Среда, 07 Февруари 2018   
Револуционерната организација против вооружената пропаганда

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Не само во тоа време, туку и денес, грчките и српските историчари и енциклопедисти ја преставуваат Внатрешната организација како орган на владата во Софија, затворајќи очи пред јасните и гласни докази кои го говорат спротивното, како што се фанатичната борба на Внатрешната организација против врховистите и Илинденското востание, објавено во нај-југозападниот македонски регион, врз основа на одлука на Конгресот донесена на самото место без претходна согласност и одобрување на властите во Кнежевството“ – пишува Христо Силјанов за борбата на Македонската револуционерна организација со вооружената пропаганда  во Македонија по Илинденското востание.

Мачната и недоволно ефикасна борба на Македонската револуционерната организација против вооружената пропаганда, која се јавува непосредно по Илинденското востание, за Христо Сиљанов, има свое објаснување во големите разлики помеѓу објективните и субјективните услови во кои дејствуваа завојуваните страни. Тргнувајќи од фактот дека Македонската револуционерна организација е, пред сè, противтурска сила, која си поставила за цел соборување на турскиот режим, а пропагандите се против македонските сили, Силјанов за однесувањето на турските власти и способноста на четите на Македонската револуционерна организација да им се спротивстават на грчката и српската вооружена пропаганда вели:

„За (турските власти н.з.) пропагандите се јавуваат како природни сојузници против општиот непријател и тој имаше интерес да им даде секаква поддршка. Истиот однос кон Организацијата го имаше и муслиманското население. Тоа се радуваше дека неверниците меѓусебно се уништуваат, но ги имаше сите причини да ги мрази најмногу (Македонците – н.з.) – јавниот непријател кој се буни и му ги поткопува основите на власта.

Четата на (Организацијата –н.з.), која тргнуваше за да се сретне со андартските или српските комити, беше должна да води многу повеќе сметка отколку противникот за вмешувањето на војската и башибозук, Дури и правосудството не беше подеднакво за воините: (македонските – н.з) револуционери се судеа од вонредни судови, а нивните противници - од обични.

Друга предност на вооружената пропаганда беше дека нејзината активност никогаш и никаде не беше попречена од недостаток на парични средства. Зад нив беа државните фондови на Грција и на Србија, а Организацијата никогаш немаше сигурни и постојани извори во согласност со своите потреби и задачи. Целото финансирање на Организацијата се потпираше врз населението. За нејзините потреби - организацијата на чети, атентати и слично - таа беше принудена да се снабдува на други, многу различни начини, често поврзани со ризици и жртви. Недостатокот на средства беше една од причините зошто не можеше да ги употреби сите свои сили во борбата против вооружените напаѓачи од север и југ. Организацијата само земаше од народот, а пропагандата само даваше - за плати, за мито, за подкупувања, храна, итн.

Располагањето со средства беше една од агитациските водилки на напаѓачите кои, се јавиле помеѓу едно таму туѓо население. Сакаа да го привлечат (населението - н.з.) не само преку терор, но и преку блесокот на своето злато. На Организацијата не и беа потребни златни водилки. Организацијата како рожба на ослободителните копнежи на народот, се чувствуваше дома и служењето за плата би ја оскрвнавила светоста на народниот идеал. За неа и за народот ослободителната борба беше доброволна должност која, без сомнение, го оптоваруваше сиромашното население: и со данок, и со секакви ризици. Со сите овие оптоварувања, често пати невозможни, шпекулираа и пропагандите, претпоставувајќи ја нивната примамлива великодушност. И нивните шпекулации не остануваше залудни, особено во крајно сиромашните, па и неуки области, како во Поречието, или во места, каде постоеше незадоволство поради злоупотребата на војводската власт.

Пропагандите превзедоа вооружени акции непосредно после востанието. Незалечени уште од макитете и разочарувањето, со се уште необновени сили, населението беше нападнато од христијанските банди кое постапува под благонаклонетото набљудување на турската власт. Нереорганизирано уште во доволен размер и со загубен огромен дел од оружјето, тоа не беше во состојба за самоодбрана така, како што можеше да го направи пред исцрпувачкиот подвиг.

Предавниците од родот на Коте се ставија во служба на новите напаѓачи. Во околиите, кои не настрадаа од востанието (Ениџевардарско, Воденско и др.) и ја задржаа целата организација, вооружените пропаганди сретнаа многу голем отпор и се засилија релативно подоцна.

