Среда, 19 Април 2017   
Сарандопорски манастир (Св. Јоаким Осоговски)

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Св. Јоаким Осоговски“ или Сарандопор е православен манастир на МПЦ-ОА и дел од македонското културно наследство. Сместен е на околу 3 километри од градот Крива Паланка, во полите на Осоговската планина, во месноста Бабил Дол. Токму во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век живеел испосникот св. Јоаким Осоговски. Тогаш во овие краишта се подвизувале и прочуените св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински и св. Гаврил Лесновски

 

Во житието на Свети Јоаким Осоговски се наведува дека во времето на византискиот император Мануел Комнин (1143-1180) свештеникот Теодор од Овче Поле, со монашко име Теофан го основал манастирот и ги погребал во манастирската црква моштите на светителот. Манастирот се споменува за прв пат во времето на бугарскиот цар Калојан (1196-1207). Во Карловачкиот Летопис (од ок. 1505 година) се споменува дека српскиот крал Стефан II Милутин (1282-1321) ја изградил црква посветена на Свети Јоаким Осоговски. Во 1330 година српскиот крал Стефан Дечански (1321-1331) запира во манастирот пред битката кај Велбужд (Ќустендил). Турскиот султан  Мехмед II (1444-1446 и 1451-1481) во 1436 година, исто така, го посетува манастирот за време на воен поход за освојување на Босна.

Во втората половина на 16 век манастирот осиромашува и монасите бараат финансиска помош од Дубровничката република. Според сведоштво од 1474 година Дубровнички совет му донира 20 златници милостина. По катастрофалниот земјотрес во 1585 година, игуменот на манастирот Гервасиј, Ќустендилско митрополит Висарион и јеромонах Стефан, заминуваат за Русија за да бараат финансиска помош за обновата на оштетените манастирски и црковни згради во областа. Познатиот турски патник Евлија Челеби пишува за процут на манастирот во 17 век. Во 1683 година манастирот го посетува и Печкиот архиепископ Арсениј III Черноевич.

По Карпошовото востание 1689 година, манастирот бил напуштен, а моштите на свети Јоаким се изгубени. Отоманските власти долго време не дозволувале манастирот да биде обновен, иако им дозволувале на христијаните да го чествуваат црковниот празник. Во 1847 година, со помош на хаџи Стефан Младенов од Крива Паланка, започнува изградбата на големата манастирска црква посветена на свети Јоаким Осоговски, зачувана и до денес. Црквата е осветена во 1851 година.  

Прилепчанецот Георги Трајчев во делото „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за познатиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ или Сарандапорскиот манастир пишува:

„Св. Јоаким Осоговски бил современик на св. Гаврил Лесновски. Родното место му е непознато. Житието спомнува само дека од рано почуствувал привлекување кон единство и пустиножителство. Затоа дошол во Осоговската област и застанал во село Градец, на десниот брег на Крива река, два часа одалечена од Крива Паланка, во домот на тамошниот кнез, кој му дал прибежиште на туѓинецот. Му дозволил да живее во својата област и му посочил место по Сарандопорската река (така се именувала во средниот век сегашната Крива река). Таму, кај реката Скупица, во една пештера недостапна, се прибрал св. Јаким и се оддал на пост и молитва. После извесно време ја напуштил таа пештера, бидејќи станала позната на луѓето и се преселил во друга скриена и осамена пештера која се наоѓала во манастирскиот карпест врв лежејќи крај реката Бабин Дол. Тука тој го поминал остатокот од животот.

На стари години по долгогодишна неизвесност на светот, случајно го пронашле во пештерата ловци, кои ги прибрал да преноќат и ги благословил.Кога по втор пат ја посетиле пештерата го пронашле старецот починат и го погребале во истата пештера, каде се чуствувал голем  благоугоден мирис. За тоа чудо ловците раскажувале по целиот крај, но за пештерата и гробот никој друг не знаел. И по нивната смрт (гробот) на Св. Јоаким останал непознат.

Така изминале многу години и едвај во времето на царот Маноил I Комнен, (1143 - 1180), некои си вдовец отец Тодор од Овчеполското село Царандол, дошол во гората Славишка во Сарандопор, каде се прочул покојниот Јоаким, го видел местото и се вратил во родното село за да продаде се што има и да ги употреби парите за Богоугодни дела. Кога ги продал  имотот, тргнал за Сарандопор и застанал да преноќева во Кратовското село Тополовиќ. На сон му се јавил св. Јоаким и го охрабрил за намерата. На другиот ден Теодор пристигнал во Сарандопор, се замонашил, се нарекол Теофан и станал прв игумен на манастирот кој почнал да го гради во името на св. Јоаким. Светецот му се јавил веднаш на игуменот и му нарачал да ги извади моштите од земјата, каде лежале 50 години. Да направи дабов кивот и да ги положи во манастирот. Теофан го извршил нарачаното заедно со  манастирските браќа. Од моштите се случиле големи чуда кои ја разнеле славата на св. Јоаким по сите делови на земјата...

Така се утврдува смртта на светецот – 50 години порано од царувањето на  Маноил I Комнен, нешто кон крајот на XI  и почетокот на XII век. А подигањето на манастирот било околу средината на XII век од игуменот Теофан, во деновите на цар Мануил.

