Среда, 06 Септември 2017   
Победоносниот од на Третата македонска ударна бригада

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

По успешниот фебруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за развојот на НОВ во Македонија, Главниот штаб на Македонија имаше посебна задача да ги разбие четниците на Дража Михајлович, да му помогне на бугарското движење на отпорот и организаирање на поголеми воени формации од единиците кои дејствуваа на територијата во свероисточниот дел.

На 26 февруари 1944 година во селото Жегљане била формирана Третата македонско ударна бригада, во чиј состав влегоа битолско-преспанскиот партизански одред Стив Наумов и двата кумановски батаљони „Јордан Николов Орце“ и Христијан Тодоровски Карпош“.

На почетокот на учеството во борбените дејствија бригадата го разбила Вардарскиот четнички корпус кој по борбите на врвот Перен (24. II.1944година) беше групиран во реонот на Сејац. Во борбата која траеше цел ден на 29. II.1944 год., четниците биле разбиени, а на 3 март кај Ново Село беа рабиени и последните остатоци од Вардарскиот четнички корпус.

Третата македонско ударна бригада, потоа водела успешни борби кај селата Биљача, Буштрање, Свињиште и Ристовац (26/27. III. 1944). На 3 април ги нападнала Злетовските рудници (Добрево и Пробиштип), додека при напад на Кратово (25. IV 1944) заробила 120 бугарски војници.

Победничкиот од на македонските партизани кои ги загрозуваа виталните комуникации на армиската група “Е’ која беше распоредена со 400.000 војници на островите и брегот во Грција и Албанија, ги натера Германците и нејзините сојузници да ја превземат т.н. седмата непријателска офанзива. Офанзивата траеше од 30 април до 19 јуни 1945 година. Најдолги беа борбите во Поморавјето и во источна Македонија, каде што беа загрозени главните патишта на Германците (по долината на Вардар и Морава)  и на Бугарија патот Скопје – Софија.

Гермаците и нивните сојузници за пролетната офанзива во Македонија и јужна Србија употребија 60.000 луѓе, од кои 40.000 во источна Македонија и 20.000 во западна Македонија. И покрај вонредно тешките напори и загуби, по 19 мај 1944 година припадниците на македонската војска преминаа во контраофанзива.

Во дел од писмото на Мара Нацева (член на ЦК на КП на Македонија) од 9 јули 1944 година испратено од положај до Љупчо Арсов (инструктор на ЦК на КПМ), може да се дознае повеќе за едномесечната контраофанзива (20 мај - 19 јуни) што ја изведе Третата македонска ударна бригада и по еден косовски и јужноморавски баталјон од Козјак до планината Круша и назад. Во овој извештај даден нецел месец пред одрживањето на АСНОМ, Нацева ќе напише:

„Драги друже Коле (Љупчо Арсов – н.з), Како и порано што ти писахме пред два месеца непријателот искористи затишје на Источниот фронт и превзеде офанзива против нас (мислејки да уништи нашу младу Н.О, војску, Г.Ш. и људи који се дојдени за Народно собраније). Но много се превари, му се побркаа сметките. Нашата војска му зададе голем удар, за поважни борби кои ги водехме, ти пишуеме. Това се:

На 20 мај извршивме пробив на непријателски фронт на Крива Река и борби се водеја цел ден на огранцима Осогово. Убиено е 27 непријателских војника и офицера, заробљено 1 митралез, 4 коња и др.

На 22 мај по пладне разбијена е една чета од 49 п.п.(олк) каде село Саса. Убиено 32 војника и офицера, пленети 4 митралеза, 2 пушкомитралеза, 30 пушки, 3 коња, 10.000 метка и др.

На 24 мај на Голак и кај село Лаки (Пљачковица) разбиени се три колони јачина од по еден батаљон из 48 и 49 п. пук. Убиено 87 војника и офицера, заробено 32 војника, плен 1 топ, 1 минобацач, 9 митраљеза, 7 пушкомитраљеза, 30.000 метка и многу друга спрема.

На 26 мај на патот Струмица-Берово разбијен је и делом уништен еден батаљон од 48 п. пук. Убиено 73 војника и офицера. Заробено 30 војника, 1 офицер. Плен: 4 митраљеза, 85 пушки, 5 пушкомитраљеза, 60 гранати за минобацачи, 15.000 метка и друга спрема.

На 28 мај разбијено и делом уништено посада на гранични участак на Беласица. Убиено 29 војника, заробљено 5 војника, плен: два митраљеза, 33 пушки, 5.000 метака, 3 коња и др.

На 30 мај на Круша Планина: разбијен е један батаљон, од 21 п. пук. сос една група контраши. Убиено 33 војника и офицера, заробено 6 војника, плен: 2 митраљеза, 12.000 метака, 14 пушке.

На 31 мај северно од Дојран, разбиена е една чета, од 48 п. пук убиено 37 војника, заробљено 2 војника.

На 1 јуни измегју село Костурино и Струмица водена е цел ден борба со два батаљона од 48 п. пук. Непријатељски фронт је разбиен. Убиено е преку 35 војника, заробено 12 војника. Плен: 11 камиона со који довезујеха трупе, 25.000 метка и др. материјал.

