Среда, 26 Април 2017   
Хари кажи ја вистината

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Граѓаните на градот херој Прилеп, градот на непокорот, градот каде на 11-ти октомври 1941 година пукнала првата пушка во разнебитувањето на тогашните фашистички идеали масовно со мирни протести преку 50 дена дава поддршка на Ѓраѓанската иницидатива "За заедничка Македонија" со цел зачувувањето на унитарниот карактер на државата од една и големо "НЕ“за тиранската платформа направена во туѓа земја од друга странаСо прифаќањето на тиранската платформа ќе се оди кон тифка федерализација и бинационална држава.

На протестите со говори продефилираа: Интелектуалци, новинари, естрадни и драмски уметници, лекари, земјоделци и други каде нивните говори имаат една: заедничка цел, а тоа е зачувување на јадрото на ср‘жта на оваа мила, напатена и низ векови мачена Република Македонија.

Овие протести се многу мирни за разлика од ланските протести на опозицијата познати под називот “шарена револуција“,а предводени од илегалното здружение Протестирам" и под слоганот  “Нема правда нема мир“ каде во главниот град Скопје и во поголемите градови во нашата земја со мрсна боја и јајца ги осквернавија виталните објекти во државата.

Како прилепчанец можам да нагласам дека “шарените“ на чело со нецивилизираниот адвокат го уништија надворешниот изглед на новата грандиозна општинска зграда во Градот под Марковите кули кода е градена во океански тип и истата беше најубавиот репрезентативен обдект за домашни и странски гости кои го посетуваат Прилеп.

Во овој момент кога целата земја е во пат позиција со политичката криза која трае долго, а истата кулминира по вонредните парламентарни избори одржаани на 11 декември минатата година редно е да се отворат картите пред македонскиот етникум.

Зоран Заев, алијас Бошко Буха и неговите плави момчиња со ставањето на параф за коалиција со албанските партии (Дуи, Беса ,Алијансата за албанците и од пред неколку дена давање на поддршка од политички фактор од албанскиот политички кампус ДПА) обезбеди 67 пратенички потписи, и со тоа го исполни едниот услов, а тоа е барање на мандат од страна на Претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов да додели мандат за формирање на Влада.

Но, првиот човек на државата не го дава мандатот на Заев за состав на нова Влада од причини што во документот има делови каде се нарушува и разнебитува територијлниот интегритет на Република Македонија.

Како Граѓанин на општина Прилеп го повикувам прилепсќиот репрезент во Републичкиот законодавен дом од редовите на плавите момчиња, универзитетскиот професор и приватен бизнисмен Хари Локвенец да излезе пред своите сограѓани и јавно да каже што се има договорено неговиот пулен Зоран Заев, алиуас Бошко Буха со албанските политички партии?

Граѓаните на Прилеп не ги интересира говорите на нарцисоидната личност Хари Локвенец од пред 4 години кога пред својот електорат како кандидат за градоначалник од редовите на плавите момчиња ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработувања и 5 милиони евра свеж капитал.

Граѓаните на Прилеп ги интересира што е прифатено од страна на зајчето и Јавно Хари пред прилепчани да каже дали постои албанска платформа со новото парламентарно мнозинство и следствено на тоа што содржи во текстот на албанската платформа.

Обичниот прилепчанец не сака големи политики, него сака субвенции од предаденото жолто злато од ланската реколта и подготовка на оваа земјоделска култура за новата реколта.

Обичниот причепчанец сака на своето семејство да му овозможи основни елементарни услови за живот. Тоа се постигнува со нови вработувања. На голема радост во последните неколку години со мерките на Владата на Република Македонија се намали невработеноста во Градот под Марковите кули.

На крајот обичниот прилепчанец сака соживот со сите малцинства кои живеат во Република Македонија.

Доста е човечки жртви за да има мир во сопствениот двор. Слободарски Прилеп има дадено многу дејци за да живееме денеска слободно.

Во 2001 година на браникот на татковршата кај месноста Карпалак, Прилеп даде 10 недолжни човечки животи кои зедоа учество во одбраната на татковината од лица со големоалбански идеали кои истите сакаа нестабилност и разнебитување на македонската држава.

Ајде Хари собери храброст и излези пред прилепчани и кажи што има договорено Зоран Заев, алијас Бошко Буха со албанските политички партии. Со тоа ќе ја оправдаш шестоцифрената пратеничка плата од една и ќе му дадете мир во душата на обичниот прилепчанец и македонскиот народ и малцинствата кои живеат и творат во Република Мзкедонија.

 

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.