Среда, 17 Јануари 2018   
Во Битолскиот регион, од андартските напади најмногу настрадаа Костурско и Леринско

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Појавата на грчките андартски чети во Македонија датира од пред 1903 година. Сепак нивното делување особено во јужните делови на Македонија се засилува по Илинденското востание. Грчката вооружена пропаганда со цел да наложи грчка доминација, поддржана од власта, црквата, просфетата и дипломатија  настапувала систематски во Македонија. Богато финансирана со буџетски пари на Атина, четите на на грчката вооружена пропаганда  се пополнувале најмногу со платеници од Крит, но и патријаршисти од територијата на земјата. Во текот на 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале 800 до 1000 души поради што најмногу настрадале  Костурско и Лоринско.   

Во 1905 година најмногу андартски напади имало во многу околии на Битолските и Солунските окрузи. Дел од тие напади беиле придружени со делумни опожарувања и масакри, други со киднапирање на заложници, а некои биле одбиени од селската милиција или од редовни чети на Македонската револуционерна организација.

Христо Силјанов (1880 - 1939) кој е деец на Македонската револуционерна организација, по Птвата светска војна, како историчар пишува книги посветени на македонското револуционерно движење и ослободителните борби на Македонија. Во однос на борбите со грчката вооружена пропаганда во текот на 1905 година, кога во Битолскиот регион, најмногу настрадаа Костурско и Лоринско, тој меѓудругото наведува:  

„Во Костурско жртви дале главно селата Монгила, Езереце, Осничани и Лувради (Кастенаријата) Жупаништа, Трново, Борима Брезница (Корештата) Прекопана, Бугарска Блаца и Мокрени (Пополето). Во Монгила за време на бослужба во февруари, многубројна андартска чета ја опколила црквата и ги извеле верниците кон лозјата каде започнал масакрот. Но во екот на сечата се појавила подрачната чета која засилена со селската милиција ги нападнала џелатите. Андаритите биле  разбиени и гонети два километра, при што шест нивни лица биле ранети. Истиот месец биле убиени во селото Осничани свештеникот и браќата Хр. и Ив. Димитров. На 15 март андартите успеале да се влезат по втор пат во селото Езереце и убиле 8 лица. После два дена подрачната чета кренала на нозе многубројна милиција и ги бркале андартите кон манастирот Св. Атанас, кој бил постојан собирен пункт на грчките одреди за време на нивните напади. Сепак, непријателот претходно го напуштил манастирот. Го напуштила и четата, но откако ги запалила сите манастирски објекти освен црквата. Во текот на април група работници, повеќе од село Жупаништа, додека одела на работа во Грција, биле нападнати кај грчкото село Коњско, од андартска чета и голем дел од нив биле убиени. Во текот на јуни една андартски чета во планината Вич заробила и убила на најзверски начин петмина селани од Бугарска Блаца и тројца од Прекопана. Во август селото Осничаии било делумно изгорено.

Во септември, андартите го нападнале селото Лувраде, но истите биле протерани со жртви од милицијата која пристигнала од околните села. Во селата Трново и Брезница, андартите, меѓу другото, својот гнев го излеаја врз црковните славјански книги, предавајќи ги на автодафе (јавно спалување на еретици – н.з).

Во 1905 година, (македонските –н.з. ) чети опожариле и други две андарски свртувалишта – Чуриловскиот и Сливенскиот манастир. На 2 декември, едно од одделение од четите кое дејствувало во Корешишта било нападнато од андартите во селото Брезница. Меѓутоа, во селото биле Пандо Кљашев, Митре Влаот и Христо Цветков. Тие веднаш го извеле својот народ и ги нападнале напаѓачите. Битката траела три часа, а андартите откако имале еден убиен и двајца ранети, биле протерани. Пристигнала и војска, но четите искористувајќи ја темнината, се повлекле незабележано од селото.

Во Леринско, биле нападнати и дадоа големи жртви селата Лаген, Кладораби, Герман, Арменско, Неволјани, Ајтос, Љубетино, Забрдени и други.

Ајтос бил нападнат два пати, во мај и октомври. Првиот напад бил успешно отфрлен, но при со вториот андарите успеале да запалат 10 куќи и да го убијат 75-годишниот свештеник Дине Минчов. Во Герман, андартите се ограничиле на ограбување, а неколку жени биле киднапирани. Најмногу настрадале Кладораби и Неволјани.

Во јули андартската чета засилена со многу гркомани од Песодери, Клештино и други села, преоблечена во поголем дел како војници од "авџи-табур" (античетнички одред), влегла дење во Кладораби и го собрала на плоштад речиси целото машко население. Наместо говор, "војската" отворила оган во толпата и убила 17 лица. Леринскиот кајмакам дошол утредента во селото и му рекол на кметот: "Што барате, тоа најдовте" и заповедал да се погребат веднаш труповите. Кметот се спротивставил, барајќи да се дочакаат италианските офицери, но кајмакамот довел селани од други села и ги принудил да ги погребат убиените.

