Среда, 18 Октомври 2017   
Отечествениот фронт за Македонското прашање

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во процесот на формирањето на балканските нации во текот на 19 и почетокот на 20 век, Македонците беа попречувани од соседните самостојни балкански држави, кои под форма на помагање на народноослободителната борба на македонскиот народ, одеа само по своите себични цели и врз грбот на Македонците водеа меѓусебна борба за превласт на Балканот. Така Македонија ја претворија во крваво боиште на кое се водеше пресметка меѓу Србите, Бугарите и Грците, околу тоа кој ќе ја земе територијата на Македонија или само еден нејзин дел. За таа цел се водеше и борбата за приклучување на македонскиот народ кон својата нација, притоа негирајќи го постоењето на македонскиот народ.  Така Македонците до ден денешен останаа најоспоруваниот народ на Балканскиот Полуостров.

Во текот на Втората светска војна, македонскиот народ како дел на антифашистичкиот сојуз, со својата борба го избори своето право на сопствена држава. Меѓутоа, и покрај тоа што во таа борба беа на иста страна со бугарскиот Отечествен фронт, истиот првично го негираше постоењето на македонскиот народ.

Имено, Отечествениот фронт започна да се создава по иницијатива на БРП во 1942 година како широка политичка организација на патриотски, демократски и антифашистички сили на Бугарија. Неговата програма беше составена и прифатена од Задграничното биро на БРП. Во август 1943 година е формиран Национален комитет на ОФ од претставници на БРП, леви земјоделци и политички круг „Звено", а подоцна и од други. Главен збор во него имаа претставниците на БРП. Во декември 1943 година, Националниот комитет на ОФ издаде декларација за македонското прашање по издавањето на Манифестот од Главниот штаб и поддржувањето на II заседание на АВНОЈ. Таа е спротивна на програмата изнесена во Манифестот и на одлуките на АВНОЈ.

Во декларацијата Отечествениот фронт се вели:

Македонија е јаболко на раздорот за балканските народи. За неа се пролеаја реки крв: четничкото движење против турската држава, Илинденското востание и меѓусебното истребување на бугарските, српските, грчките и албанските чети. Балканската војна, меѓусојузничката, учеството на балканските држави во Првата, како и во оваа светска војна, сето тоа мошне многу ја опустоши Македонија, наместо да донесе нејзина слобода и независност, ја претвори во земја на страдање и уништување.

Пред Македонија мирно и со страхопочит се клања секој Бугарин. Таа е лулка на бугарската преродба и нејзината стара и најнова историја е исполнета со делото на првоапостолите Кирил и Методиј, со вдахновението и творештвото на низа културни и црковни првенци. За време на турското ропство Бугарите и Македонците водеа заедничка борба за ослободување. По создавањето на слободна бугарска држава судбината на поробена Македонија беше секогаш блиска до срцето на бугарскиот народ и тој скапо плати за нејзиното ослободување. Знаменити ќе останат ослободителните борби на населението од Македонија и Одринско. Меѓутоа, како самостојните борби на тоа население, така и водените војни за неговото ослободување не ја подобрија, туку ја влошија судбината на Македонија и Тракија. И тоа се случи поради тоа што малите балкански државички во своето соперништво и поради слепотијата на нивните раководители го напуштија здравиот пат кој водеше кон слободна и независна Македонија. Како Бугарија, така и другите балкански држави, скапо и прескапо ги отплатуваат и ги исплатуваат своите страсти и направените историски грешки кои ги мотивираат проклетствата на поколенијата и пресудата на историјата.

Има ли надеж да се стави најпосле крај на голготата на балканските народи? Таа надеж лежи врз принципите легнати во основата на Атлантската повелба, која ја гарантираше стопанската, политичката и културната слобода на народите. Атлантската повелба беше прифатена и од Советскиот Сојуз, кој не можеше да не игра видна улога во повоеното уредување на светот и особено на Балканот.

За балканските народи има само еден пат за договор и мирно уредување на меѓубалканските прашања. Тој пат ни го покажуваа Раковски, Каравелов, Левски, Ботев, како и српските општественици Светозар Марковиќ, Гарашанин и други. Тој пат се заборави.

Бугарската царска влада ја вовлече Бугарија во Оската, ги пропушти германските војски на Балканот, испрати окупаторски корпуси не само во Македонија туку и во другите делови на Југославија и Грција. Таа влада сметаше дека е поволен момент да се вклучи Македонија во пределите на бугарската држава. Таа заборави дека Хитлер во својата книга „Мојата^борба" проповедаше „национал-социлистичка Германија да биде господар на светот", дека раководен од тоа империјалистичко гледање тој не се церемонеше и во март 1941 година ја призна по договор цела Македонија со Солун за дел од Југославија. Само превратот на генералот Симовиќ ја спречи таа шерлохолмска трансакција на фирерот.

За да се избегнат какви било нови историски грешки и да се даде едно цврсто смирување на Македонија, Отечествениот Фронт ја дигна паролата „Македонија на Македонците". Со таа парола се стави крај на соперништвото меѓу балканските држави. Никаква измена на сегашната распокинатост од непријателите на Македонија, ниту пак целосно присоединување кон која било од балканските држави. Единствено спасувачко решение е целосна, слободна и независна Македонија. Само така таа ќе престане да биде јаболко на раздорот и ќе се претвори во здрава обединувачка алка меѓу балканските народи.

Советскиот Сојуз и силите на демократијата ќе бидат гаранција за една Слободна и Независна Македонија. За постигнувањето на таа голема историска цел се наметнува да застанат на чело на балканските држави вистински народни влади, туѓи на какви било империјалистички интриги, кои ќе го бранат принципот на независноста и самопределувањето на балканските народи.

Граѓани од сите балкански земји, да се бориме со сите сили за брзото симнување на фашистичките влади и воспоставување на народна демократска власт на Балканот! Преку својот Отечествен фронт бугарскиот народ апелира кон сите свои соседи да се обединат околу таа единствена спасоносна парола. Да живее слободното самоопределување на Македонија! Да живее братската спогодба на Бугарија со балканските народи!“  (АМ. - Ф. НОЅ, К.34,-арх. 6р. 283.)

Оваа декларација беше првиот документ на Отечествениот фронт во кој се изјаснува по македонското прашање. Меѓутоа, двосмисленоста на овој документ е очигледна. Во целиот документ се говори само за Македонија, но никаде не се споменува или признава македонскиот народ, туку само население. Подвлекувањето дека Македонија била „лулка на бугарската преродба ", како и тоа дека балканските војни (1912 - 1913) и Првата светска војна (1914-1918) година се воделе за ослободувањето на Макед(онија), а не за поробувањето, покажува дека во тоа време ОФ не признава постоење на македонскиот народ.

Издигнатата парола за самоопределувањето на Македонија, а не на македонскиот народ  значи фактички не признавање самоопределувањето што е спротивно и на документот издаден после московската конференција и Техеран, каде јасно и гласно се загарантира, слободата, независноста, самоопределувањето на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи, спротивно на политичката и културна слобода на народите Атланската карта.

Со мали исклучоци во одреден период (1945 - 1948), оваа политика на Софија за негација на македонскиот народ продолжи до ден денес.

 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.