Среда, 19 Април 2017   
НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

branko1
Бранко Сотировски 

Започнат е процесот на Новиот светски поредок. Тој си тече исто како и времето во бесконечноста, тивко но сигурно, независно од многубројните денешни моќни поединци, држави и одродени предавници. Читателот неочекувано ќе се запознае со процесот на изумирање на стариот и појавата на Новиот светски поредок.

Многу се измислува за тој поредок од страна на науката, моќниците (масоните), државниците и од свештениците. Никој не го објаснува терминот „Новиот светски поредок“ или многу ретко се решава некој да каже нешто.

За што станува збор? „Една космичка година трае дванаесет космички месеци, тоа е во согласност со 12-те зодијачки соѕвездија. Еден космички месец е со изминат временски период од 2148 г. Таков процес на еден космички месец е денешната ера на христијанството, која е во изминување. За 132 години, човештвото ќе се врати кон МАКЕДОНСКАТА ВЕРА на единствeниот Бог Сонце ИЛИ“, како старо-нов светски поредок (извадок од книгата „Зета Македониа“ страна 446).

За разлика од денешниот поредок  на уништување на човековите вредности, денешните моќници ја предизвикуваат војната, создаваат тероризам, а потоа се јавуваат како миротворци. Монтираниот тероризам со заплашување има за цел  дестабилизација на одредени региони, а потоа градат своја мрежа на авторитативност. Измислуваат сопствени антитерористички закони на сопствениот тероризам, држејќи ги во заблуда пошироките народни маси. Тие се јавуваат како заштитници на христијанството. Всушност, врвот на моќта во светот работи на тоа да се направи нов потоп на умот, уништување на слободната мисла, слободно и јавно изразување на своите религиски чувства, сè со цел човекот да се претвори во модерен РОБ.

Укинување на слободното и јавно презентирање на религијата веќе се појавува во Русија и Европа. Со забраната на религијата во јавниот живот, светските моќници нè навраќаат пред 2017 г. и почетокот на прогонот на Македонците, кои верувале во својата вера на Мајката-Мадона Македониа и својот бог Сонце, како и почетокот на извртената македонска вера сега наречена, како „христијанска“ религија. Оваа забрана на слободното изразување на христијанската религија, условува експанзија на муслиманската, што дополнително ја подгрева атмосферата на Новиот светски поредок кон враќање на македонските корени на светската вера право-славна од пред, најмалку 500.000 г. во продолжеток до денес.

branko2
Македонскиот симбол за пролетта и љубовта.

Накратко да ги опишеме вредностите на македонската исконска вера право-славна. Во македонската вера православна се содржат сите вредности на човечноста на македонската култура. „Македонската вера е вера во Мајката 3емја Македонка и Таткото Сонце ИЛИЈА. Тоа е вера на реинкарнација или воскреснување на сонцето-денот, тоа е вера во пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, зачеток на живиот свет „ИС, вера во мирот, братството и единството. Вера во науката, уметноста и словото божјо. Вера на македонската цивилизација како историја на светот“. Тоа е вера на македонската култура од пред 500.000 г. во продолжеток до денес, (извадок од книгата Зета Македониа).

Денешното робовладетелско општество ќе реинкарнира во Новиот светски поредок, кој ќе се темели на погоре кажаните вредности на македонската вера. Македонската вера била духовна храна на Македонците и другите племенски заедници во светот.

Новиот светски поредок ќе се темели врз една светска вера, вера во единствениот бог Сонце ИЛИЈА и мајката божја Марија-Македонка, Мадона –господарка.

Сите општествени текови одат во тој правец, научната мисла да биде слободна, а вистината јавно изложена, и сето тоа во рамките на македонската вера право-славна. (Православна е затоа што единствениот Македон комуницира со бог Сонце под права и најкуса линија од врвовите на планините. Во недостиг на планини, тој градел пирамиди). 

