Среда, 03 Јануари 2018   
Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа

kongres12
Манојил (Мане) Јаковлески

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2018 г. ВЕСЕЛИ  БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

СО  БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ  НЕКА Е СРЕЌНА И  БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2018 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

Еве и Новата Година ни дојде, избега уште една, и успешна и плачлива и добра и лоша година, и тоа од оние поголемите години, кога се случуваат милиони нешта, година од оние што се забележуваат.

Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа.

Во Новата 2018 година да посакаме да се постигне политичко единство, во име на оваа и сите идни генерации, во име на оваа наша Македонија.

Македонската  историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане.

Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени.

Да се промовираат решенија, економска стабилност и уште повеќе инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот.

Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија.

Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон Евроинтегрирањето.

Ја прославивме Новата 2018 година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин.

Да ги отвориме срцата и да посакаме Македонија да продолжи со успесите и подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце.

Браќа и сестри, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2018  ГОДИНА ВЕСЕЛИ  БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!

 

 

На прво место

News image

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ

ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ ТВРДИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.