Среда, 17 Мај 2017   
НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДМПНЕ

mane jakovleski 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Во последната деценија, Никола Груевски како лидер на ВМРО ДМПНЕ и премиер на земјата ги постигна најдобрите резултати. Под негово раководство ВМРО ДПМНЕ од 2006 година до денес континуирано победува на локалните, парламентарните и претседателските избори, било тоа да се редовни или предвремени. Исто така, како премиер на Владата на Македонија, успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се смали на рекордно ниво.

Од ЕУ, НАТО, ММФ, Светска банка и разни други меѓународни институции и организации постојано доаѓаа позитивни извештаи за напредокот на Македонија. Меѓутоа, нивното лицемерие набрзо се покажа, бидејќи  и покрај сите позитвни извештаи земјата не можеше да го круниса своето членство во ЕУ и НАТО заради спорот за името со Грција.

Премиерот со најголем рејтинг во народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ. Тие, за да ја разнишат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ како партија.    

Со помош на петата колона, албанските партии и Соросовите невладини оргазнизации во земјата, преку Пржинските договори го натераа најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата до денес да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада иако победи на декевриските избори во 2016 .

Свесни за популарноста на Груевски меѓу народот кој се крена на „востание“ против Тиранската платформа, Вашингтон и Брисел не застанаа тука. Продолжувајќи со интриги и дискредитации, сега центрите на моќ од разни страни испраќаат пораки во кои се бара од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата.

ЕУ и НАТО со или без Никола Груевски ќе продолжат со „игранката“ наречена Тиранска платформа. Само без лидер од калибарот на Никола Груевски, тие ќе можат да ја расчеречат Македонија и да го избришат и македонскиот народ и македонското име од картата на светот.

Затоа Никола Груевски не смее да даде оставка и не смее сега да се повлече од партијата. На Македонија и е потребна ВМРО ДПМНЕ и политичар кој ќе ги води во овие бурни времиња.

Ова е време да се биде или не!

Тоа го може само докажан и искусен политичар каков што е Никола Груевски, кој пред се ги става интересите на државата и не ја витка кичмата пред Сорос-Обама- Клинтоновите експозитури.

Едноставно, Груевски има многу заслуги и затоа треба да остане претседател на ВМРО ДПМНЕ. Македонија мора да излезе од оваа политичка криза многу појака и поискусна.

Научените лекции треба да бидат поука дека никогаш не треба никој да се опушта и да верува на разноразни странски мешетари. Исто така, секогаш во преден план треба да бидат интересите на народот, на оној кој им ја дал довербата.

На народот им треба лидер како Никола Груевски, кој заедно со својата партија ВМРО ДПМНЕ, има визија, знаење и умеење да го води македонскиот брод низ немирното море на глобализацијата, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја добија довербата од македонскиот народ и мораат да го продолжат своето успешно водство за да ја заштитат унитарноста на државата и да му донесат просперитет на македонскиот народ.

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.