Контролата на пошироките народни маси, ограничувајќи ја нивната слобода на движење и слободна мисла, спроведена од големите корпорации, банки и моќни фамилии со вградување на микро-чипови, ќе се избегне со македонските компјутери, направени уште во камениот период на македонскиот народ, а тоа се природните (планини) и вештачките пирамиди. Секој човек има вграден божји чип-антена во мозокот. Овој приемник на божји вредности за Македонецот како божји синови, ги прима од пирамидата и ги предава на обичните луѓе. Денес начинот на контролата на луѓето го спроведуваат тајкуните, но сè уште денешниот компјутер не е толку совршен како што е македонската пирамида заедно со македонската вера.

Македонската вера е вера на вистината за човекот и за сѐ што е создадено, (родено од Марија-Мадона Македониа), за неговата потреба.

Оваа вистина како нов светски поредок, ќе ја урне светската политика на уништување на артефактите, кои ја докажуваат историјата за сопственото македонско потекло, и стратегијата на 21-от век за бришење на историското паметење, со уништување на македонското име. Окупирање на територии со мрежа од невладини организации и петоколонаши. Мораме да побрзаме да не се случи обратното, мораме да се обединиме работејќи еден за друг, а не еден против друг.

branko3
КОЈ Е БЕЛИОТ ЧОВЕК И ЗОШТО ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ?

Прашањето „Кој е белиот човек?“ од една страна е многу едноставно, а одговорот е  белиот човек е човек со бел тен. А, од друга страна, да се објасни кој е белиот човек и зошто е таков, малку е покомплицирано. Прво, треба да се запрашаме: Што е бело во природата или што е нaјбело? Најбела е светлоста. Таа светлост во природата доаѓа само од СОНЦЕТО. Тоа значи дека Сонцето со своите сончеви зраци е нешто најбело во природата, од секогаш и до ден-денес почитувано од белиот човек како негово единствено Божество Татко. Покрај Сонцето и сончевите зраци, најбела е молњата, како машки принцип и оплодувачката моќ на Сонцето. Во мигот на секојдневното утринско изгрејсонце, Сонцето е црвено, но првиот сончев зрак е бел или жолт. Само белиот човек ова го воочил уште во древноста, зошто? И на ова прашање тешко е да се одговори. Причината е само една, а таа е затоа што тој бил син божји. Од искона, синот по татко е наречен ИЛИОН. Белото сонце, Илион своjот татко го нарекувал ИЛ, ИЛИ, ИЛИЈА, ИЉО. Ако Илион си го знаел таткото или ако имал татко, мора да има и мајка. Мајката на Илион била ПЕЛА-БЕЛА или ПЕЛАГОНИЈА или БЕЛА ЗЕМЈА. Белиот човек живеел само покрај реките ДОН, ДУН или ДУНАВ. Плодната земја покрај реките и изворите на вода се нарекувани Дона-Донија. Земјата Дона-донаторка на храна за белиот човек била мајка на божјиот син Илион. Мајката Дона го дарувала таткото Сонце со негово потомство на бел човек. Донаторката Дона како мајка родилка, си го добила своето име МА-ДОНИЈА. Мајката својот син го нарекла „мајкино дете“ или МАКЕДОН.

Белиот Бог татко Сонце Илија, Бела Марија-Мадона, Мадонија, Македонија, локалитет Скупи Р. Македонија, Белиот Илион - Македон

Белиот Македон ја почитувал својата бела мајка Марија-Мадона Мадонија-Македонија, принесувајќи жртва од храна и вино. Го почитувал и својот бел татко Сонце Илија. За да биде во непосредна близина на својот татко, тој се качувал на врвовите на планините, каде принесувал жртва. На самото изгрејсонце, Македон по права и најкуса линија, преку погледот, го прима словото божјо. Тоа слово е вкупната наука и култура на живеење. Културата на живеење, која е жива до денес и пренесувана на другите народи со поинаква боја на кожата, е всушност, во служба за слава на својата Мајка Мадона-господарка Македонија и слава на својот татко Илија.

Белиот Македон е одбран од својот татко и мајка да има вградена супериорност над природата и живиот свет. Вграден му е генот да биде Господ и господар на земјата, рамноправен на својот Татко Сонце во создавање на рајот Македониа.

