Среда, 12 Јули 2017   
Потези без подлога

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

По првите 40 дена од владеењето на поразената партија на неодамна одржаните вонредни парламентарни избори СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заедв, алијас Бошко Буха кој воедно е и прв човек на новата Извршна власт на нашата земја, потезите кои ги превземаат се катастрофални.

Имено, во своето експозе за формирање влада лицето З. З. пред народните избраници најави брзо зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО и релативизирање на добрососедските односи.

Иронијата да биде голема уценивачката „тиранска“ платформа беше направена од албанскиот политички кампус во нашата земја токму во соседна Албанија, а со северниот сосед Србија се уште го немаме решено прашањето со признавањето на автокефалноста на МПЦ - АО.

Со посетата на македонскиот естаблишмент во Атина, Република Грција, тамошниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас беше краток и јасен: “Првин промена на името на државата па дури после тоа разговори за зачленување во ЕУ и НАТО.

Лицето З.З. беше во посета на Софија, Република Бугарија кај контраверзниот премиер Бојко Борисов каде се потпиша договор далеку од јавноста, а малите финеси во него ќе биле решени со пиење на едно кафе.

Парадоксот да биде уште поголем е поканата на З.З. до неговиот колега Бојко Борисов заедно да учествуваат на чевствувањето и обележувањето на 2-ри август - Илинден.

Значи со еден збор кажано првата дипломатска авантура на лицето З.З. со соседите е со спортски жаргон кажано давање на автогол во сопствената мрежа.

На првиот ден по стапувањето на функцијата новата извршна власт го укина екстерното тестирање и го стави под знак прашалник воведувањето на Кембриџ во наставниот процес во нашата земја. Следен чекор на лицето З.З. и неговата дружина беше укинувањето на дисперзираните студии.

Со тој потег се прави штета по семејниот буџет кај обичниот македонски граѓанин, кој во желбата да му обезбеди школување на своето дете нема да биде во можност истото да го направи од финансиска природа од причини што Универзитетскиот кампус е во нашата метропола Скопје.

Поставување на партиски и неквалитетни кадри во јавната администрација од една и прекршувањето на правните нормативи во назначувањето на нови раководни позиции од кадрите на СДСМ и ДУИ.

Пратеничката на СДСМ Ивана Туфекџиќ, која медиумски е позната од ланската т.ен. “шарена револуција“ јавно изјави дека хомосексуалците треба да склопуваат бракови и посвојуваат деца. Веднаш во јавноста се јави пријателот на З.З. и поддржувач на СДСМ, самонаречениот хуманист и ЛГБТ - активист Боки 13 кој лично изјави дека сака да посвои 3 деца.

Во оваа прилика да го приложиме и мислењето за ЛГБТ заедницата од Преспанско-пелагониската епархија и администратор на Австралиско-новозеландската епархија Владиката Г. Петар кој нагласи: Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени Господ немаше да ги создаде Адам и Ева.

Позиционирањето на сите прашања кои ги заговара ЛГБТ заедницата се поставуваат прашања од типот на воспитувањето на идните генерации дали истите да ги учиме на вистински вредности во општествениот живот или да ги пуштиме сами да си ја одредуваат својата судбина.

На Запад каде овие прашања се полиберални сепак се наоѓа начин да се постави граница. Имено, германската Канцеларка  Ангела Меркел одби да гласа за еднополови бракови. Но, Бундестагот со мнозинство на гласови дозволи да има хомосексуални бракови.

Со новиот ребаланс на СДСМ истиот го скратува проектираниот ВМРО-овски Буџет за 50 милиони денари со цел да има тендециозно блокирање на сите започнати проекти од автопати и водоводи до импозантниот Клинички центар кој треба да се гради во метрополата Скопје.

Со зголемување на Даноците и воведување на прогресивна стапка на данок следствено на тоа ќе се зголеми даночната евазија, а со тоа ќе се стимулира сивата економија. Голем број на инвеститори ќе ги реализираат своите проекти во други земји.

Европската електродистрибутивна организација се произнесе дека не може да има евтина струја со мал исклучок за социјални случаеви. Но, тоа да не биде на товар на буџетот.

Обичниот македонски граѓанин уште го очекува ветеното од новата Извршна власт а тоа е укинување на РДТ такса. Исто така и за овој потег пред неколку години европските челници се изјаснија да има РДТ такса. Ако се укине РДТ таксата Јавниот дифузен систем ќе биде под капата на Извршната власт, просто кажано ќе се финансира од Буџетот на доминицилната земја.

Се чека зголемување на фискна плата од 100.000 денари за лекари специјалисти и околу 50.000 за општите лекари. Исто така се чека просечен личен доход од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари.

На крајот никој од извршната власт не го споменува враќањето на данокот на годишно ниво во џебот на обичниот македонски граѓанин.

 

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.