Среда, 01 Ноември 2017   
Одговорноста за иднината на Македонија во рацете на СДСМ

svekrva-nova
Свекрва

Според изборните резултати од двата круга на локалните избори СДСМ ќе раководи со 57 општини, ВМРО ДПМНЕ во 5, ДУИ во 10, Алијансата на Албанците во 3, БЕСА, ДПА и ДПГ во по 1, а кандидати предложени од група избирачи во 3 општини. Со оглед дека СДСМ сега е водечка партија која ја има власта на национално и локално ниво, таа ја има и најголемата одговорност пред граѓаните во државата.

Додека ВМРО ДПМНЕ ќе закрепнува од изборниот пораз, дотогаш СДСМ до крајот на годината ќе треба да реши многу витални прашања за иднината на македонскиот народ. Таа треба да го исполни договорот со албанските партии во врска со Тиранската платформа, да го ратификува договорот со Бугарија и да го реши спорот со името.

Сепак најважаното прашање, за кое таа нема да се ангажира во овој момент е вртоглавиот пад на економијата. Причината да се запостави ова прашање е затоа што со сиромашен и зависен народ најлесно се манипулира и тогаш можат да се спроведат многу полесно првите три активности кои им се наложени од центрите на моќ.

Додека ВМРО ДПМНЕ се опоравува по изборните резултати од минатогодишните декемвриски парламентарни и сегашните локални избори, без некаква моќ и одговорност да ја спречи погубната политика на премиерот Зоран Заев, режимот на СДСМ се спрема да ги урива спомениците од проектот Скопје – 2014 и да го реши спорот за името со Грција.  

Врхушката на СДСМ веќе најави дека до крајот на годината ќе започнат нова рунда преговори со Грција и дека се очекуваат нови предлози за името, за што е договорено со грчкиот премиер Никос Коѕиас на средбата на почетокот на септември во Скопје.

Но, од Грција доаѓаат измешани пораки, од пријателски до уцени и закани. Додека едни разговараат за градење на мерки на доверба меѓу двете земји, други го обвинуваат Скопје за иредентизам и крадење на грчаката историја. Ако порано грчката војска скандираше дека ќе им ја одере кожата на Скопјени, сега при прославата на националниот празник „Охи“, за време на парадирањето по улиците на Солун, грчките војници рецитираа: „Александре разбуди се и дојди да видиш! Името го крадат на твојата света земја“.

Очгледно е дека постојат разлики меѓу политичарите во Атина во однос на прашањето за името, но сепак превагнува онаа група која му се заканува на Скопје дека со своето „иредентистичко однесување го поткопува европскиот курс“ на земјата.

Во тоа предводи претседател на Грција Прокопис Павлопулос кој постојано потврдува дека за влез во НАТО Грција нема намера да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Идентичен е ставот и за почеток на преговорите за членство во ЕУ, каде Грција тврди дека Македонија не ги исполнува критериумите Имено Павлопулос и други политичари го окривуваат Скопје дека ја фалсификува историјата и дека со таквите ставови не може да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Според Павлополус грчкото вето е ставено и за него не може да се преговара.

Ако тврдото крило во Атина има ваков став, како тогаш врхушката на СДСМ мисли да ја надмине црвената линија на Атина, Слично како и со Бугарија, обидите со посебен комитет да се направи ревизија на учебниците по историја за да се надминат несогласувањата многу тешко ќе помине, познавјќи ги соседите и нивните тврди ставови. Ако и дојде до усогласување според грчките црвени линии тогаш значи дека ние сме се откажале и од името и од идентитетот.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вели дека нашата земја е дар од Бога, но дека проблемот е што сме избрале погрешен кум. Меѓутоа, ако е таа така, без разлика кој е кумот, кој сме ние, кој е Зоран Заев, тој божји дар да го отфрли и да го смениме името.

За жал, тие што се осудуваат да го сменат името се безбожни чеда, луѓе на кои ништо не им е свето.. А вистинските Македонци не сакаат да се преговара за името и неговиот идентитет. Истовремено тие се прашуваат кој му дал право на било кој македонски политичар да преговара за името. Не значи, ако СДСМ победи на последните парламентарни и локални  избори дека со тоа има добиено мандат да преговара и да го менува името.

Точно е дека одговорноста е во рацете на СДСМ, но тоа не значи дека ја ослободува ВМРО ДПМНЕ. Иако таа денес е во опозиција, тоа не значи дека сега треба да молчи и да се крие зад изборните резултати, божем тоа е вољата на народот. Напротив сега треба жестоко да го крене гласот и да го предводи македонскиот народ во сочувување на името и идентитетот,  

Нашето име е Македонија. Ние сме Македонци и ако дозволиме сегашната актуелна власт тоа да го смени, да го отфрли божјиот дар кој сме го добиле, тогаш божјата казна ќе биде голема за македонскиот народ. 

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.