Среда, 12 Јули 2017   
Манастирот Псача ја надополнува сликата за „Манасирите во Македонија“ и огромната културна ризница кои ни ја оставиле нашите претци

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Псачкиот манастир е средновековен православен христијански манастир кој се наоѓа над селото Псача. Манастирската црква „Св. Никола“ која е сместена сред дабова шума и од каде се гледа целото Славишко Поле, е дел од  Кумановско-осоговската епархија на МПЦ – ОА. Манстирската црква „Св. Никола“ никогаш не била центар на самостоен манастир, но имала статут на манастирска по силата на повелбата од 1358 година.

Историските сведоштва за црквата „Св. Никола“ се скудни, но се претпоставува дека таа е изградена околу 1354 година. Црквата како и нејзиниот ктитор севастократор Владко се спомнуваат во една повелба од 25 март 1358 година со која црквата е дарена на Хилендарскиот манастир. Оваа повелба е потпишана од цар Душан (1331 - 1355), кој умрел три години пред тоа. Се претпоставува дека имало две повелби: едната од Душан и другата од Урош, кои монасите на Хиландар ги споиле во една со цел да се искористи авторитетот на првиот цар.

Од зачуваните фрески на јужниот ѕид на црквата може да се заклучи дека севастократорот Владко и кнезот Пасхач се ктитори на црквата. Таа е градена во форма на впишан крст во правоаголен простор со централна купола и купола над нартексот. Куполата над централниот дел е уништен, а црквата подолг период била целосно отворена и изложени на природата. Куполата над нартексот исто така, е уништена, а поради недостиг на средства, при возобнувањето на местото на централната купола бил изграден полукружен свод.

Црквата е изградена од блокови на делкан камен и црвени тули, споени со бела малтер. Фасадата на црквата е профилирана со слепи арки и богато е украсени со керамички мотиви. Тристраната апсида, исто така, украсена е со керамопластика. Во фасада со вградени блокови од природен камен со слика на Грифин, христијански крст и симболи, како и свастика.

Зачувани се фрески од времето на изградбата и се ценети форми на средновековната христијанска уметност. Со висока уметничка вредност се гледаат реални живописи на јужниот ѕид на ктиторското семејство, вклучувајќи го кнез Пасхач и неговата жена – кнегињата Озра, севастократорот Владко, неговата жена Владислава и тројцата синови Стефан, Урош и еден со непознато име. На северниот ѕид во цел раст се прикажани Св. Св. Константин и Елена и портрети на царот Стефан Урош V (1336 - 1371) и неговиот совладател кралот Волкашин.

Во XIX век се извршени некои досликувања, а на почетокот на XX век на западната фасада зографот Димитрија Андонов Папрадишки преставува неколку ликови на светци.

За манастирска црква, која има исклучително значење за македонската уметност и историјата,  пишува и арх. Јован Раденковиќ. Во текстот под наслов „Како да се сочуваат фреските во нашите стари манастири?’ и со поднаслов „Проклество на секој кој гребе прав од иконите верувајќи дека тоа е лековито“, објавен во белградска „Политика“  на 2 јули 1928 година, согласно тогашната српска пропаганда, тој за манастирот Псача ќе напише:

„ Сите патишта водат во Јужна Србија (Македонија - н.з). Овој убав, простран пејсаж: високо небо со бели облаци, под кое се простираат ливади и ниви ишарен од виолетови и бели афионови цветови; благи ридови со високи и наведнати тополи; бели куќички на расеани села и во далечина огромни планински масиви, во синилото, го затвораат широкиот видокруг.

Кога од патот, кој низ овие топли, сончеви краеви од Куманово, води покрај шумната Крива Река до Крива Паланка, и на четирисет и седмиот километар се појде на десно, после еден сат напорно пешачење по планинска и кривулеста патека се доаѓа до манастирот Псача.

На високо место, опколен со планината, заборавени гробови и широки грмушки, овој стар манастир и несакајќи го оддава своесто светло минато. Вековите него грижливо го криеле, чувајќи меѓу потемнетите камени ѕидови мирни и светителски ликови на старите .... кралеви.

