Среда, 04 Октомври 2017   
Ревидирање на историјата за да се скријат злосторствата од минатото!

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Денес две држави од соседите кои учествуваа во поделбата на Македонија во 1913 година, бараат ревидирање на македонските учебници по историја, а Владата на СДСМ е можеби единствена власт во светот која прифаќа соседите да им ја пишува историјата. Најпрво со договорот за добрососедство со Бугарија е предвидено ревидирање на историјата и промени во учебниците, а такво нешто најави и Атина.

И двете земји имаат причина да бараат ревидирање на историските учебници, зошто во нив не се говори како што тие велат само за македонскиот иредентизам, туку и за злосторствата извршени врз македонскиот народ. 

Имено, геноцид преставува меѓународно злосторсво кое се состои во намерно целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или верска група со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно целосно или делумно истребување. Геноцидот, чиј термин е усвоен на заседанието на Генералното собрание на ООН, спаѓа меѓу најтешките злосторства против човештвото.   

Во македонските историски учебници може да се сретне дека во различни периоди од историјата на Македонија се забележани повеќе елементи на извршен геноцид врз македонскиот народ. Особено тој е изразен по Балканските војни (1912 и 1913) и Првата светска војна, кога по поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година, во сите три дела на поделена и поробена македонскиот народ македонскиот народ е подложен на истребување.

Елементи на геноцид сретнуваме во преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на Договорот за размена на населението меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Потоа за време на Втората светска војна најпознат пример е Холокаустот, кога 7200 Евреи само од Скопје Штип и Битола беа депортирани во логорите на смртта, како и од Тракија и Егејскиот дел на Македонија со што бројката изнесува на 11.200.

По Втората светска војна поизразен геноцид се забележува кога близу 100.000 Македонци се протерани од Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна во Грција (1946 -1949). Во текот на 1947 г. во Грција влегоа англо-американските трупи и учествуваа во војната во која згаснаа 160.000 човечки животи. Исто така, по завршувањето на војната, грчката власт преземаше присилни мерки за целосна асимилација на Македонците и за непризнавање на нивниот етнички идентитет.

Според информациите кои доаѓаат од Атина, Зоран Заев во името на добрососедството дал согласност грчката влада да интервенира во македонските учебници за историја. Тоа значи дека дека Македонците нема да имаат право да ја изучуваат македонската историја која се однесува на целата територија на географска Македонија, но и да ги користат историските мапи на кои е прикажана етничка и географска Македонија. 

Во тој контекст, доколку ова биде прифатено, Македонците ќе немаат право во своите учебници да пишуваат дека во главниот град на Македонците Солун на 23 октомври 1893 година била формирана Македонската Револуционерна Организација. Исто така нема да можат да пишуваат за граѓанската војна во Грција, за децата бегалци, за непризнавањето на македонскиот народ и т.н.

Македонските историчари единствено ќе можат да пишуваат само она што ќе им биде дозволено од Софија и Атина. Ако се знае дека, особено последната не го признава македонското име, идентитет, јазик и култура, тогаш во македонските учебници нема да може да стои ,акедонска историја, македонски народ, македонски јазик, Македонска православна црква, македонска култура, македонски топоними, туку сосема нешто друго.

Со тоа се рушат темелите на македонската држава. Ако немаш македонско име, ако немаш македонски јазик, тогаш немаш македонска држава. Но тоа ништо не му значи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој залуден дека брзо ќе влезе во ЕУ и НАТО, ако ги одоброволи соседите, упорно работи на дезинтеграција на македонската држава.

Се говори дека ќе се пишува заедничка историја со Софија и Атина, во која ќе се избегнат термините и настаните кои навредуваат или го разгоруваат недоразбирањата меѓу соседите. Меѓутоа, веќе таква историја е напишана и таа сигурно му преставува водилка на Заев за да се осмели да се дозволи ново ревидирање на македонската историја.

Имено, во 2007 година со подршка на УСАИД, Германија, се објавени Историски читанки (4) на Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа и ФИООМ (Сорос), во кои експерти од 11 земји ја пишуваа историјата како алтернативен материјал за настава по историја во Југоисточна Европа. Меѓутоа, при составувањето на учебниците, толкувањето на заедничкото минато и начинот на предавањето на историските содржини во училиштата предизвикуваа вжештени дебати не само во земјите кои се соседи, туку и во рамките на една иста држава. Иако целта на овие прирачници не беше тие да ги заменат учебниците по историја кои се во употреба во училиштата, ниту, пак, претендираа да дадат кохерентен приказ на историјата на Југоисточна Европа од XIV век до денес, туку се сакаше да се даде едно ново испишување на историјата преку нови методи, а не преку нови содржини, овој проект кој беше започнат уште во 1999 година не даде некој голем резултат.

Согледувајќи ги реакциите на македонската научна фела, никој не верува дека ова што го ветува Заев ќе има успех, зошто ниту еден од соседите нема ниту да ја признае вината ниту да се извини за злосторствата што ги има направено во минатото на целата географска територија на Македонија. Напротив тие ќе бараат да се измени историјата и да се избришат сите траги од кои се гледа нивната вина за она што го имаат направено врз македонскиот народ.

Зоран Заев според постапките е спремен да направи велепредаство и да им излезе во пресрет на сите кои ќе побараат нешто од него само да остане на власт. Тој најави употреба на албанскиот јазик на целата територија на земјата, потоа дислоцирање на спомениците и преименување на објекти кои ги иритираат соседите, како и ревидирање на историјата и остранување на дел од единици од македонската историја кои ги навредува соседите и т.н. Прашањето кое само се поставува што ќе прави ако некој побара од соседите со Музејот на македонската револуционерна борба и Музејот на холокаустот на Евреите во Скопје, каде лежат главните докази за злосторствата на поедини народи кои и те како иритираат!?

За да спречат сите негови глупости во кои ја вовлече земјата, македонскиот народ мора да го спречи. Доколку сакаме да ја сочуваме државата, народот треба да ја подржи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која мора да ги добие овие локални избори, зошто се клуч за предвремени парламентарни избори во пролетта 2018 година.

 

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.