Според овие вредности на белиот човек Македон, со потекло од Пела-Пелагонија или белата земја Македонија, што е рај на земјата, се раширил на територијата Зета Мадонија-Македонија (Европа) и на сите други континенти. Со својата наука, култура, писмо и вера Право-славна, целата земјана топка ја направил рај за живеење, како за белиот Македон, така и за сите други народи (жолти и црни), обединети во една држава наречена Големата Зета Македониа. Потребно е да се знае дека белиот Македон, иако супериорен над сите останати браќа, никогаш немал робови, сите биле рамноправни во рамките на државата Зета Македониа.

Во своето блиско минато, од пред 2017 г., белиот човек Македон, а за одржување на благосостојба без македонските божји вредности, почнал да се групира во посебни племенски заедници. Се откажал од своето македонско потекло, се наоружувал, вршел терор над своите браќа Македонци, пљачкосувал и ги претварал во робови. Една од најголемите пљачки во историјата на белиот човек Македон, била спроведена од Македонците групирани во градот Рим, врз територијата на Македонија и Зета Мадонија-Македониа (Европа). Македонците Римјани три години носеле злато и вредни предмети од Македонија. Сè она што не можеле да однесат, а потекнувало од Македонците, го издробиле во пепел.

Можеме да констатираме само едно, а тоа е  дека Македонците Римјани не можеле да ја уништат сопствената македонска бела кожа, култура, писмо и вера.

Војната сѐ уште трае. Сега е префрлена во денешен Ирак, Сирија и Украина. Сѐ што е македонска вредност се пљачка и дроби во пепел по наредба од моќниците Македонци и измислените македонски држави агресори.

Покрај многуте грешки на денешниот Македон од западот, е таа за потеклото на „западната цивилизација“. Тие сметаат дека потекнува од блискиот исток  Меѓупоточје (Месопотмија), непостоечката Грција од пред 2500 г. и Рим. Според артефакти пронајдени ширум светот, на пет континенти, (објавени во книгата Зета Македониа II-ро дополнето издание), а датирани од „западната наука“, цивилизацијата на белиот Македон е минимум од пред 500.000 г. со центарот на светот МАКЕДОНИА. Успехот на Македонците да го освојат светот е поради науката, писмото и монотеистичката верата Право-славна, трговските врски  исток-запад, север-јук, по копнени, водени и воздушни патишта. Одгледување на стока во фармерски услови и обработка на земјата со помош на животни и механизација во кои спаѓа ралото и тркалото.

Веднаш да одговориме на прашањето: Кои се тие воздушни патишта? Тоа се безбројните изградени пирамиди ширум светот.

Космичката ера од 2148 г. е веќе на крајот од својот пат, исто како и одредени профитери, кој со својата терористичка политика шири само стрв и сиромаштија, подржани од одродници Македонци. Тоа го прават поради грижата и стравот од сопствената пропаст, колку повеќе им изминува времето, толку повеќе сакаат тоа време да го заржат. Времето заедно со пролета и љубовта кон Мајката Богородица Македонја, Богот Сонце ИЛИЈА е незадржливо. Македонскиот старо-нов светски поредок кој се наговестува нуди стабилност, спокојство и прогрес.

Македонското име, јазик, вера и култура, како историја на светот, западот не може да го замисли како реалност, сега се појавува како неминовен процес. Новата ера започнува, сигурноста на одродените Македонци во светот, како и домашните кодоши, најголемите противници на Македонија, што се одржувале со децении, одеднаш се руши. Западот е нестабилен и ранлив. 

Она што не може да се замисли од западот е реинкарнација на македонското име, вера и култура во нивните измислени држави.

Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, во националните библиотеки во Берлин, Загреб, Будимпешта, Анкара, Hong Kong - 香港 и др.  Книгата ја нема во продажба. Таа може да се купи од авторот на меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон +389 78 264 106.) За други интересни теми, можете да се информирате на сајтот: www.zetamcedonia.com

Голем интерес за книгата „Зета Македониа“ превод од македонски на англиски јазик. Големиот интерес се должи од стравот за разоткривање на западната лажна историја, во однос на нивното Македонско потекло.

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.