Среда, 17 Јануари 2018   
Политиката на Зоран Заев наидува на остра критика кај македонскиот народ

svekrva-nova
Свекрва

Зоран Заав го отвори патот за пеколот за македонскиот народ!

Со двата закони Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, кои се спротивни на интересите на македонската држава, како и било каков договор со Атина со кој се менува името и идентитетот на македонскиот народ, Зоран Заав го отвори патот за пеколот за македонскиот народ. Тој не враќа на почетокот на 19 и 20  век кога не беше признат македонскиот народ и кога се правеа разни коалиции меѓу соседите за протерување на Отоманската империја и за поделба на македонската земја.

Собранието на Република Македонија без присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ го донесе Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Останува уште договорот со Грција околу името за да Заев целосно ја редифинира Македонија. Меѓутоа, без разлика дали ќе дојде до договор со Атина територијата на Македонија ќе стане членка на НАТО.

Во геостратешките игри, територијата на Македонија им е потребна на НАТО за да го затворат овој простор на Балканот од влијанието на Русија. Центрите на моќ по секоја цена се обидуваат да ја внесат Македонија во НАТО. Сценариото е долго време припремано и по исценираниот конфликт во 2001 година, кога беа понудени размена на територии и население, потоа по територијалната поделба во 2004 година, сега се влегува во завршна фаза повторно со помош СДС и нејзината марионетска влада предводена од Зоран Заев.

Ова сценарио, доколку се следат настаните од 2001 година, очигледно има резервна варианта. Не случајно беа донесени двата закони: Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тоа е последниот адут, доколку не дојде до договор меѓу Скопје и Атина. Тогаш НАТО ќе се обиде да ја контролира Македонија со помош на две држави членки на НАТО, Албанија и Бугарија.

Имено со законот за употреба на јазиците Македонија стана бинационална држава, со што во иднина македонските Албанците можат на знак на центрите од моќ да го отцепат Западниот дел од Македонија и да се приклучат кон Албанија која е членка на НАТО. Исто така со ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, која смета дека сме ист народ во две држави, остатокот на македонската земја ќе биде приморан да се приклучи кон Бугарија.

Бугарските политичари отворено ни кажуваат дека тие „немаат интерес од границата на Деве Баир, границата на Ќустендил..., туку дека „имаат интерес за да нема граница од Охрид до Црно Море.“ Едноставно тие сеуште сонуваат за Санстефанска Бугарија.

Сите овие комбинации, со кои од една страна би се формирала Голема Албанија, а од друга страна Голема Бугарија ги загрижува Грците и Србите, кај кои во последно време се забележува забрзано вооружување. Србите се загрижени од  создавањето на Голема Албанија, а Грците особено ги загрижува евентуалното создавање на т.н. Голема  Бугарија во која природно би дошло до обединувањето на дел од Вардарска и Пиринска Македонија.

Политиката на Зоран Заев наидува на остра критика кај македонскиот народ, дури и од најголемите поддржувачи, активисти и функционери на СДС.

Од ден во ден расте незадоволството на народот и се повеќе граѓаните го креваат својот глас против антидржавните политики на актуелната власт.Тие отворено бараат од претседателот Ѓ. Иванов да стави крај на агонијата во која Зоран Заев го втурна македонскиот народ. Впрочем претседателот му го додели мандатот на Заев откако тој гарантираше за унитарноста на државата.

Сега откако со ваквите потези македонскиот Јуда, Зоран Заев, ја наруши унитарноста и безбедноста на државата, останува само претседателот и Уставниот суд да го спречат разебитувањето на македонската држава. Тие мораат да стават крај на тиранијата која ја спроведува СДС и ДУИ врз мнозинскиот македонски народ.

Во овој момент единствено добро е што ВМРО ДПМНЕ, која претставува повеќе од 450.000 гласачи не присуствуваше на изгласувањето на двата закони, ниту учествува во преговорите за името. Со тоа тие го пренесуваат мислењето на најголемиот дел Македонци дека не ја прифаќаат промена на името, промената на историјата и поделбата на земјата. Тоа остава простор и покрај штетата која ја направи СДС, во идно време некоја друга влада предводена од ВМРО ДПМНЕ да ги смени работите и делумно да ја поправи штетата која им е направена на Македонците.

Но тогаш за некого  нема да заврши добро направеното велепредавство!  

 

 

На прво место

News image

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (3)

Се договоривме на 13 јуни во кафеаната на Никола Талески-Коле, од битолското село Новаци, да формира...

Историја

News image

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – „Ние не разбравме дали јазикот е македонски или грчки“

"Сите заедно го посетивме училиштето. Учител зборува многу лошо грчки. Тој побара од децата тие да п...

Иселеници

News image

Голем протест на МАКЕДОНЦИТЕ во Канбера, Австралија

На протестот присуствува околу 5000 преставници на македон...

Култура и туризам

News image

Кузман Капидан барал неограничени права и му ги дале

Кузман Капидан бил родом од Дебрца. (Во Охрид повеќето веруваат дека Кузман бил родом од Старово или...

Фељтон

News image

Александар Македонски (20)

Откако Александар Македонски беше признат за хегемон на Лигата додека е жив, се сост...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.