На 5 јуни еден ојачан батаљон от 49 п. пук нападнаа на наши положаји кај село Кушкули (Пљачковица). Со наше контранападеније разбијени се центарот и лево крило. Убијени се 35 војници и офицери и заробено је доста муниција.

На 10 јуни кај Брегалница јужно од Кочане око 5 километра разбијена е заседа и уништена. Убијено 23 војника, заробено је 3, плен: 1 митраљез, 2 000 метака, 16 пушки, 1 пушкомитраљез.

На 11 јуни на Осогово кај Поникве дочекани се два батаљона, 1 из 49 п. пук други 1 армиски пук и двата се разбијени и делом уништени, гонени се до Злетовска Река. Убиено е преку 80 војника и офицера, заробено 21 војник. Плен: 10 митраљеза, 5 минобацача, 4 пушкомитраљеза, 120 бомбе за минобацач, 25.000 метци, 52 пушки, 60 коња и друга спрема.

На 13 јуни Султан Тепе разбијена је и делом уништена 1 чета од 52 п. пук, убијено е 28 војника, 2 офицера, заробено 24 војника. Плен: 4 митралеза, 1 минобацач, 3 пушкомитралеза, 20 пушки, 7.000 метци и др.

На 15 јуни на Чупино Брдо и Ретки Буке водена е жестока борба со еден ојачан батаљон од 1 армиски пук. Убиено е преку 130 војника и офицера, заробљено е 22 војника; Плен: 2 топа, 8 митралеза, 1 противавионски митралез, 3 телефона, 10 км. кабел, 2 минобацача, 44 пушки, 7 пушкомитралеза, 18.000 метци, доста муниција за минобацачи и други материјал.

На 18 јуни кај село Н. Глок на овај терен во заседа е сачекана 1 чета со комора. Чета је уништена. 35 војника је убијено, 52 заробено. Плен: 2 митралеза, 50 пушке, 5 пушкомитралеза, 2.000 леба, 100 кгр. кашкавал, 120 кгр. салама, 12 коња, 6 кола и др. Истиот ден после пладне водена е борба со 1 батаљон од 52 п. пук. Непријатељ је потиснут и натеран во негов утвргјен гарнизон. - „Св. Илија", Убиено 16 војника, плен 10 пушке и др.

На 19 јуни кај Бабина Пољана во заседа сачекан је еден батаљон од 25 п. п(олк). Батаљон је уништен. Убијено преку 140 војника и офицера. Заробено: 106 војника и 2 офицера. Плен: 3 митраљеза, 4 минобацача, 1 лек минобацач, 12 пушкомитраљеза, 150 пушки, 90.000 метка, 23 коња и многу друга спрема. На истиот батаљон убијен је командантот потпуковник Попов.

Во истиот ден по пладне водеше се борба со појачање које је пристигнало и това на два фронта: кај Бабина Пољана и Нови Глок. Непријателот је одбијен и потиснат, - една група према „Св. Илија" друга на кај Бесна Кобила. Убијено 17 војника.

Во сите борби непријателот активно употребуваше авијацију и артиљерију. Борбе са водени во самите акцији со два батаљона од III Македонска Ударна бригада, 1 косоварски батаљон и Јужно-моравски. Снаге нису нам биле велики, но духот имје јак и го разбијаха непријателот на секаде.

Укупен биланс на едномесечна наша контраофанзива од 19. V. до 19.VI.: Убијено: 814, заробено 318, Плен: мiтралези 51, минобацачи 14, пушке 585, пушкомитралези 46, мини за бацачи 180, коња 105, 9 топа, 245.000 метка, 11 камиона...“ (Извори. Том I, КН. 3, стр. 147-349.)

Македонските единици победоносно ја завршија офанзивата. Меѓу окупаторот  имаше неколкупати поголеми жртви. Само во западна Македонија беа убиени 672 и заробени 76 непријателски војници. Во Повардарието имаше над 180 убиени и 88 заробени напријатели. И во Источна Македонија и југоисточна Србија имаше над 1060 убиени и 498 заробени непријателски војници.

По приливот на нови војници во бригадата, од дел од нејзиниот состав и од Втора македонска бригада беше формирана Четвртата македонска бригада, на планината Лисец 24 јули 1944 година. Борците на поранешната Трета македонска бригада дополнително учествуваа во борбени операции во комуникацијата Куманово-Крива Паланка. Таа имаше значајно учество во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчињски 2 август 1944 година.

Заедно со Осмата и Дванаесетта македонска бригада влегле во составот на 42 македонска дивизија на Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ. Како дел од оваа дивизија таа продолжи да учествува во ослободувањето на Велес, Скопје и Тетово. Потоа, таа се упати кон Врање и таму нејзините борци беа префрлени на Сремскиот фронт. По пробојот на фронтот учествуваа во ослободувањето на Шид, Славонски Пожега, Дуго Село и Загреб.

Третата македонска ударна бригада е одликувана со повеќе ордени.

(извор: Документи, том втори, Скопје 1981, стр. 518 – 520; Историја на македонскиот народ, Сопје 1988, стр.352 - 356 )

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.