Петок, 19 Мај 2017   
МАКЕДОНИЈА ВО АНТИ-ТРАМП ХИСТЕРИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ "ДЕМОКРАТИ"

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Индикативен беше говорот на заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, пред поткомитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес од 17 мај 2017 година. Одговорот на обвиненијата дека се мешале во внатрешните работи на Македонија беше: Амбасадорот Џес Бејли и Хојт Брајан Ли не се мешале во внатрешните работи на Македонија и во формирањето на Влада без партијата која добила најголем број гласови на изборите, туку ги одвратиле политичарите и новинарите од руското влијание во Македонија и ги заштитиле американските геостратешки интереси на Балканот?! Која идиотска хистерија...

За жал, хистеричната Анти-Трамп политика која се води и во САД со епилог поделба на општеството и дестабилизација на државата поради обвиненијата кои "демократите" ги водат против американскиот претседател Трамп до импичмент, дека неговиот избор е резултат на руското влијание во Америка, остатоците на американската администрација од Барак Обама ја водат насекаде во светот каде што се' уште се чувствува влијанието на старите кадри.

На овие идиотски политики кои живеат во времето на Студената војна и имаат амбиција да го втурнат светот во Трета Светска Војна заради заштита на интересите на мултинационалните корпорации и на т.н. Светска Влада, мора да им се стави крај!

Македонија била Империја од Западот до Истокот! Македонија има империјално искуство со мултикултурализмот како експресија на генетскиот код на македонската цивилизација за интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури. Македонската цивилизација историски е носител на културниот глобализам, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам којшто врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се' до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам, стотици етноси, јазици, религии и култури избриша од земјината топка за последните триста години.

И покрај се’ и после се’, Македонија мора да остане и со Западот и со Истокот, и денес! Македонија не смее да стане ничиј приврзок заради неговите интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД не значи само американските интереси за доминација врз Балканот, туку и македонските интереси за руските гасоводи преку Унгарија, Србија, Македонија и Грција и кинеската транснационална железница од Будимпешта преку Белград, Скопје и Солун до Атина. Македонија не смее да биде дестабилизирана поради интересите на американските "демократи" да се спречат руските и кинеските инвестиции на Балканот и во Македонија!

Евро-атлантската соработка за Македонија не значи антируска политика и санкции кон Руската Федерација. Па, корените на описменувањето и покрстувањето на Русите се во древниот Охрид, во Македонија! Таа историја не може да се заборави ниту да се отфрли! Русија и Истокот имаат место во Македонија и така и ќе остане!

Македонија не смее да биде жртва на антагонизмот од времето на Студената војна меѓу Западот и Истокот, меѓу САД и Руската Федерација, туку алка за интеграција помеѓу Западот и Истокот, каква што Македонската Империја отсекогаш била!

Уште помалку држи еуфоријата на албанските радикали и ИСИС терористи обучени во "Бонд Стил" на Косово, за дестабилизација на Македонија, поради нивната сервилност кон американските интереси, надевајќи се на наци-фашистичката креација "Голема Албанија", знаејќи дека Албанците историски биле во сојуз и со Русија и со Кина и денес со Америка.

Амбициите за "Голема Албанија" може да завршат само со уништување и поделба на Албанскиот народ и на Република Албанија во целина! Затоа што "Голема Албанија" не е можна без војна со пет држави на Балканот: Црна Гора, Србија, Македонија, Бугарија и Грција. "Голема Албанија" не е можна без етничко чистење на просторот... А, тоа ќе биде тотална војна со крв до колена... Тогаш ќе биде или тие или ние... И нема да има крај додека некој не' исчезне... Ако на некои лејки меѓу Албанците тоа не им е јасно, нека не се радуваат кога ќе бидат повикани на рапорт пред Џес Бејли на Калето и нека не' мислат што Албанците од таа послушност ќе добијат, туку што Албанците ќе изгубат... А, ќе ја изгубат не само "Голема Албанија", туку и Република Косово и Република Албанија. Македонија, и со Албанците и без Албанците пак ќе опстане! Но, Албанците никогаш не смеат да заборават, дека поради сервилноста кон Калето, тие никогаш нема да бидат комшии со Американците, туку повторно ќе останат со Црногорците, Србите, Македонците и Грците...

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.