Среда, 06 Септември 2017   
Албанците имаат лажна слика дека ВМРО ДПМНЕ има нешто против нив!

mane jakovleski 3Манојил (Мане) Јаковлески

По само три месеци од владеењето на владата на Зоран Заев, веќе етаблираните странски компании незадоволни од третманот на новата власт најавуваат заминување од земјата. Во однос пак на влегување на нови инвестиции не станува ни збор. Наместо тоа, се најавува продажба на ЕЛЕМ и нови задолжувања. Од ваквото дилетантско владеење ќе имаат сите штета и Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци и сите други во Македонија.

Најавата за заминување на странски компании од земјата се резултат на новата економска клима што ја креираше власта на Заев. Тоа значи дека ќе има отпуштања, повторно зголемување на невработеноста, зголемување на цените на струјата и т.н. Но, таа нема да ги зафати само Македонците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и другите, туку и Албанците, кои сами одлучија да го искусат владеењето на Зоран Заев.

Иако навреме предупредени од ВМРО ДПМНЕ, Албанците му дадоа поддршка на парламентарните избори на СДС само заради ветувањето на воведување двојазичност на целата територија на земјата. Иако сега се самите дел од власта. тие, како и останатите Македонци ги трпат последиците на дилетанското однесување на новата власт.

Ако ги видиме резултатите од тримесечното владеење на Заев, може да се констатира дека тие не се добри. Освен лошите договори и внесувањето смут со соседите, економските показатели се лоши. Поради тоа, некои партиски активисти останаа без работа, а допрва следуваат и други отпуштања кои се повеќе ќе се зголемуваат со напуштање на странските компании од земјата.

Така на пример, ако делницата Кичево - Охрид беше приоритетна за ВМРО ДПМНЕ и за албанската заедница во Западна Македонија, таа не е приоритетна за СДС, која чим дојде на власт ги опструираа сите работи. А да не зборуваме и за фирмите кои отворија или планираа да отворат свои погони во западна Македонија и во кои работеа или требаше да се вработат и Македонци и Албанци. Односот на СДС ќе предизвика стагнација во економскиот равој кој потоа тешко се надокнадува.

Албанскиот народ не може да се окриви зошто со негова помош СДС беше доведен на власт. Тој беше излажан од одредени фактори од внатре и од надвор кои во последните три години упорно градеа слика дека Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ има нешто против Албанците.

Меѓутоа, ако се анализира работењето на тимот на Груевски во текот на десетгодишното владеење може да се каже дека тој работеше во интерес на доброто на сите граѓани без разлика на етничка, верска или полова припадност. Во преден план на партијата беше решавањето на проблемите на граѓаните, а не давање на предност на колективните национални прашања за кои во минатото беа потрошени многу часови и енергија и во најголем дел беа решени.

Ветувањето на СДС за воведување на двојазичност на целата територија на државата не ги решава основните егистенцијални прашања на Албанците. Напротив тие можат само да ги зголемат, зошто за да се спроведат треба многу поголеми издвојувања од буџетот. Во услови на намалено производство, зголемување на невработеноста, тоа би било невозможна мисија.

За жал, наместо кај албанските партии да се гледа кој од нив ќе донесе повеќе ивеститори, кој повеќе ќе вработи не само Албанци туку и Македонци, како приоритет за албанските партии сеуште станува двојазичноста и дали таблите се напишани на македонски и албански јазик.

Во право се некои кои говорат дека македонските градоначалници од ВМРО ДПМНЕ имаат направено многу повеќе за албанското население, отколку што направиле самите албански градоначалници за своето население. Тоа може да се види од примерите во Тетово, Гостивар, Струга.

Проектите што ги спроведуваше ВМРО ДПМНЕ имаа една единствена цел да го подобрат животот на населението без разлика на нивната етничка припадност и тие подеднакво се правеа како во источна, така и во западна Македонија. Дури имаше моменти кога решавањето на проблемите во албанската заедница имаа приоритет, за разлика од другите што ги правеше останатите, меѓу кои и Македонците, да се чуствуваат како граѓани од втор ред.

Иако на сите им е познато што е направено во изминатиот период за подобрување на животот во земјата, сеуште се обвинува раководството на ВМРО ДПМНЕ дека има нешто против Албанците. Меѓутоа, тоа не е ни малку точно, зошто во текот на повеќегодишното заедничко владеење на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ постоеше взаемна почит. Од друга страна од ВМРО ДПМНЕ постојано се истакнува за Албанците дека „тие се наши сограѓани, заедно со нив живееме, делиме и добро и лошо, не им посакуваме ама баш ништо лошо. Ако им посакуваме на нив и на нас си посакуваме...“

Многумина заборавија дека по поплавите во тетовско на почетокот на август 2015 година, Никола Груевски итно отпатува во Тетово и ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите беа огромни. Потоа направи увид директно од терен, разговараше со надлежните и ги посети повредените во силното невреме, хоспитализирани во тетовската болница. Со негово лично ангажирање, набрзо беа санирани последиците од невремето. Исто така, наредната година по катастрофалните поплави во скопско, повторно Груевски беше на лице место и со неговиот тим направи се што е во негова надлежност да се надминат катастрофалните последиците од невремето кое го зафати Синѓелиќ, Стајковци и другите околни места во скопско. Се помагаше без да се гледа дали е некој Македонец или Албанец.

Оттука никој не може да прави приказни дека Никола Груевски и ВМНРО ДПМНЕ се нациналисти и дека ги мразат Албанците.

Ако некој се бори за зачувување на унитарноста на земјата и ги брани државните интереси, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ, тоа не значи дека се мразат Албанците. Напротив, раководството на ВМРО ДПМНЕ дејствува разумно, а ги почитува сите и работи во интерес на секој граѓанин и во интерес на Македонија.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.