Среда, 13 Септември 2017   
Мухаџирското прашање не го затвори македонското прашање!

svekrva-nova
Свекрва

Спроведувајќи ги плановите наодредени центри на моќ, СДСМ и нивните коалициони партнери во власта, со Законот за јазиците со кој треба да се воведе двојазичност на целата територија на Македонија и Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци,еднаш за секогаш ќе го затворат македонското прашање.

Позади Законот за јазиците и Националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци, која ја турка владата на Зоран Заев мора да има тесна конекција. Инаку зошто некој воопшто би се трудел да го воведе Законот за јазиците, ако на пример во најголем дел од градовите од источна Македонија нема Албанци. Меѓутоа, ако во земјата се овозможи да се населат и интегрираат одредена квота на бегалци врз основа на идни барања на меѓународната заедница (ЕУ, НАТО), кон кои тежнееме, тогаш целта на законот и стратегијата се сосема јасни. Тоа е нарушувањето на етничката и верската хомогеност.

Вило какво дисперзирано населување на странци и бегалци на територијата на земјата, целосно ќе ја наруши демографската слика во Македонија и еднаш за секогаш ќе го затвори македонското прашање. Такви примери се познати во историјата на Македонија. Нив ги превземале Византиците, Бугарите, Србите, Грците и Турците.

Интересен е примерот по промената на курсот на политиката по Младотурската револуција, кога актуелната младотурска власт завзеде панисламски курс. Тогаш Младотурците започнаа насилно одземање на оружјето и населување на муслимански доселеници (мухаџири) во Македонија. 

Белградскиот весник Политика од 20 октомври 1909 година, под наслов „Мухаџирско прашање“, објавува  „зошто Турција населува муслимани по стара Србија и Македонија“. Во овој текст, кој е интересен и од денешен аспект, се вели следното:  

„Во еден од последните броеви на „Тан“ излезе статија на народниот пратеник Џахид беј во кој се зборува за населувањето во Македонија. Најважна страна на тоа прашање, како што се вели во таа статија, е тоа што со населувањето на силни колонии низ Македонија ќе се обезбеди владеењето над Европска Турција и уште ќе се оневозможи четништвото.

До сега, вели „Танин“, комитските чети се јавуваат само во оние места, каде муслиманското население е многу малку застапено или воопшто го нема. Во краевите каде живеат муслимани, па било тоа да се Турци или Арнаути, четите немаат никаква работа!

И тогаш кога групи иселеници муслимани од Босна, Херцеговина  и Бугарија ќе бидат населени во Македонија, така да бидат разместени ни чисто христијански краеви, ќе престане секаква опасност од четите и со ова ќе им биде оневозможено движење Затоа треба на иселениците да им се дадат државни чифлици и да се разместат според планот по центрите во кои има чисто христијанско население.

Во оној ден кога Македонија ќе ја видиме колонизирана со нови муслимански населби, во тој ден ќе биде завршено и македонското прашање - завршува Џахид беј.“  (Политика, 20.10.1909 г.)

Инаку во период пред Балканските војни, востанатите Албанци во преговорите со официјалните лица на Портата не дозволуваат турските власти да испратат чиновници кои не го говорат албанскиот јазик. Поради бунтовите и разбојништвата во Албанија, со мухаџирите во Македонија се населува и нивното мирно население. Балканските војни (1912 и 1913 г.) ќе го спречат доселувањето во Македонија и еден дел од доселениците заедно со Турците ќе избегаат пред сојузничките армии према Тракија и Цариград, но земјата ќе биде поделена меѓу таканаречените ослободители (Србија, Грција и Бугарија).

Може да се каже дека целта и тогаш и денес е иста - решавањето на македонското прашање. Македонија во минатото помина низ многу тешкотии, а во поновата историја бевме домаќини на многу бегалци: војната во Босна (1993), Косовската криза (1999), внатрешно раселени лица од конфликтот во 2001 година и најновата во 2015 кога низ Македонија поминаа огромен број на бегалци и мигранти.

Горенаведениот пример и искуствата со бегалците треба да бидат опомена. Мухаџирското прашање не го затвори македонското прашање, ниту било што да се преземе нема да го искорени македонскиот народ од соспствената земја.

Иако, актуелната власт се обидува да ги прикрие  своите активности, обичниот народот тоа добро го знае па веќе презема мерки (референдуми) за да спречи било какво разместување на бегалците по нивните градови. Сепак, за да се спречи законот за јазиците и стратегијата, македонскиот народ треба силно да одговори на актуелната власт на локалните избори.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ кој знае да се носи со сите предизвици на модерното време, очигледно е дека СДСМ нема капацитет или е заложник на туѓи интереси. Тоа е карцином кој набргу може да метастазира, а за да не дојде до поголема ескалација мора многу бргу, уште во октомври да се острани од здравото тело. Време е народот тоа да го реши.

 

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.