Во Неволјани, 20 минути од Лерин, се повторила зеленичката несреќа. На 29-ти октомври андартите и месните Турци нападнале 40-50 свадбари во домот на македонскиот првенец Георги Јанев. Само еден млад човек имал револвер и можел сепак да ги држи на одалеченост цел час напаѓачите. Најпосле, куќата била запалена, а дел од луѓето побарале спас низ задните вратички и соседните дворови. Другите, единаесет на број, кои ја напуштиле запалената куќа на главниот влез, биле сите убиени . Напаѓачите беснеја од 9 до 1 час по полноќ. На многу жени им бил земен накитот. Тие биле ограбени и убиени. Ниту еден војник или жандарм не мрднал од Лерин. Осум жени и деца биле ранети. Под урнатините на куќата биле најдени телата на Георги Јанев и на една мома. Дури другиот ден во селото се појави млад јузбашија за да да го истражи настанот. Замолен од селаните да испратат жандарми за да ги чуваат телата до пристигнувањето на конзулите, офицерот одговорил: нека ги изедат кучињата.

Во текот на таа година, андартите во Леринско претрпеа и еден срамен пораз. Една голема чета од стотина лица била уништена во месец април во село Белкамен. Од првите истрели на војниците паднаа тројца андарти. 49 луѓе, предводени од капетан Нидас, поручник, се предале. "Турците се однесувале љубезност кон нив. Никого не малтретирале, ниту го навредувале", - пишува Ст. Раптисъ.

Друга андартски чета од дваесетина лица била изненадена на 27 ноември, во село Стребрено и целата заробена. Меѓу заробените андарти имало и четири Турци: Суљо од Зелениче, Мухарем од Инско, и Вејсал и Ибрахим Али од село Сарѓол.

Во текот летото на 1905 година андартите навлегувале и во Битолското поле. Се појавиле и во полите на Пелистер, а како главни бази им служеле градот, селото Буково, Буковскиот манастир и др. Нападнати биле и дале жртви влашките села Магарево и Трново, екзархиските куќи во Буково и Брусник. Најголемите ѕверства биле извршени во Путурус и Црничани. На 23 октомври во првото село биле опожарени 14 куќи (од 17), убиени биле пет лица и две деца фрлени во пламен. Во Црничани изгореле 10 куќи. Група дрвари биле заробени над селото Драгош и од нив тројца биле заклани; додека останатите се спасиле благодарение на притекнатите на помош вооружени селани кои ги протерале андартите.

Во Прилепско настрадало на 24 јуни селото Брник: исклани биле 10 лица и неколку куќи опожарени.

Во текот на истото лето андартите успеале да се навлезат и во дел од Мариово. Тука на нивна страна застанало најнеукото население во целата област од неколку старогркомански села... Најекстремни до зовривање на братоубиствена борба, биле гркоманите во Градешница, кои им се придружувале на андартите во нивните вандалски походи. На два пати во текот на истата година биле нападнати селата Бештишта и земени заложници: првиот пат тројца, вториот пат седум лица; Скочивир: при вториот напад, биле земени и исклани пет лица, Дреновени. На 5 септември било нападнато селото Добровени, крај реката Црна, одвлечени биле четири лица. Нападнати биле и дале жртви уште селата: Брник, Путурос, Црничани, Петалино. Во летото истата година, андартите претрпле и еден тежок пораз. Гого Ацев, 21 годишно момче, оставено да го заменува привремено својот брат П. Ацев, ја изненадил кај село Полог и ја разбил до нога една андартска чета, составена од 10 лица придојдени и 15 милиционери од гркоманските села. Неколку андарти паднале убиени, други се удавиле во Црна, додека останатите се разбегале.

Андартската напаст зафатила и неколку села во југозападниот дел на Преспа. Тоа биле напади на андартите, сместени во село Желево и помагани од одделни гркомани од Оровник и други некои села во самата Преспа. Во почетокот на септември желевската чета успеала да фати на патот помеѓу селата Буковик и Бесвине група селани, меѓу кои и поп Крсге, свештеник на село Бесвине. Пред, да започнат со масакрот врз селаните, андартите согледувајќи дека биле нападнати од четата на Насо Кршаков, која случајно се логорувала недалеко од местото, ги оставиле жертвите. Воениот одред сретнал на патот домаќинства од Буковиќ и Безвиин, кои бегале исплашени од истрелите на борците. Офицерот ги смирил луѓето и ги вратил во нивните села. Сепак, по заминувањето на војската, истата андартски чета влегла, во мугрите, во Бесвине. Тие  ја запалиле куќата на поп Крсте и други четири куќи, влегле и во црквата каде ги уништиле сите црковни книги, свештенички одежди и сл. Костурските чети успеале да откриат во текот на ноќта на 12 октомври во селото Оровник и да истераат од селото една андартска чета од 70 луѓе. На 18 декември ноќта, костурските чети нападнале друга андартски чета во село Буковик и ја распрснале откако ранија неколку андарти. "Веднаш после таа борба, како што пишува Пандо Кљашев во едно свое приватно писмо,  била подигната силни потера и започнале да се прават чести претреси: на секој 3-4 дена во 30-40 села одеднаш. Како резултат на тоа, нашите движења сега се многу тешки и ние не можеме да ги следиме грчките чети ".

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Кога анкетите не им се допаѓаат на властодршците ги менуваат анкетарите

Николоски фрли ракавица на Пендаровски: Дали е точно дека во скоро време беше посетен од странски ...

Историја

News image

Генералот од Охрид и балканските масони

Генералот од Охрид и балканските масони

Иселеници

News image

КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Прочка- Велики поклади

Празник на проштевањето и очистувањето од гревовите

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ– (ДЕЛ III) (23)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.