Среда, 13 Септември 2017   
ПОВИК ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА 13, 14 И 15 СЕПТЕМВРИ 2017!

smk-zname
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

11 септември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес и Македонски Манифест се приклучуваат на здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ во организацијата на мирен протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците!

Светскиот Македонски Конгрес, Македонски манифест, здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ упатуваат јавен повик до сите Македонци по род и државјанство на мирен протест пред Собранието на Република Македонија на 13 септември 2017 година (среда), 14 септември 2017 година (четврток) и 15 септември 2017 година (петок), секој ден од 18.00-20.00 часот. Собирно место е во Паркот “Жена Борец“ карши Собранието од 17.30 часот.

Се известуваат граѓаните дека сообраќајницата од Порта Македонија до Градската болница во наведените денови и термин ќе биде блокирана!

Мирниот протест не е против малцинските етнички заедници во Македонија! Протестот е со барање до Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците од Собранието, бидејќи е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството, и секако не смее да се злоупотребува за престојните локални избори!

Доколку Собранието го донесе, организаторите ќе поднесат барање до претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот, а доколку Законот се објави во "Службен весник", организаторите ќе го оспорат пред Уставниот суд на Македонија!

За учесниците обезбедено е озвучување со обраќања на организаторите! Организаторите, исто така, имаат подготвено транспаренти на македонски и англиски јазик со слоганите: “Предавството не е демократија!“ “Законот за јазиците е антинуставен!“ “ Законот за јазиците не е европски закон!“ “Една држава - еден јазик, и дома и во светот!“ “ НЕ, на јазичната федерализација!“ “Македонскиот јазик за сите и дома и во светот!“ “Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!“ “Реципроцитет меѓу Македонија и Албанија!“ “Македонија - унитарна држава!“

Организаторите се оградуваат од можни недолични пароли и расистички скандирања! Добредојдени се сите кои го споделуваат овие вредности и барања! Ве очекуваме!

Споделете ја оваа вест до што повеќе луѓе, на што повеќе социјални мрежи и медиуми.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.