Среда, 12 Јули 2017   
Кучињата лаат кога се плашат, куче лае од страв

mane jakovleski 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Сведоци сме на низа активности кои се насочени да се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ, да се дестабилизира државата, исто така се плука по сите кои ја поддржуваат и промовираат ПРОМАКЕДОНСКАТА опција на ВМРО-ДПМНЕ!

Со систематско и разработено сценарио се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката партиска позиција, па до сите клучни точки во хиерархијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Затворени во тој магичен круг на сопсвеното бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од разни центри кои не и мислат добро на државата. Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот на краиштата најголем дел од нив се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот нивни потоп кој го создаваат кон поколенијата свои.

Задачата им е да ги оцрнат луѓето, институциите на ВМРО-ДПМНЕ, па во тој налет на бес да плукаат и по сопствената земја и по се` што е Македонско. Да плукаат по се` она што не` дефинира како луѓе создадени од ова парче земја Македонија.

Овие извршители се дома, истата онаа дома која ги родила, или ги одродила (некои од нив) од каде ја спроведуваат зацртаната агенда, најчесто заради сопствени интереси. За многу аналитичари ова претставува само инфициран комплекс на самозаштита, во надеж дека народот тоа нема да го препознае и да ги види тие волци во овчи кожи!

Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговите блиски соработници и поддржувачи.

Навредуваат дел од Основачите на ВМРО-ДПМНЕ, токму тие кои деведесеттите години се бореа за самостојна Македонија, а тие навредувачите-љигушите, тогаш, а богами и денес, сеуште се недефинирани во своите чувства.

Имајќи го предвид токму тоа, не можеме да бидеме сигурни дали тие, плукачите, се во конфликт со ВМРО-ДПМНЕ, или пак се во конфликт со самите себе, иако некако сум на мисла дека сепак е ова последново!

Во нивните постапки нема трунка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на ВМРО-ДПМНЕ и сопствената земја, за туѓи и за лични интереси.

Интересно е што овие обиди доаѓаат од една мала и национално импотентна група, а еден од нив е Владо Ѓоревски од Кичево потикнат од таканаречените реформатори,(најверојатно му е ветено ако плука ќе го остават управник на студентскиот дом Гоце Делчев) кој преку портали плука по дел од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Абе Владо, Албанија ни ја пласира Тиранската ппатформа, Бугарија не ни го признава народот и јазикот, Грција не ни го признава името, идентитетот, Србија не ни ја признава црквата, а сега се‘ кае што не признале со уставното име Македонија, а ти Владо лаеш ли лаеш и бараш „непријатели“ кај дел од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, БРАВО.

Кучињата лаат кога се плашат, куче лае од страв.

Таткоми бог да го прости, ме научи да не бегам кога куче ме лае, ако бегаш ќе те нападне. Куче кога лае како Владо, најдобро е да поминеш покрај него и да не го есапиш. Само треба да го погледнеш во очи, колку да знае дека си го препознал, дека е ЉАНГАЧ.

П.С. Немам намера да му се докажувам на Владо, објавувам само мал дел од моите документи со цел да се знае за моите и активности на други истомисленици од деведесетите години до денес.

Додека некој реаботел, како што ми кажаа Ветераните од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, тој го предал целиот архив од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево на тогашната служба за безбедност.

Ако сака Владо Ѓоревски повеќе да прочита за мене и моите активности за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, нека ја отвори „Македонска нација“, рубриката ДОСИЕА.

http://www.mn.mk/dosiea

Македонија вечна!

ВМРО-ДПМНЕ Вечно!

АМИН!

mane-dosie-1

mane-dosie-2
ПРЕДЛОГ за примена на мерката ТАЈНА КОНТРОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ СООБРАЌАЈ спрема МАНОИЛ ЈАКОВЛЕСКИ - "МАНЕ"

mane-dosie-3
ПРЕДМЕТ: Непријателско делување. Сојузен Секретаријат за Внатрешни Работи-Белград.

mane-dosie-4
ПИСМО ОД ДРАГАН БОГДАНОВСКИ ДО МАНЕ ЈАКОВЛЕСКИ

13.06.1990 Berlin Dragan Bogdanovski 9

13 јуни 1990 г. со Драган Богдановски во Берлин

Aerodrom vo Skopje- pred formiranjeto na VMRO-DPMNE 1

На Аеродром-Скопје, неколку дена пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, 17 јуни 1990 г.

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.