Петок, 08 Септември 2017   
ОСУДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕДАВНИЧКА ВЛАДА!

14МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ОСУДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕДАВНИЧКА ВЛАДА!

8 септември 2017 година, Торонто, Канада - Осудата на постапките на една политичка партија не значи поддршка за предавствата на друга. Силната поддршка за македонските човекови и национални права не значи мешање во внатрешните работи на Македонија. Како што Македонците во странство не треба да се мешаат во локалните прашања во Македонија, политичарите и граѓаните кои живеат во Република Македонија немаат никакво право да преговараат за нашата вековна националност, - се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) по повод денот на независноста на Македонија.

ММДЧП ги осудува се' поизразените предавнички постапки на сегашната македонска влада поставена од Соединетите Американски Држави. Потпишување на договор за “пријателство“ со Бугарија со кој се отфрлаат сите наши права и се преговара за нашиот идентитет може да се случи само во Македонија, каде политичарите се или корумпирани или немаат здрав разум или храброст да се изборат за нашите најосновни човекови права.

Распродажбата на нашата земја на малкубројното албанско малцинство, под капата на дипломатијата и човековите права, може да се случи само во Македонија. Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, во повеќе наврати, при средби со Стејт Департментот на САД, Глоубал Афеарз Канада, пратеникот на ООН, Метју Нимиц, како и многу други, прашува кога македонскиот ќе стане билингвален и еднаков партнер во Грција, турскиот во Бугарија, а рускиот во Естонија. По примерот на ЕУ и САД со албанскиот јазик во Македонија, овие чекори би морале веднаш да се спроведат и да се промовираат како основни човекови права, во согласност со идеалите на Европската Унија.

Само во Македонија може една влада да претера во напорите да им удоволи на своите потчинители - Грција, Бугарија и Албанија - и да го исполни секој каприц на своите господари - САД. Само во Македонија може владата да ја откаже прославата на Денот на независноста за да не ги “навреди“ сопствените потчинители. Ова се случи во Торонто, но канадско-македонските организации сепак се потрудија да ги пополнат празнините кои ги создаде антимакедонското Министерство за надворешни работи.

Западот со сите средства се труди со технички аргументи да го оправда кршењето на македонските права. Но, ако се примени истиот принцип за која било друга земја или етничка група, Западот со сите сили ќе ги брани своите права. Овој двоен стандард ги обединува Македонците во одбрана на нашите права, но македонските политичари се или отворено анти-македонски, или немаат храброст да ги одбранат истите.

Затоа, ММДЧП ја одбележува 26-годишнината од независноста на Република Македонија со осуда на најантимакедонската влада во нашата историја, моменталниот режим на СДС! ДПМНЕ, вие имавте и имате шанса да застанете во одбрана на Македонија со една едноставна постапка - осуда на преговорите за името и идентитетот во ООН, но досега покажавте дека немате храброст за тоа.

СДС, и вие ја имате истата шанса. Повлечете ги Заев, Димитров и другите, и ставете КРАЈ на преговорите за името, ако за ништо друго тогаш за инает на вашите противници. Господ знае дека двете партии многу повеќе сакаат да настапуваат поради таа причина, отколку заради тоа што нешто е во интерес на Македонија.

За оние кои веруваат дека Македонија “мора“ да преговара за името за влез во ЕУ и НАТО - разбудете се! Причината заради која Македонија не е во ЕУ и НАТО е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името! Причината зошто Западот бара Македонија да го смени името е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името! Како што ММДЧП постојано потенцира, вештачкиот конфликт со името е најголемиот проблем кој ги комплицира сите аспекти на животот во Македонија. Веднаш инсистирајте на крај на разговорите за името! Како што нагласува кампањата на ММДЧП “Нашето име е Македонија“ - Кој ви даде право да преговарате за моето име?

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.