Среда, 01 Ноември 2017   
Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Говорот по повод педесетгодишнината на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во кој претседателот Таки Фити го истакна славјанството и неговата важна улога во постанокот и опстанокот ма македонскиот народ, како и најавите кои доаѓаат од Министерството за култура за остранување на повеќе споменици од проектот „Скопје 2014“ („Александар“, „Филип“, портата „Македонија“ и др.), укажува дека новата власт предводена од Зоран Заев го започнува процесот на уништување на македонизмот.

Ваквиот став преставува враќање назад кога во времето на социјализмот македонската историја започнуваше со доаѓањето на Славјаните на Балканот и се потенцираше само значењето на мисијата на св. Кирил и Методиј, потоа Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија и др. Во таа историја бегло се избегнуваше античкиот период од времето на Александар, како да е тоа друга цивилизација која егистирала на овој простор и која воопшто немала врска со денешниот македонски народ.

Имено, во тој период, под диктат од Белград, македонска историја се пишуваше така за да не се иритираат соседите, особено Грција. Меѓутоа, денес кога велиме дека Македонија е независна и суверена земја, незамисливо е под диктат на Атина и Софија да ја редефинираме македонската историја. Нивното барање да се отсранат спомениците на Филип и Александар бидејќи наводно биле дел од грчкпто културно наследство, како и да се избрише зборот македонски секаде каде што постои, значи да ги исечеме сопствените корени од кои ја црпиме својата животна енергија и сила. 

Под притисок, уцени и закани на соседите и меѓународната заедница, новата власт на Заев ја свитка кичмата и се спрема да напише нова историја. Оттука таа ги разгледува можностите за  остранување на спомениците, а можеби и низа документи каде се спомнува зборот македонци, македонски јазик, македонска држава и т.н. Но колку и да се обидуваат денешните власти да го избришат македонизмот, историјата покажала дека Македонецот на овие простори и покрај сите обиди за негова асимилација останал од антиката до денес, секогаш поврзувајќи се со Александар и Филип. Тоа никој не може да го смени и така ќе остане во иднина.

Тоа го покажуваат низа историски споменици. Така на пример во правилата на Македонскиот востанички комитет од 1878 година, меѓудругото стои: „Ние востанавме како поборници на слободата. Со наша крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со наша девиза „Слобода или смрт!“  Потоа, во 1880 година во протоколарното решение на привремената влада на Македонија „Единство“ се вели: „.. единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики е лишена од секаква помош..“.

Бројни се примерите каде македонскиот народ во својата борба за слобода и создавање на самостојна и национачна држава ја поврзува својата историја со древните Македонци, со Аристотел, Филип и Александар, но и со Самуил, Кирил и Методиј, Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија. 

Сепак, денешната ситуација во Македонија, најдобро ја отсликува Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година во кој се вели:

„Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги  и Аристотеловата просвета го цивилирала човештвото и Азија.. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица, толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа денес е само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат прикриени со покривот на заборавот. Гробот и’ го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина... Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковина!

Зае ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“

Овој манифест покажува дека историјата како да ни се повторува. И денес имаме Македонци кои заборавиле на своето потекло, на Александар, Филип, Аристотел, Кирил, Методиј, Гоце Делчев, Ќосето, Мајка Тереза и т.н.

Денес бескичмената врхушка на СДСМ без срам ја распродава земјата. Тоа се лица кои ја напуштиле својата мајка Македонија. Но, таквото однесување на Заев ќе ги обедини Македонците и ќе дојде денот кога тие ќе тргнат да ги избркаат убијците од оваа земја, на луѓето кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.