Среда, 13 Септември 2017   
Личности извадени од нафталин

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Централната власт во Република Македонија на чело со премиерот, а воедно и аболициран лидер З. З. почна да поставува свој кадар во Јавните претпријатија кои се под капата на државата и поддрачните одделенија на сите министерства ширум нашата држава.

Ако се анализираат кадрите во Подрачните одделенија и Јавните установи во Градот под Марковите кули веднаш кај обичниот прилепчанец се поставува прашањето зошто на сензитивни места се поставуваат повторно истрошените личности од времето на владеењето на СДСМ-овскиот мецена, а сегашен актуелен пензионер Бранко Црвенковски.

Да одиме по ред:

Првиот човек на прилепскиот разгранок на СДСМ, Сашо Велески - Велесо како голем гласноговорник си пати по прилепски кажано за “убаво место“ во УО на државна институција во Скопје, додека суетната личност која не заслужува да се спомене со име и презиме во овој текст и која истата се “нафрли“ со  вербални закани по авторот на овој текст се “Вгнезди“ во некоја Комисија во Скопје која исто така е под капата на Извршната власт. По поставување на горенаведениот СДСМ-овски двоец веднаш се констатира дека истиот не е омилен кај прилепскиот електорат и подобро е во таков случај да му се даде место во Скопје отколку да прави проблеми во прилепскиот разгранок на СДСМ.

Момчето од времето на Џ.А. стана прв човек на Македонска пошта Регионална дирекција Прилеп.

Низ прилепските политички кулоари до пред извесно време за прв човек на Ј3У “3дравствен дом“ - Прилеп се споменуваше понежен пол-стоматолог ,сопруга на личноста која направи дар-мар во прилепскиот монопол и поизречената судска казна дотичната личност од КПУ “Идризово“, каде сигурно таму ги има полнето реваншистичките батерии се врати на политичката сцена свеж и прилично активен.

Во минута до 12 од Централата од Скопје поставена е исто така понежен пол стоматолог.

Сопругата на тутунскиот бос не мирува и истата сега атакува на Подрачното одделение на Фондот за здравство.

Прилепскиот затвор кој е еден од најобезбедуваните затвори во Македонија диригентската палка му е доверена на професор по физичко воспитание. Значи, професорот на место да вади млади кадри во индивидуалните и колективните спортови кои со тек на време Прилеп достојно ќе го претставуваат како на домашна така и на Меѓународна сцена сега ќе ја “билда“ физичката активност на личности кои се огрешиле пред лицето на правдата.

Во новата гарнитура на прилепскиот монопол се внесени 2 личности кои се на забот на времето или во буквална смисла на зборот кажано се истрошени личности.

Понежниот пол е сопруга на личноста која директоруваше со поранешниотј совет за Радиодифузија и близок роднина на поранешниот прилепски психијатриски градоначалник С.П. втората личност беше во првиот ешалон од времето на директорувањето на некогашниот голман на прилепскиот супер лигаш Тутунски Комбинат. Ова се само дел од кадрите кои се поставени низ прилепските институции.

П.С. За време на излегувањето на овој текст прилепскиот електорат ќе го знае името на потенцијалниот кандидат од редовите на плавите момчиња за татко на Градот под Марковите кули.

Од горенаведениот ростер реално е прилепскиот електорат да очекува плавите момчиња да постават личност каде уште од самиот старт со слабата политички акумулирана енергија ќе го крене белото знаменце во трката за градоначалничката функција на Град Прилеп.

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.