Среда, 12 Април 2017   
Го нарушија мирниот сон на заспаниот македонски лав

svekrva-nova
Свекрва

Македонија треба да размислува за против мерки меѓу кои и дури и да го повлече признавањето на Косово!

По повеќе од две и пол децении од распадот на Југославија, на Балканот постојат повеќе замрзнати конфликти, кои можат во одреден момент да ескалираат.

Меѓу нив се: спорот меѓу Словенија и Хрватска околу Пиранскиот залив; спор меѓу Србија и Хрватска околу Вуковар; обид на Република Српска да се отцепи од БиХ и обедини со Србија; барње Херцег Босна да се припои кон Хрватска; спор на Хрватска и Црна Гора околу Превлака; барање на српските општини од Северно Косово да се припојат кон Србија; барање на Албанците од јужна Србија да се припојат кон Косово.

Според експертите најопасна точка е Македонија.

Се повеќе се говори за федерализација на постоечките држави и се бара ново прекројување на границите на Балканот. Аналитичарите ја споредуваат сегашната состојба со онаа пред Балканските (1912) и Првата светска војна (1914), а како решение да се избегнат пошироки вооружени конфликти нудат размена на територии. Така на пример Србија би требало да ја остапи Јужна Србија за да го добие српските општини од Северно Косово.

Овие аналитичари како најопасна точка на Балканот ја посочуваат Македонија. Се смета дека Тиранската платформа фактички преставува обид за федерализација и албанизација на земјата би било крај на Македонија како суверена и славјанска земја на Балканот. Сето тоа ги зголемува тензиите и можноста за конфликт меѓу Македонците и Албанците.

Ако се има во предвид дека голем дел од овие аналитичари се поранешни агенти кои активно учествувале во распадот на Југославија, тогаш јасно е дека и денес заедно со одметнатите структури на странските служби (ЦИА) продолжуваат во сенка на државните структури за сметка на светската олигархија и нивната визија за нов светски поредок да спроведуваат одредени агенди за Балканот во која Македонија треба да биде монета за подкусурување.

Тиранската платформа се појави на Божиќ, непосредно по доаѓањето на директорот на ЦИА пред заминување во Тирана.  На сите им стана јасно поврзаноста на неговото доаѓање и појавата на платформата. Но, исто така на сите им е јасно дека ЦИА, која е одговорна за промени на власта во разни земји и за нејзината поврзаност со низа терористички акции  низ целиот свет, не работи во име на американскиот народ или во негов интерес, туку за одредени структури кои од сенка сакаат да владеат со светот.

Тоа се тие структури кои го потикнаа белоглавиот албански стрвинар од високите планински литици и домашните македонски хиени (скриени во дувлото на СДСМ) да извршат атак врз државноста на Македонија, сметајќи дека македонскиот лав е на изумирање.  Но, направија стратешка грешка бидејќи, наместо да наидат на мрша, тие само го нарушија мирниот сон на заспаниот македонски лав.  

Со албанската платформа од Тирана, орлите наместо да се гостат со „мршата“, го разбудија лавот, ја разбудија неговата група и сега станаа ловина не само на македонските лавови, туку и на сите други на кој им го нарушија мирот.

Едноставно Европа повеќе на гледа на прашањето на Балканот како што гледаше пред 10 години. Таа е свесна за улогата на Албанците кои го поддржуваат џихадот и дека ги наооружуваат терористите, од чие оружје гинат и државјаните на ЕУ.   Затоа последно време се повеќе западни политичари го менуваат односот кон Албанците. Некои од нив веќе јавно се закануваат дека ќе го повлечат признавањето на Косово.

Албанските белоглави стрвинари и домашните хиени иако се обидуваат да покажат сила и самоувереност, тие всушност се во паника. Тие многу добро знаат што значи ако уапсениот Рамуш Харадинај сеуште се наоѓа уапсен во Фрнација, ако САД и НАТО не дозволуваат орлите на КЗК да станат регуларна војска на Косово и не смеат да „полетаат кон Македонија“.

Сепак во тој страв, во таа паника, во кој ги втурна ЦИА и други безбедносни структури отргнати од државата, албанската и домашната криминална структура поврзана со СДСМ се спремни на се, па дури да започнат конфликт кој може да го запали целиот регион и пошироко. При тоа тие не размислуваат дека сите ќе страдаат па и самиот албански народ.

ЕУ, САД и НАТО можат да го спречат ваквиот развој ако се осуди платформата на Тирана со која се загрозува опстанокот на земјата. Доколку тоа не го сторат, бидејќи Тирана сеуште ја нема признато земјата под Уставното име, бидејќи ни пласира платформи со кои се доведува во прашање опстанокот на земјата, тогаш и Македонија  треба да размислува за против мерки меѓу кои и дури и да го повлече признавањето на Косово!

 

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.