Среда, 06 Септември 2017   
Кривични пријави без поткрепа

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Се приближува тајмингот за почеток на изборната кампања за следните редовни локални избори кои треба да се одржат на 15 октомври 2017 година. Некои политички субјекти катадневно се на терен со цел да му докажат на својот потенцијален електорат што сработиле за време на 4 годишниот градоначалнички мандат.

Па така, во градот под Марковите кули актуелната позиција на чело со ВМРО ДПМНЕ и ревносниот градоначалник Марјан Ристески кој 3 пати едно по друго извојува убедливи победи против своите опоненти од редовите на плавите момчиња секојдневно е на терен каде ја следи во целост инфраструктурната ренесанса на својот град.

Со над човечки напори и поволна бизнис клима со отворањето на новите ј фабрички погони на Гентерм, Акопласт, проширувањето во Индустриската зона на Прилеп 1 со нов погон на Тритекси актуелната изградба на германската фабрика Вик, и најголемиот зафат, а тоа е изградбата на фабриката за рециклиран отпад од ден на ден невработеноста во градот под Марковите кули драстично се намалува.

За разлика од нив, актуелните прилепски локални опозиционери на СДСМ и нивниот општински лидер Сашо Велески-Велесо, кој за волја на вистината офајди  дебело како член на УО во компанија, во која има удел и Владата на Република Македонија од една и момчето со актовка во рацете од друга страна поднесуваат кривични пријави против актуелниот градоначалник Марјан Ристески.

Првата од серијата кривични пријави против Ристески е зошто истиот не ја осигурал општинската зграда за време на ланските протести на шарените револуционери каде со мрсна боја и јајца беше осквернавен надворешниот изглед на новиот импозантен објект од океански тип на Локалната самоуправа на Прилеп.

Авторот на овој текст има еден еклатантен пример за оваа кривична пријава: 3начи, ако не го осигурам мојот станбен објект и некои потпалувачи на македонската демократија го нарушат надворешниот изглед на истиот виновен ќе бидам токму јас зошто не сум го осигурал мојот приватен имот.

Кривична пријава се поднесува за несовесно финансиско работење на Локалната самоуправа на Прилеп. Но, таа е плагијат на ревизорскиот извештај реализиран од релевантна ревизорска институција каде не се констатирани аномалии во финансиското работење на Локалната самоуправа.

Иронијата да биде уште поголема актуелниот градоначалник Марјан Ристески кога победи во сега далечната 2005 година затекна локална општинска каса кој се наогаше во финансиска була изразена во 7 цифрени бројки од европската валута (евро).

Ова е доказ дека плавите момчиња поднесуваат кривични пријави од "ракав“ без материјални докази.

Овде може да се заклучи дека тоа се прави да се намали рејтингот на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески пред своите сограѓани за наредните локални избори.

Исто така, тоа се прави од проста причина што плавите момчиња немаат способна личност која може резултатски да му парира на личноста која 12 години својот град од мртов без идеи во вистинска смисла на зборот го направи Европска метропола.

Стигнуваат и заканувачки пораки на авторот на овој текст за некои  негови претходни текстови каде се набројуваат личности кои во временскиот интервал од 2000 до 2005 година истите ги направија несолвентни ЈКП кои се под капата на Локалната самоуправа на Прилеп. Интересен податок ќе беше да се обелодени колку должеше водоводното претпријатие кон услугите кои ги добиваше од ЈП Студенчица од една и земањето на кредити и давањето на лични доходи на вработените на два пати месечно и доцнењето на истите од 1 до 5 месеци од друга страна.

На крајот почитувани пред вистината и боговите молчат и истата многу боли!

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.