Среда, 11 Октомври 2017   
ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО СИДНЕЈ

Прилепската вечер беше одржана во просториите на Фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН во Рокдајл, со богато мени и извонреден настап со македонски песни на македонскиот пеач Јордан Митев.

Присутните ги поздравија македонскиот амбасадор Веле Трпевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски, претседателот на Прилепското друштво и директор на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија Гоце Мургоски, и потпретседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија Стефан Каранфиловски.

Присутните поминаа прекрасна вечер која долго ќе се памети.

Го пренесуваме во целост поздравниот говор на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски.

- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Ваша екселенцијо господин Веле Трпевски, амбасадор на Македонија во Австралија, Почитувани пријатели од Австралија, Во Балканските војни 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршија окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ. Во армиите на овие окупатори, мобилизирани се околу 100.000 Македонци од окупираните делови на Македонија: Бугарија регрутира 33.000, Грција 20.000, а Србија 53.000 Македонци. Мобилизираните Македонци, за жал, учествуваа во најкрвавите воени судири во текот на Балканските војни и Првата светска војна. Брат со брат, татко со син, се убива меѓусебе, за туѓи и други, мобилизирани во окупаторските армии во Македонија!

По фашистичката агресија, во Втората Светска Војна, Македонија повторно е окупирана од Италија и Бугарија. Како и во Илинденското востание на 2 август 1903 година, Македонците повторно ја започнаа анти-фашистичката и национално-ослободителна војна на 11 октомври 1941 година. На тој ден Прилепскиот партизански одред “Гоце Делчев“ го изврши нападот на бугарската полициска станица и затвор, и ги прекина телефонските врски и електричната инсталација во Прилеп.

Ако Крушевската Република од 3 до 13 август 1903 година беше круна на Илинденското востание, Првото заседание на Анти-фашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во македонскиот манастир Свети Отец Прохор Пчињски беше круна на востанието на Македонскиот народ во Втората Светска Војна. Манифестот на АСНОМ повикуваше на ослободување и обединување на сите делови на Македонија и на Македонскиот народ, во етно-историските граници на Македонија. Македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија, Втората Светска Војна ја заврши со околу 25.000 загинати борци и жртви. Вечна им слава и помен на сите загинати учесници во вооруженото анти-фашистичко и национално-ослободително востание на Македонскиот народ. Вечна му слава и помен на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, роден на 17 август 1902 година, а упокоен на 24 јули 1957 година. Годинава 2017, се навршија 60 години од неговата смрт. Го продадоа нашите. Вечно ќе останат врежани во меморијата на Македонскиот народ неговите зборови: “Не верував дека моите ќе ми судат за Македонија!“

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, 11 октомври е симбол на македонската борба за слобода. 11 октомври е ден кога повторно се возобновени темелите на Македонската држава. Наша должност е да ја чуваме Македонија: слободна, суверена, самостојна и независна, затоа што преголем е бројот Македонци кои го дадоа својот живот за државата и за слободата.

11 октомври денес е државен празник на Македонија - Ден на народното востание на Македонскиот народ.

Во името на Светскиот Македонски Конгрес формиран 1899 година во Женева, Швајцарија, возобновен во 1990 година, како прва и единствена меѓународна невладина непартиска и непрофитна организација, и како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Ви го честитам Денот на востанието на Македонскиот народ, на Прилепската група во Сиднеј и на сите Македонци во Австралија, во Македонија и во светот.

Ништо помала не е нашата одговорност денес, иако далеку од родната Македонија, за судбината и иднината на татковината, исправена пред големи предизвици и искушенија! Имаме обврска во името на сите загинати, убиени и упокоени, знајни и незнајни јунаци и борци за слободата на Македонија во сите војни и востанија, да повикаме на семакедонско помирување и обединување во еден и единствен Светски Македонски Конгрес, затоа што заедно сме посилни, затоа што силата е во единството!

Со сите разлики меѓу нас Македонците во Австралија и во светот, САМО Македонија е нашиот заеднички именител, САМО Македонија е нашиот заеднички содржател! Ако ја изгубиме Македонија, ќе не снема и нас Македонците во светот.

Ние сме против договорот меѓу Македонија и Бугарија од 1 август 2017 година! Ние сме против албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Македонија. Ние сме против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Ние сме лојални државјани на Австралија, но гордо велиме дека името на нашата татковина е Македонија, ние сме Македонци, иако наш службен јазик во Австралија е англискиот, нашиот мајчин јазик е Македонскиот!

Ве поздравувам во името на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес господин Тодор Петров, и уште еднаш Ве повикувам Вас и сите Македонци и македонски организации во Австралија - Да се обединиме во единствениот Светски Македонски Конгрес - Австралија! Комуницираме на социјалните мрежи, но тие не се регистрирана организација. Организација која треба да ги обедини сите Македонци во Австралија е Светскиот Македонски Конгрес - Австралија. Јас како претседател на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија заедно со членовите на Извршниот комитет, Ви посакуваме пријатна вечер и добро расположение. Нека Господ Бог не благослови сите нас, нека Господ Бог ги благослови Македонците во Австралија, во татковината и во светот! - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски.

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.