Среда, 10 Мај 2017   
Груевски и раководството мораат да го следат пулсот на членството

mane jakovleski 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Груевски и раководството мораат да го следат пулсот на членството. Но, не смеат да ја водат политиката согласно моменталните емотивни реакции на со право револтираните членови, од она што ни го прави СДС и нивните поддржувачи од надвор.

Груевски и раководството се политичари, а не навивачи и протестанти. Тие треба да водат политика. Во тешки и клучни моменти тие треба да го водат членството, а не членството нив. Тие се избрани за водачи, а не за следачи.

Заради своите партиски функции, тие ги имаат сите информации, кои обичните членови не може да ги имаат. И на тој начин, со сите тие информации и досегашно искуство треба да ги донесат најдобрите одлуки, за ВМРО и за Македонија. Не секогаш можат да ги споделат сите информации. Ако се споделат со јавноста, ќе направат поголема штета на државата.

Членовите мора да го разберат тоа, затоа што тоа е секаде така.
Затоа и се бира водач и раководство.
Поинаку би имале само членство без лидер, па толпата ќе носи емотивни одлуки.

Груевски не е аналитичар. Тој не може да ги сподели сите размислувања и анализи. Дел може, дел сигурно не може. Во секој случај, добро го познаваме, долго е на политичката сцена. Покажал и храброст, и мудрост. И патриотизам, и одлучност. Храброст не е да го однесеш народот во провалија, туку да го одбереш патот на успехот, дури и да е тој најтешкиот и најтрнливиот. Тој има свои грешки, но не заборавајте, во 14 години на чело на ВМРО нема ниту еден пораз. Повторувам ниту еден пораз и тоа така ќе продолжи да биде. Само победи. Тоа не го прави случаен човек.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ќе победат на наредните избори кога и тие да се случат.

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.