Среда, 19 Април 2017   
Сценаристите заборавија да го прашаат македонскиот народ!

svekrva-nova
Свекрва

Македонија се најде на линија на огнот.

Во последните неколку години земјата постојано е изложена на силен притисок. Внатрешни и надворешни фактори спроведуваат специјална војна и со разни сплетки и тајни операции работат на разнебитување на државата.

Денес нема човек во Македонија на кого не му е јасно дека она што се прави нема да им донесе повеќе демократија, поголеми слободи, туку напротив црно ропство и физичко истребување на македонскиот народ. Историското искуство го опоменува македонскиот народ дека Тиранската платформа на албанските партии, не враќа во времето на фашизмот, во времето на Втората светска војна кога фашистичките завојуватели ја поделија Македонија, а во западната италијанска зона, албанските балисти вршеа невиден терор врз македонското население.

Во Македонија нема катче каде во текот на нејзината историја не проплакаа македонските мајки. Не постои грутка земја која не била попрскана со крвта со македонските синови. Нема македонско село во западна Македонија кое не било запалено од окупаторите.

По осамостојувањето во 1991 година, мршојадците веднаш се нафрлија на ова единствено слободно парче македонска земја.

Денес, кога Македонија е нападната од надвор и од внатре, кога повеќето од институциите се парализирани, кога се заканува дестабилизација на земјата, кога се заканува распарчување на ова единствено слободно парче македонска територија, претседателот на државата Ѓорге Иванов и македонскиот народ застанаа на браникот на државата. Мирно и достоинствено рекоа СТОП на Тиранската платформа со која се разнебитува државата.

Веќе 2 месеци македонскиот народ мирно протестира барајќи од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од албанските партии од Македонија дистанцирање од Тиранската платформа со која се редефинира Македонија. Тие предупредуваат дека по никоја цена нема да дозволат на наследниците на Џемо и Мефаил да воведат двојазичност на целата територија на државата, земјата да ја федерализираат и во догледно време да ја поделат.

Платформата од Тирана која е потпишана од Али Ахмети, Билал Касами, Зијадин Села и албанскиот премиер Еди Рама, преставува директно мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија. Иако тие се повикуваат на Уставот и законите на Република Македонија, сите нејзини точки се спротивни и го надминуваат Охридскиот рамковен договор.

Одекот на платформата од Тирана беше огромен. Таа го раздрма македонскиот народ, ги раздрма сите оние кои се колебаа и чекаа да видат како ќе заврши наметнатата политичка криза во земјата и до каде домашните предавници и новите Џемовци и Мефаиловци ќе одат.

Со платформата од Тирана народот сфати за каква игра на центрите на моќ се работи.

Се зголеми отпорот, почна да се зголемува бројот на тие кои протестираат против Тиранската платформа, а четите кои започнаа со протестите, станаа бригади, а задутре и војска. Денес тие протестираат со знамиња, свирчиња, а ќе продефилира и по некој мотор, трактор или багар укажувајќи на решеноста на македонскиот народ, дека нема да се откаже од придобивките втемелени во Крушевската Република, АСНОМ и 8 септември.

Токму овој македонски народ кој денес сеуште мирно протестира, не еднаш покажал дека ако има потреба ќе создаде армија способна да ја брани својата македонска земја од било кој завојувач.

Мајсторите на играта од центрите на моќ преку платформата од Тирана сакаа да создадат услови за ново заграбување на дел од македонската територија. Сметајќи дека лесно ќе излезат на крај со македонскиот народ, доведувајќи го до свршен чин, сценаристите заборавија на македонската традиција - да го прашаат македонскиот народ.

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.