Среда, 08 Ноември 2017   
Со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ од власт заврши времето на културата

svekrva-nova
Свекрва

Деновиве имавме уште еден удар по македонското национално битие кое за жал не доаѓа од надвор туку од врхушката на СДСМ. Имено, Мирослав Грчев кој ја предводи комисијата при Министерство за култура, за ревизија и дислокација на повеќе историски споменици од проектот Скопје 2014, за српските медиуми ќе изјави:

„Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација, и македонска култура, македонски јазик, сите македонски симболи, сите македонски уметнички достигнувања“.

Скандалозната и срамна изјава на архитектот Мирослав Грчев со која отворено се негира постоењето на македонски народ и култура се само дел од стратегијата која ја спроведува марионетска влада на чело со премиерот Зоран Заев, со цел Македонија да влезе во НАТО,

За да го реши спорот со името со Атина, сегашната актуелна власт на СДСМ презема секакви активности. Така по прифаќањето на Тиранската платформа и потпишувањето на договор за добрососедство со Бугарија, премиерот Заев превзема нови чекори со кои се брише македонското име и идентитет. Се најавува рушење на историските споменици од проектот Скопје 2014, а се повеќе медиуми се обидуваат да докажат дека македонски народ не постои.

Со доаѓањето на Зоран Заев на власт, времето на градење престана, а се најави време на уривање. Всушност, со заминувањето на ВМРО ДПМНЕ од власт заврши времето на културата, а по доаѓањето на СДСМ на власт започна времето на вандализмот. А негов промотор е Мирослав Грчев кој со својата изјава зададе сериозен удар по националните интереси на македонската држава.

Дека врхушката на СДСМ се припрема да ја свитка кичмата и да го смени името, а со тоа и идентитетот на македонскиот нерод, не говори само изјавата на Грчев, туку потврди доаѓаат и од Атина. Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчкиот весник изјави дека неговата Влада има намера да го реши спорот со името со Македонија во текот на првата половина на 2018 година инаку ќе има „големи компликации“.

Изјавата на Коѕиас дека или ќе се реши името или ќе има големи компликации, укажува дека меѓу Атина и Скопје постои некаков договор и дека со оглед на црвените линии на Грција ни престои тензично време во кое ќе се вршат притисоци и заплашување на македонскиот народ со цел да ги прифати договорените промени.

Во тој контекст, може да се гледа амнестијата на повеќе криминалци, кои денес слободно шетаат низ главниот град и се однесуваат како во Дивиот Запад. Грабежите, оружените пресметки и убиства во последно време стануваат се почести. Исто така, по пресудата за учесниците на терористичката група во Диво насеље, тензиите дополнително се креваат.

Во процесот за креирање на страв и несигурност меѓу населението, СДСМ го надополнува со изјавата за можно вмешување на Русија за да се спречи Македонија да стане членка на НАТО. Во интервјуто за црногорското радио „Антена М", премиерот Зоран Заев вели дека Русија најверојатно жестоко ќе реагира кога ќе дојде време Македонија да влезе во НАТО, но дека тој е подготвен бидејќи Македонија друга алтернатива нема освен влез во НАТО.

Меѓутоа, СДСМ заборава дека цената која ќе ја плати македонскиот народ е премногу голема. Со оглед дека ваквата стратегија се спроведува веќе подолго време (шарената револуција, т.н. бомби, Пржино 1 и 2), по што успешната влада на ВМРО ДПМНЕ која не сакаше да ја витка кичмата беше со сила симната од власт, тогаш не е ни чудо што младите масовно бегаат од земјата, што нема нови инвестиции и македонската економија тоне.

Ако се има во предвид искуството на грчките трговци, потоа на искусната дипломатија на Атина, тогаш со ваквата стратегија на Заев, македонскиот народ ќе остане со куси ракави, односно ќе дојде време кога ќе треба самиот да се избрише од картата на Европа.

Меѓутоа, надежта последна умира. Мудроста на македонскиот народ е голема и тој е свесен за своето потекло и за својот идентитет. Тој нема да дозволи некој друг да му ја крои иднината. Македонското сонце повторно ќе изгрее на целата територија на Македонија.

Времето на ВМРО ДПМНЕ многу брзо ќе се врати, а вандалите на чело со Грчев ќе заминат во историјата како предавници засекогаш.

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.