Изграден во четрнаесетиот век од севастократорот Влатко, ... а посветен на светиот отец Никола, Псача преставува тип на византиска црква со две кубиња од кои денес постои само едно предно, додека  просторот каде беше другото – главно засводен и покриен така, да со додавање на ново дозиданите градби кои селаните за свои верски свечанисти ги изградија и кои ја опколуваат целата црква освен апсидата, сега дава целосно изменет изглед.

Зидана на вообичаен начин со камен и тули, има ѕидни површини оживеани со широки архиволи и елегантни ниши во кои се наоѓаат слепи прозори првобитно ѕидани поради внатрешниот живопис. А бидејќи самиот манастир бил во рушевини така месното население при поправките, тој дел кој го опколува и ја крие фасадата, го додале и воедно ја малтерисале целата западна страна со главниот влез. По стариот обичај се собираат тука и во портата во недала и чествувањето на светците, облечени празнично: во шарени везени кошули, .. со многубројни распнати сонцобрани – па дури и во сенка – ... играјќи во орото со зурли и тапани.

Внатре, во самата црква, од  подот па до врвот на кубето, се е во слики. Колку убавина и извонредно уметничко изобилство има овој оригинален живопис, кој во пресметан ред се простира по ѕидните површини. Скриен и многу добро сочуван во овој далечен крај, преставува огромна и непроценлива ризница по својата уметничка и историска вредност. Спаѓа во редот на најдобрите кои ние воопшто ги имаме во манастирите.

Една сјајна колористична свежина ги оживува сигурните и уравнотежени цртежи на овие слики. Необично мека и топла жолта боја ги осветлува со блага светлост лицата на големите портрети и фосфоресцира во свечениот полумрак на црквениот ентериер. Како во недостижните слики на колористичната венецијанска школа од подоцнежно време и тука бојата станува дел од предметот и со нијансите на топли и ладни тонови дава совршена пластика. Ова особено се чуствува кај зголемениот портрет на манастирскиот патрон на Св. Никола.

Од цоклето, па до 2,60 м. висина се простира долг појас на портрети, кои од десна страна ги претставуваат по ред: севастократор Влатко и неговото семејство, додека од лево зголемениот цар Урош до кој се наоѓа Крал Волкашин и цар Константин и Елена. Во раскошни бои, накитени со скап накит, одорите на овие владари ја означуваат целата сила и богатство на една голема и златна епоха.

... Тоа што времето расипува уште и некако, ама луѓето! Од љубов, незнаење, омраза .... Вероватно дека тука би користел предлогот да по угледот на римските старохристијански катакомби во кои Папата го проколнал секој оној кој било што направи со што ќе ги оштети, нашата верска управа да истакне по манастирите плочи со сличен натпис. Барем од една страна тоа би помогнало кај народот. Бидејќи кај сите ликови очите, па и други делови околу градите и рацете се изгребани и избушени од лесноверните селани, на кои гатачките им кажуваат дека правта од овој малтер носи оздравување.

Во натамошната внатрешна декорација на црквата се истакнуваат посебно орнаменти многу оргинални по цртеж и боја, кои го дополнуваат просторот помеѓу сликите и ги врзуваат поедини архитектонски делови.... “

Точно е дека над западната влезна врата на црквата некогаш имало натпис, за кој се смета дека е уништен во 1876 година од страна на Бугари, со оглед дека се спомнати кралевите Урош и Волкашин. Записите на два портрета, исто така, се уништени. Сепак, меѓудругите зачувани се и фрески на Светиот Јоаким Осоговски (од 1371), Свети Меркуриј, Свети Климент (од 1366 години), и на Свети Ахил, Свети Дионисиј, Св. Св. Константин јас Елена, Свети Спиридон. Во олтарната апсида во цел раст се дадени ликовите на Свети Атанасиј Велики, свети Јован Златоуст, свети Григориј Богослов и свети Василиј Велики.

Манастирот Псача само ја надополнува сликата за „Манасирите во Македонија“ и огромната културна ризница кои ни ја оставиле нашите претци.

 

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.