Петок, 17 Ноември 2017   
Јас сум Македонка, имам своја историја, култура и обичаи и никој нема право да ме нарекува поинаку

Vesna Manevska AtanasovskaВесна Атанасовска

Јас сум Македонка, имам своја историја, култура и обичаи и никој нема право да ме нарекува поинаку од тоа како што јас се чустувам. Тоа е мое меѓународно право, човеково право, но тентенционозно ова право политиката постепено ми го одзема.

Во сите овие години независност на Р.Македонија политичарите беа себични, во политичката функција го гледаа индивидуалниот напредок и кариера, а не еманципацијата на Македонија, нормално со чесни исклучоци. Многу од нив се недоносени политички деца кои профитираа дебело од транзицијата. Изолацијата во кабинетите и самобендисаноста не донесоа резултати и единство. Пред партискиот интерес треба да биде државниот, кога оваа декларативна заложба ќе стане практична тогаш ќе бидеме единствени. Некоја политичка гарнитура се обиде во ОН да дозволи да не нарекуваат во меѓународната употреба под привремената и срамна референца ПЈРМ. Република Македонија е примена како членка на ОН под скратеницата ПЈРМ со што Обединетите Нации ја прекршија сопствената Повелба во која се вели дека секоја држава се зачленува под името кое е запишано во апликацијата за прием. Молбата на Република Македонија за прием во друштвото на ОН беше под уставното име. Референцата е преседан на ОН и оваа грешка мораат да ја корегираат бидејќеи ги прекршија бескруполозно сопствените закони освоени во Повелбата за еднаквост на сите народи во светот. Оттаму, произлегува и реалноста дека Македонија решението мора да го бара во Обединетите нации, а не преку „разумен компромис“ со Грција.

Македонија е призната од над стотина членки на ОН кои не имаат признато под уставното име и ова е достојно за почит.

Европската унија и Нато се само интерес за државата за која сите ние се залагаме но цената за овој интерес е смена на името на државата. Што ако ЕУ и НАТО на долги стази во иднина престанат да постојат како такви организации, а ние се осмелиме да го промениме уставното име на државата . Власта има легалитет да преговара бидејќи е легално избрана на демократски избори но нема легитимитет да одлучува за национални прашања и промена на името на државата. Од друга страна Грците не третираат како да сме на продажба, како фабрика која пропаднала во транзицијата. Се запрашав да не се подготвува некој тендер за продажба на Македонија за половина милијарда евра на кој ние треба да конкурираме, а нормално ако ги исполниме условите на креаторите односно на Грците можно е тендеров да го добиеме. Да се приватизираме како држава со тоа што исто како и оние големи индустриски капацитети да почнеме одново да ја градиме историјата на државата. Ова не е предлог ова е потценување. Уставот во кој јасно е изразен стремежот и борбите на сите генерации Македонци кои имаа цел да ги задоволат основните човечки и цивилизациски норми. Никој нема право да ја брише нашата историја и да ја загрозува нашата иднина и иднината на нашите потомци. Несмееме да дозвилиме да газиме по гробовите на оние кои далеку во полоши услови од сегашниве го дадоа животот за да опстоиме како нација и слободно да живееме. Ако и тие беа како некои денешни политчари, побитно да им беше да излезат од сиромаштијата (влез во НАТО И ЕУ) се сомневам дека можеби ќе бевме денеска потурчени или можеби ќе бевме Бугари, Срби или Грци.

Да не бидам погрешно разбрана, Македонија треба цврсто стои на својата европска и евроатланска интеграција, ние исполнивме скоро се што се побара од нас како држава, но во секоја работа треба да се биде умерен. Затоа постојаното потсетување бидете флексибилни и решете го проблемот со името е легитимно право, но пречестото манипулирање со него би можело да се квалификува како постојан притисок врз државата и граѓаните но и како уцена.

Она што е потребно сега со цела наша енергија и посветеност со сите демократски сретства да ја извојуваме и последната битка за нашата Македонија. На минатото да му ја обезбедиме иднината и никакви додавки и придавки да не дозволиме да бидат прикачени на уставното име на Р.Македонија.

 

На прво место

Историја

News image

Што преставуваше Бугарија за Македонија

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососе...

Иселеници

News image

ВИСТИНАТА ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ГРЧКАТА ДРЖАВА

Неодамна на интернетската мрежа изненадно се појави видео ...

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката...

Фељтон

News image

Александар Македонски (28)

Кога Александар се укотви, го испрати Парменион со мал дел од војската да го најави ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.