Среда, 17 Мај 2017   
Поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ за Косово Вилијам Вокер дава опасни изјави!

svekrva-nova
Свекрва

Вилијам Вокер, поранешен шеф на мисијата на ОБСЕ, неодамна изјави дека работи на планот за "обединување на Албанците од Албанија, Косово и албанската дијаспора". Јавноста на тоа гледа како на продолжување на политиката на Клинтон за нов удар за меѓународниот мир бидејќи како проект тој може да се постигне само со сила. Во неговиот план за прекројување на границите на Балканот кој се обидуваат да го спроведат остатоците на старата администрација на Обама, најголем губитник би била Македонија.

Вокер својот план го објави на прославата на 17 години од постоењето на партијата на Рамуш Харадинај во Приштина. Неговата изјава преставува јавен повик за нова војна на Балканот и прекројување по етнички принцип на постоечките граници на земји членки на ОН, што преставува удар врз меѓународниот правен поредок кој се темели на Повелбата на ОН и Хелсиншкиот Завршен акт.

Тежината и опасноста од ваква изјава е огромна, без разлика дали Вокер ја кажува во свое име или пак во име на било која држава. Оваа изјава таа има своја тежина, особено ако се има во предвид дека тој беше шеф на верификационата мисија на ОБСЕ на Косово, која по инцидентот во Рачак даде повод за интервенција на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.

Во изјавата на Вокер јасно се гледа дека настаните на Косово биле дел од воспоставувањето на новиот светски поредок, зад кој застана меѓународната заедница и кој денес продолжуваат да го спроведуваат остатоците на Клинтоновата администрација. Исто така, од оваа изјава се гледа дека појавата на Тиранската платформа и она што заедно лидерот на СДСМ Зоран Заев, Соросовите невладини организации и албанските партии во земјата го спроведуваат се дел од истото сценарио за создавање на Голема Албанија.

Меѓутоа, создавањето на Голема Албанија може да биде остварен само насилно. Отцепувањето на територии кои припаѓаат на Македонија, Црна Гора, Грција, Србија и припојувањето кон Албанија и Косово за да сите Албанци живеет заедно во т.н. Голема Албанија не може да се оставари по мирен пат, зошто луѓето од друга националност кои живеат на таа т.н. албанска територија ќе ги бранат својите имоти и живот.

Ослободувањето од страна на Франција на уапсениот по потерница од Србија, претседател на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, поранешен лидер на УЧК и обвинет од Хашкиот суд за воени злосторства, ги потврдуваат стравовите за нова можна војна на Балканот Харадинај ќе изјави дека за вакви планови зад кој стојат центрите на моќ никогаш никој не одговарал и дека е уверен дека тоа нема да се случи и сега.  

Единствена пречка на овој план е новиот американски претседател Доналд Трамп, кој од корен одлучил да ја смени политиката на Балканот. Државниот секретар Рекс Тилерсон неодамна изјави дека САД повеќе нема на другите да им налага да ги прифаќаат американските вредности. Бидејќи балканските амбасадори  се оглушија на оваа порака, што се гледа и од настаните во земјата, набргу потоа, на Балканот беше испратена посебна делегација на дипломати кои ќе ја посетат Албанија, Косово, БиХ, Грција и Македонија.

Главната цел на ова американска мисија, која ја предводи републиканецот Боб Гудлајт е да се спречи „фаворизирање на некои кругови за сметка на граѓаните, институциите и регионалната стабилност“.

Според американските аналитичари, итното доаѓање на петнаесет дипломати предводена од Гудлајт на Балканот значи прекинување на „пропаднатата политика на Обама и Сорос на Балканот и повлекување на „Соросовите амбасадори“ од Косово, Албанија и Македонија, кои се остатоци на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, кои ја продолжуваа наследената Клинтонова политика.

Доаѓањето на луѓето од доверба на американскиот претседател Трамп на Балканот и во Македонија не значи дека американската политика веднаш ќе се промени целосно, но секако ќе допринесат да се почитува суверенитетот и територијални интегритет на земјите, како и да се решат кризите. Во однос на кризата во Македонија, која се зголеми со појавата на Тиранската платформа, а која Заев ја прифати со цел по секоја цена да се добере до власта, се очекува со помош на стратешкиот партнер таа да се надмине.

 

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКА ИЛИНДЕНСКА СРЕДБА - ТРНОВО 2017

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Историја

News image

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оп...

Иселеници

News image

Радио емисии на македонски јазик во Европа и Европската унија (12)

Воведувањето радио програма на македонски јазик во Европа ...

Култура и туризам

News image

Густав Вајганд за културата и обичаите на населението во Македонија

Една особено шарена слика претставуваат неделните пазари каде што селаните и селанките во најразличн...

Фељтон

News image

Илија Донев – духовник и чувар на религијата кај Македонците во Канада (13)

Кога се пишува за македонските православни цркви и црковни општини во Канада, неод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.