die Albanienpolitik Österreich-Ungarns un italiens 1877-1908 de Hans Dieter Schanderl" од 1971 година, што го наведува Толева во фуснота 28, страна на бугарското издание.

Како и да е, Виена морала да превземе конкретни чекори во креирањето на албанската национална свест, бидејќи масата на раскараните албански племиња биле необединети и јазички и верски, немала стандардизирано писмо, имале само неколку училишта, немале литература, немале печат. Со еден збор, тие немале никаков личен идентитет, ниту пак се стремеле да го создадат.

Меѓутоа, видливо е дека има малку веродостојни податоци за минатото на Албанците.

Нема ни посебни траги во митологијата и фолклорот. Тие не можат да го дадат правиот одговор. Освен тоа, со територијата на Албанија владееле Македонците, Римјаните, Византија, Србите, Турците.

Единствено лингвистиката може да даде некаков одговор. А според неа, од современите јазици албанскиот е најблизок со ерменскиот. Така, колку и да се сака преку лингвистиката да се докаже поврзаноста на денешните Албанци со древните Илири, доказите не се доволни да ја заштитат таа теорија. Затоа особено германските историчари работат на фалсификување на историјата.

Меѓутоа, тезата дека Албанците имаат илирско потекло, која ја промовираат најчесто албанските историчари држејќи за лингвистичката теорија, никогаш не била потврдена. Причината зошто се држат до тезата дека имаат илирско потекло е едноставна. Тие сакаат да истакнат дека имаат природно право на територијата на која некогаш живееле Илирите.

Книгата на Толева дава темелна слика на состојбата на албанското општество за периодот од Берлинскиот конгрес до Балканските војни, имено за процесите на развој и консолидација на националната свест кај Албанците, како и факторите кои доведоа до забавување во споредба со другите балкански народи. Таа дава одговор и на прашањето зошто националниот херој на земјата е Скендербег, а националниот симбол - двоглавиот орел. Оттука, Албанците не можат да се повикаат дека имаат екслузивно право на земјата која ја населуваат.

Денес се повторува историјата. Албанската платформа од Тирана е последниот обид преку кој се сака да се спроведе создавањето на Голема Албанија според проектите на центрите на моќ. Исто како и во минатото има иста цел да ја спречи Русија да го прошири своето влијание на Балканот.

Меѓутоа, таква една деструктивна платформа за балканските народи лесно може да сврти против нејзините креатори, а државата која е вештачки создадена за потребите на Австро-Унгарија да исчезне од картата на Европа.Така Зијадин Села и негови другари барајќи рогови, можат да ги изгубат и ушите.

 

На прво место

News image

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што...

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.