Среда, 17 Јануари 2018   
Проклети биле предавниците – својот народ што го продале!

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Многумина владетели низ вековите се обидувале да ја достигнат славата на Филип, Александар и древните Македонци. Меѓутоа ниту еден владател, ниту една империја до денешен ден не успеела да ги достигне успесите на Македонците, чије име ќе остане за векови запишано во Библијата. Оттука не треба да не чудат обидите низ историјата да се присвои македонското културно наследство или да се избрише македонското име од картата на светот.

По пропаста на Македонската империја, името на географската и етничката територијата на Македонците, постојано низ вековите се менувало или било забранувано. Меѓутоа и покрај сите напори на Римската, Византиската и Отоманската империја, Македонците да бидат асимилирани, а македонското име да исчезне, тоа повторно се враќало на историската сцена.

Отсекогаш името Македонија било длабоко врежано во свеста на македонското население. Македонците каде и да оделе, секогаш со себе го носеле своето име. Така името Македонија можело да се сретне низ целиот Балкан и пошироко (пример: тема Македонија во Тракија и територија во Бесарабија во 9 век, село во Романија во 14 век, Украина 18 век и .т.н.).

Самото име Македонија одсекогаш будело гордост и желба за слобода и самостојност кај македонскиот народ. Поради тоа името Македонија не било посакувано од нејзините поробувачи. Оттука, како што пишува американски весник "The sun" (16.06.1903), Турските цензори протестирале против зборот Македонија од Новиот Завет на Библијата. Едноставно не го сакале зборот кој потсетувал дека Македонија не била нивна земја, туку земја на македонскиот народ, кој некогаш бил така славен и “господар на светот“.

Повторното појавување на името Македонија на географски карти кон крајот на 20 век, име кое одамна беше избришано од светската политичка сцена, предизвика загриженост кај сите оние држави кои во Балканските војни 1912 и 1913 година анектираа делови од територијата на Македонија. Стравот од обединување на поделената Македонија, ги натера овие држави и нивните поддржувачи да продолжат со притисоци и закани, со присвојување на македонското културно наследство и негирање на името и идентитетот, јазикот и црквата на Македонците.

Соседите на Македонците чии држави биле формирани во текот на 19 и 20 век со помош на големите европски сили (Русија, Австри-Унгарија, Обединетото кралство, Италија) и кои со нивна помош ја поделија територијата на Македонија во Букурешт 1913 година, за разлика од Македонците, ниту една од нив немале држава пред Христа. Свесни засвојот хендикеп, тие денес му го негираат името, идентитетот, јазикот и црквата на македонскиот народ. Србите не ја признаваат црквата, Грците името и идентитетот, Бугарите јазикот, а Албанците имаат аспирации на дел од македонската територија. 

Сите тие како да го заборавиле проклеството што ги следи оние кои се обиделе да чепнат во Македонија и во заоставштината на македонското културно наследство, кое впрочем му припаѓа на македонскиот народ. Србија, Бугарија и Грција заборавија на цената која ја платија во Балканските војни, во Првата и Втората светска војна, како и во граѓанската војна во Грција.

Денес тоа го заборава и најголемата светска империја, која токму поради неправдите кои ги нанесува, ќе ја доживее судбината на светските империи како што се Римската, Византиската и Отоманската империја. Бришењето на Македонија од светската карта значи почеток на нови конфликти на Балканот, но и на падот на империјата која си игра светски полицаец.

Мекедонецот никогаш нема да го заборави геноцидот кој бил извршен врз него како што нема ни да се откаже од името. Едноставно Македонците со векови го носеле тешкото бреме да се зачува гордото и величанствено историско име Македонија. Тие успеале да го сочуваат со векови додека биле под туѓо ропство.

Меѓутоа, додека нашите претци и покрај сите тешкотии кои во минатото ги минувале под разни ропства не се откажале од македонското име, денес во слободна македонска држава некој меѓу нас си дозволува во име на целиот македонски народ бесрамно и противуставно да преговара и доброволно да се откажува од името, јазикот и црквата.

Тоа се луѓе со слаб карактер, со мал умствен капацитет, кои заради личниот комодитет, не можат  да го издржат големиот товар на македонското име. Тоа се непромислени луѓе кои не можат да сфатат какво драгоцено богаство распродаваат, а кое впрочем не е нивна лична своина, туку им припаѓа на генерациии пред нас и на генерации по нас. Тоа што тие денес го даваат нема цена и не може да биде замането со ништо. Ако сметаат дека членството во НАТО и ЕУ може да биде замена за распродажбата на името и идентитетот, многу се лажат. Едноставно ќе изгубат се., не само државата и личниот интегритет, туку и сешто што поседуваат. Проклеството нема да ги одмине, а копуците повторно ќе си останат копуци.

Гоце Арнаудов има испеано многу убава песна за предавниците кои го продале сопствениот народ. Оваа песна ќе им се пее утре на сите оние кои денес ставаат потпис за редифинирање на македонската држава. Линк:

 https://www.youtube.com/watch?v=ppkZCN87hk8

 

 

На прво место

News image

Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас

Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите н...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.