За понатамошната историја на манастирот се говори во житието на св Јоаким Осоговски, дека бугарскиот цар Колојан  (1196 - 1207) го посетил манастирот на празникот св. Јоаким, на 16 август. Во 1330 година Стефан Дечански застанал на молитва во манастирот и заминал на средба со Михаил Шишман кон Струма.

Од подоцнежните известувања дознаваме дека во XIV век Осоговскиот манастир бил воздигнат од владателот на Велбушката област, од војводата Константин, кој бил и главен ктитор на манастирот. Изградените згради од Константин биле срушени од земјотресот во 1585 година, па уште истата година заминале за Москва Ќустендилскиот митрополит Висарион, Осоговскиот игумен Герваси и јеромонахот Стефан да го молат царот Теодор Иванов да го обнови манастирот и да стане негов ктитор. Манастирот бил возобновен, братството се зголемило и благосостојбата се зголемила. Турскиот географ Хаџи Калфа (1656) спомнува дека на Осоговските височини има многу стар манастир и крај него под едно кубе се положени телата на ктитор и ктиторка.    

По смртта на богатиот ктитор (кнез Константин Ќустендилски) и по турската окупација, манастирот не настрадал, Напротив бил почитуван од власта. Во 1463 година, кога освојувачот на Цариград Султан Мохамед I заминал на поход за Босна, на излегувањето од Ќустендил се упатил во манастирот, како што за тоа пишува една хроника...

Десет години потоа, во зимата 1474 година, калуѓери од тој манастир отишле во Дубровник за помош. Дубровничкиот совет решил да се дадат 20 перпери милостиња на манастирот св. Јаким (Иречек, П.С.П. 55-77, 241).

Кивотите биле прекриени со златкаена покривка. И Евлија Челебија (1661) сведочи дека манастирот бил стар, голем и процветан. Светињата била посетувана од многу гости, за кои имало приготвено стотина постели и покривки од стари свилени и златноткаени ткаенини. Во 1685 година Ипекскиот (Печкиот) патријарх Арсение Чрноевич го посетил манастирот... Истиот ..., под чие ведомство бил манастирот, нашол во него 47 сребрени кандила, 20 позлатени, 7 чаши св потир, еден дискос, еден нафорник, една голема чаша со капак, една чаша од Црноевич, два потири, еден потир стар, два кивота, 7 котлиња, еден голем котел, две тиквици, две дршки, две кадилници, 4 евангелија, 47 крста, една панагија, 109 лажици, две звездици, две патерици. Сето тоа било од сребро, забележува своерачно патриархот.

Во 1690 година, манастирот бил разрушен од Турците до темели и имотот  му бил разграбен. Тогаш сигурно и моштите на светецот се изгубени...

Едвај во првата половина на XIX век, манастирот одново заживеа. Изградени се згради. Главен ктитор станал Хаџи Стефан бегличија (собирач на даноци - беглик) од Паланка (1845) . Тој бил многу влијателен човек и имал големи права, носел оружје. Сегашниот манастир има голема црква св. Јоаким, до неа помала – св. Богородица и неколку згради наоколу за гостите.

За некогашното реноме на манастирот говори и следната апокрифна белешка која се наоѓа во Зборникот на поп Драгоља „Четврти манастир Осоков и тут лежи тело светаго Исаиј пророка и телеса свјатих мученик Кирика и Оулити и свјетаго Илариона новага епископа Мегленскога и праподобнаго  Јонакија Сарандопорскаго чудотворца“ (И-в, с. - Македонија).

Во манастирот било пишувано житието на Григорија Омиритски, што се гледа од преписката од XV – XVI век: Сиу книгоу почех писати месеца ноемврија во првих при игумену Гаврилу, во манастирја Сарандопор и др. (Стојанович, Записи Но 9371)

Во Сарандопорскиот летопис, сочуван во Сараевскиот музеј, се гледаат настани во манастирот од 1463, 1487, 1491, 1492.    

...Житието на св. Јаким е познато од преписки од XV век. (Ламански, Новакович, Синодална библиотека во Софија, Хиландарски од 1879 година, Скопската егзархиска митрополија и др.). Соборот се случува на 16 август ст. ст.“

Што се однесува до големата манастирска црква, монументална камена зграда со артика и куполи, таа е изграден за четири години од истакнатиот мајстор Андреј Дамјанов - Зографски од родот Рензовци од Дебарско и е завршена во 1851 година. Фреските се дело на зографите Димитар Папрадишки, кој работи овде постојано од 1884 до 1945 година, заедно со иконописците од Тресонче Григор Петров, Аврам Дичов и Мирон Илиев од Дебарско школа.

Се претпоставува дека малата манастирска црква "Рождество на Пресвета Богородица" е изградена на крајот на 11 век и обновена во времето на српскиот крал Стефан II Милутин. Повторно е обновена е во втората половина на XIX век. Црквата е изградена во форма на впишан крст, со полукружна сводови и осемстенен купола над централниот дел и помала купола над тремот. Од најстарите фрески се задржани само фрагменти од орнаментика на северниот ѕид во олтарот. Внатрешноста на црквата денес е целосно покриен со современи фрески. Во црквата има извор со света вода.

Двата храма, едниот посветен на св. Јоаким и другиот на Света Богородица како и разиграноста на придружниот архитектонски ансамбл, го прават овој манастир за еден од најмонументалните на Балканот. На 28 август секоја година во манастирот се одржува традиционалната прослава на верскиот празник Света Богородица на која доаѓаат луѓе од градот, околината и други градови од државата.

 

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.