Среда, 13 Септември 2017   
„Македонци против Егзархијата“

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Уставната слобода воведена во Македонија по завршувањето на Младотурската револуција во 1908 година овозможила да се развива политичкиот живот јавно и слободно. Дотогашните илегални и прогонети организации со своето членство станаа легални. Во исто време дојде до значајно политичко и културно просветно движење. Освен политички, се формираа стручни, професионални, фискултурни и културно-просветни организации. Една од најзначајните организации била организацијата на македонските учители.

Првите учителски друштва се формирани на почетокот на училишната година во Прилеп, Неврокоп, Кукуш и Горна Џумаја. Во текот на учебната  1908/1909 година речиси да немало општина без учителско друштво. Тоа ќе овозможи во август 1909 година во Солун да се одржи Основачки когрес на учителската организација.

Во процесот на формирањата на друштвата, на Основачкиот конгрес и подоцна стално доаѓало до кофликт меѓу две струи. Едната, чиј носител била македонската интелигенција, односно домашните учители, се борела за отфрлање на туторството на Егзархијата и превземање на училишните институции, како и против надворешното мешање во животот на Македонија. Втората, чиј носители беа довро платените директори, инспектори, глави учители и т.н., доследно се залагала да се сочува влијанието на Егзархијата.

Прогресивната струја на учителската организација, која полека го презема приматот, меѓудругото развива широка активност и во кампањата за свикување на Македонски црковно-народен собир во Солун. Таа се поодлучно настапувала за раскинување со Егзархијата, како и за обновување на Охридската архиепископија. Централното раководство на организацијата донела одлука за бојкот на егзархискиот орган „Вести“ и за прекин на врските со егзархиските месни преставници (владици и архирејски намесници).

Ваквиот развој на настаните внимателно се следи од Белград и Софија. Белградскиот весник „Политика“, на 13 ноември 1909 година, под наслов  „Македонци против Егзархијата“, ќе пренесе за бунтот во Македонија против бугарската црква и училишта, во кој се вели:

„Софиските весници објавија вест дека охридските граѓани на 6 о.м. испратиле до Егзархијата едно колективно барање во кое се бара веднаш да се повлече охридскиот егзархиски владика Методија од Охрид.

Како мотив за тоа барање, кое го потпишале охридските ... првенци и кое е снабдено со печати на сите нивни општини, се наведуваат разни насилија, злоупотреба и непочитување на општинските права. Против Методија во повеќе наврати се бунеле Охриѓани, но сите тие протести биле неуспешни.Сега, меѓутоа, тие се решени да раскинат и со Егзархијата доколку не биде сменет Методија, па заради тоа се очекуваат големи заплети.

Во Битола 32 (егзархиски – н.з) куќи веќе се одделиле од егзархијата заедно со својот свештеник Стеван и се вратиле во православието. А во Битола и Куманово не работи ни едно бугарско училиште веќе подолго време. Сите тие училишта се затворени поради меѓусебни кавги, спор со Егзархијата и неплаќање на учителите.

Поради ваквите појави бугарската пропаганда е многу загрижена и во Софија се смислуваат нови методи за да се задржат своите поддржувачи во Егзархијата.“

Загриженоста од македонските национални пројави се гледа и кај архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје. Во своето писмо од 25 јуни 1910 година, до бугарскиот егзарх Јосиф I во Цариград, тој за настаните во Скопје ќе го наведе следното:

„Од некое време наваму, како што веќе Ве известив неколку пати, работите во епархијата, а особено тука (во Скопје - б.р.) не одат како што треба. Епархискиот совет, кој, како што Ви е познато, се состои од првенците граѓани, реши да Ви испрати писмо во кое остро ја осудува кандидатурата на поранешниот скопски митрополит Теодосиј, и меѓу другото во протестот, по моја сугестија, пишува: „Револтирани читаме по весниците дека една група безочници сака по секоја цена да го натера населението - гласачите во Скопската епархија да го вратат типичниот инаетчија Теодосиј за митрополит на Скопската епархија. Тоа е истиот оној Теодосиј кој пред 17-18 години сакаше да -ја оддели Скопската епархија од Егзархијата и да се прогласи за независен митрополит. За таа цел тогаш тој направи посебен печат во кој ги избриша светите за нас зборови „Бугарска егзархија" и напечати свои крштелни свидетелства, вули и други документи; не ги исполнуваше окружните писма и распоредбите на Егзархијата и друго. Меѓутоа, бидејќи во тоа време немаше такво антибугарско движење меѓу овдешниве'Бугари, тоа и помогна на Егзархијата да го оддалечи навреме овој опасен расколник и на тој начин да биде зачувано единството на Бугарската црква во Турција. Сега истиот тој расколник, противно на егзархиските интереси, сака да си ја врати епархијата и да ја продолжи својата нечесна работа, да го разедини нашиот бугарски народ. Ние најостро протестираме против поставувањето на неговата кандидатура за скопски митрополит, бидејќи го навредува бугарското чувство на населението."

За жал, Ваше Блаженство, ако Епархискиот совет има такви луѓе со здрав разум, не е тоа случај со некои еснафски средини, кои се под влија-ние на учителот г. Петар Поп Арсов, кој си внушил во главата дека е во-дач на народот. Тој постојано зборува против Егзархијата и нејзиното началство, вклучувајќи ме и мене, и ги поттикнува еснафите да ја под-држат кандидатурата на митрополитот Теодосиј, зашто тој своевремено пострадал бранејќи ги интересите на Македонците.

Не е излишно да Ве известам уште за нешто за кое претпоставувам дека ќе претставува извесен комплот во сета оваа изборна пропаганда. Од некои членови на Советот разбрав дека Крсте Петков, оној што своевремено тргна со „мисирковштината", од некој свој роднина што живее тука, во Скопје, побарал да го поврзе со учителот Петар Поп Арсов во врска со собирање на песни за „Крале Марко" во скопската околија, а господинот Поп Арсов бил љубезен веднаш да се согласи. Ова Ви го пишувам, Ваше Блаженство, како едно оправдано сомневање дека тука оживуваат расколничките сили. Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината" на господинот Крсте, „сепаратизмот" на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј и „автономштината" на господинот Петар Поп Арсов!

На мислење сум, Ваше Блаженство, врз основа на протестот од Епархискиот совет /кој, впрочем, да се објави во печатот/ да се отфрли кандидатурата на Неговото Високопреосвештенство г. Теодосиј, со што би се избегнала една опасност од несетени размери за бугарското дело во Македонија.“

Настаните на теренот и појавата на стариот борец Теодосиј Гологанов ќе ја натераат Егзархијата енергично да делува. Таа ќе го спречи Гологанов во неговите намери, а преку разместувања на учителите конечно ќе ја уништи учителста организација во август 1912 година. Со нејзиното уништување, Егзархијата ќе го расчисти патот на “ослободителите на Македонија“, кои овој пат не задоцнија. Но наместо слобода, Софија, Белград и Атина ја окупираа и поделија Македонија, а последиците од тој чин, до ден денешен, освен Македонците, сите ги чуствуваат.

(извори: М. Пандевски „Од минатото на македонскиот народ“, Скопје 1969, стр.172 – 181, Докуенти, том први, Скопје, 1981, стр. 468 - 469 )

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.