Среда, 10 Јануари 2018   
Народот смета дека никој нема право да го менува уставното име Република Македонија

svekrva-nova
Свекрва

Дали Турција ќе дозволи прием на Македонија во НАТО под друго име!?

Зоран Зеав континуирано дава оптимистички изјави за медиумите дека Македонија и Грција можат да најдат решение за проблемот со името до крајот на првата половина на 2018 година. Според него постои решението кое треба да биде прифатливо за двете земји и дека нема црвени линии кои би биле кочница или блокада во процесот на решавањето на името и евроинтеграциските процеси. Што значи дека владата на Заев е спремна на секакви остапки и без да го праша народот да го смени уставното име на земјата!

Според грчките медиуми во игра биле три имиња „Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“, кои на 19 јануари на ден Водици ќе се најдат на маса на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Имено, 19 јануари не е случајно одбран датум. На тој ден според јулианскиот календар се слави Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Во име на денешните „боговите“ од другата страна на атлантикот, Нимиц очигледно се смета за достоен да биде кум и на тој датум да ја прекрсти Македонија, име кое е запишано во Библијата.

Сметајќи на овие богови, со чија помош е поставена и денешната влада во Скопје, постои оптимизмот кај Заев дека ќе се изнајде решение за спорот со името со јужниот сосед. Неговиот оптимизам  се зголемува и од позитивните изјави на преставниците на грчката дипломатија кои велат дека не треба уште многу време да се влече прашањето и да се мачи грчкото општество, како и тоа дека во грчкиот Парламент постои мнозинство дури и во случај доколку коалицискиот партнер во владата биде против решението меѓу двете земји.

Очигледно е дека Атина и Скопје се изложени под голем притисок за решавање на спорот со името, за да САД ја види Македонија, без разлика на името, што поскоро  во НАТО. Тоа го потврдува раздвижената дипломатијата. Не случајно се очекува и генералниот секретар на НАТО, да дојде во Скопје пред Нимиц да го достави до преговарачите името што го предлага за Скопје“, за да посети дека без решение на името, Атина нема да даде зелено светло за влез ниту во НАТО, ниту во ЕУ.

Сите се свесни дека двете држави треба што побргу да го решат спорот што го има Грција со нашето име и заедно како две соседстки  и пријателски земји да тргнат кон подобра иднина. Сепак останува отворено прашањето дали е ова правиот начин на решавање на спорот, ако се знае дека со било каква промената на името, може да го доведе во прашање македонскиот идентитет и опстанокот на државата, со оглед на историското минато и искуството со соседите.  

Многумина, од двете страни на границата имаат спротивставени мислења. Солунскиот митрополит, Антимос и министерката за грчките области Македонија и Тракија за грчки Водици (7 јануар) дадоа изјавија дека Македонија е грчка и дека никој нема право да го користи ова име освен Грците, притоа заборавајќи дека до 1913 година Македонија никогаш не била Грчка Според митрополитот Антимос, држејќи се до традициите на грчката црква, ќе повтори дека Македонија значи Грција и Грција значи Македонија.

Од друга страна најголемиот дел од македонскиот народ и најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ, се против промената на уставното име на Македонија, што неминовно би го довела во прашање идентитетот на македонскиот народ. Поради тоа, новата власт предводена од Заев ја исклучи ВМРО ДПМНЕ од процесот на решавањето за името, а според најавите доколку дојди до договор со Грција ќе биде исклучен и народот. Имено власта за да го избегне негативниот одговор на народот, не планира да организира ни референдум.

Мора да се напомене, дека народот смета дека никој нема право да го менува уставното име Република Македонија ниту пак некој смее да се осуди било какво решение за ново име да го стави на референдум, со оглед на можните манипулации на актуелната власт за да добие посакуван одговор, а за што најдобар доказ е референдумот за Законот за територијална поделба на Република Македонија во 2004 година.

Зоран Заев направи премногу остапки на соседите за да се реши спорот со името. Тој ја прифати Тиранската платформа, потпиша Довор со Бугарија и се договара со Атина без црвени линии, но тоа не значи сигурна гаранција дека Македонија ќе биде примена во НАТО.

Букрешт 2008 година, треба да биде опомена. Тогаш и покрај сите напори на САД не беше избегнато грчкото вето. Ако под надворешен притисок Македонија го смени името и Грција прифати Македонија да стане членка на НАТО, тоа незначи дека некој друг нема да стави вето.

Ова вето може да дојде од многу блиска и пријателска земја, која меѓу првите земји ја признаа Република Македонија под уставно име и не сака негова промена. Оваа земја повеќе пати има потенцирано дека Македонија има природно право да го користи своето уставно име. Тоа е единствената земја која кратко време по приемот на Македонија во партнерство за мир, во документите на НАТО во кои се спомнува името на Македонија, бара во фустнота да стои дека „Турција ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќе пати порачал дека Турците и Македонците се браќа и дека Турција секогаш ќе стои зад Македонците. Исто така тој изјавил дека Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија затоа што Грција не е во право.

Сега кога Грција бара покрај промена на името, бара да се тргнат спомениците на Александар и Филип, кои патем не се екслузивно право на Грција, како и тоа да се смени името на скопскиот аеродром со кој управува турската компанија ТАВ Еирпорт, прашањето е како ќе реагира Турција, која меѓудругото има се поголеми недоразбирања и со САД. Дали таа ќе се сложи да се смени името на аеродромот и дали доколку се случи тоа ќе дозволи прием на Македонија во НАТО под друго име?

Имено, како Македонија и Турција е заморена од чекањето да стане членка на ЕУ и се повеќе се оддалечува од САД. Особено несогласувањата на Турција и САД се се поизразени по обидот за пуч на Турција  и одлуката САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Поради тоа, во својата новогодишна порака Ердоган ќе најави дека неговата земја во оваа година ќе практикува посмела и дури и поризична надворешна политика. Посочувајќи дека Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името, но Турција секогаш ќе биде до Македонија и нема да дозволи да се менува името, Ердоган меѓудругото ќе изјави: Тоа што сме го заборавиле во 1912 година сега можеме да го поправиме.“

Како и да е, во наредниот период на Македонија и престојат многу предизвици.

 

 

На прво место

News image

Освен претседателот г. Ѓорге Иванов никој на дело и отворено не му застана на патот на ова зло

Неброени се жртвите кои македонскиот народ ги положил во многувековната борба за слобода и независно...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.