Друга една техничка предност на пропагандите е дека нивните чети можеа да се движат послободно и да преземаат со значителни сили напади врз селата. Спротивно, редовните организациски чети имаат малуброен состав и не беа толку слободни во нивните движења. Тие не можеа така лесно да се служат и со милицијата, како што беше пред востанието, бидејќи сега Турците го усовршија системот на следење: беа изградени бројни воени и жандармериски станици опремени со телефонски линии; од Хилми паша беа создадени "летечките одреди" (авџи-табур) кои патрулираа деноноќно, а штом ќе загрмеа некаде пушки, го опколуваа не само местото, каде се беше започнала борба, но и околните  (македонски – н.з) села.

Македонските комитети во Атина и во Белград, кои ги организираа и раководеа четите во Македонија, беа послушни органи на надлежните влади - грчката и српската. Оваа зависност предизвикуваше одредени политички непријатности, но таа имаше своите јасни предности од стратешка и тактичка природа: целата четничка акција се командуваше од едно централно тело. Оваа директна зависност на пропагандните чети од соодветните влади, негирана првично од грчките и српските официјални средини, се потврди во текот на четничката акција, со цела редица многу убедливи факти и несоборливи документи.“

За разлика од четите на грчката и српската вооружена пропаганда, четите на Македонската револуционерна организација не беа послушен орган на бугарската влада, како што сакаа другите да ги прикажат. Христо Силјанов (1880 - 1939), како историчар и деец на Македонската револуционерна организација, кој добро ги познавал состојбите во самата Организација, за неа и за односите со бугарската влада ќе напише:  

„Револуционерната организација е сосема нешто друга. Самороден продукт на локалните  услови во Турција, таа водеше своја ослободителна политика, дејствуваше и зборуваше од името на населението кое се бореше за своја слобода. Таа ја имаше прегрнато искрено и цврсто автономијата на Македонија, ги поддржуваше односите со разни државни фактори, но не зависеше од ниту една влада. Тој нејзин квалитет се признаваше не само од јавното мислење во Европа и Америка, но и од владите кои дискретно, а напати и официјално (каков што е случајаот со грофот Ламсдорф при неговата посета во Софија во почетокот на 1903 година) се задржуваа со нејзините лидери во внатрешноста или со задграничните преставници.“

Како потврда, Силјанов ја неведува процената која ја дава еден непосреден набљудувач на настаните во Македонија за време на опишаниот период, А. Рапопорт. Тој во својата правна проценка, споредувајќи ја ревулуционерната  организација со вооружените пропаганди вели:

"Македонската организација никогаш не се откажа од својата целосна слобода во однос на владата во Софија. Секако, за време на трите војни таа водеше сметка за потребите на воената дисциплина, но таа тоа го направи како сојузник, а не како потчинета. Во време на мир таа независност беше уште поочигледна и треба да се напише цела нова историја на Бугарија, за да се посочат бројните фази на бугарско-македонските односи. Впрочем тоа природно чувство на национална солидарност, никогаш  тие односи не биле така тесни, какви од почетокот беа односите меѓу белградската и атинската влада и нивните респективни национални пропаганди, кои дејствуваа во Македонија во последните години на отоманското владеење и порано...". ("Во земјата на мачениците ", стр. 62.)

Уште во тоа време, по Првата светска војна, Силјанов ги согледува потребите да се напише една нова историја во која правилно ќе се престави дејствувањето на Македонската револуционерна организација и нејзината борба за создавање на самостојна и независна македонска држава. Согледувајќи го погрешното преставување на Организација тој ќе напише:

„Не само во тоа време, туку и денес, грчките и српските историчари и енциклопедисти ја преставуваат внатрешната организација како орган на владата во Софија, затворајќи очи пред јасните и гласни докази кои го говорат спротивното, како што се фанатичната борба на Внатрешната организација против врховистите и Илинденското востание, објавено во нај-југозападниот македонски регион, врз основа на одлука на Конгресот донесена на самото место без претходна согласност и одобрување на властите во Кнежевството.

Со ревносната заштита на својата независност и со искрена приврзаност за автономната идеја (Македонската – н.з.) револуционерната организација ја освои довербата и симпатиите на авторитетни странци како Брејлсфорд, Виктор Берар, Пресансе и толку други.., Борбата и против врховизмот, во која се истроши толку енергија и која ја забрза Илинденската разврска, беше, во основа, борба за независност. Стремежот кон целосна независност ... е исто еден од важните елементи на идејниот раскол кој, години после востанието, го рушеше единството и го продлабочуваше чирот на фракционерството во нејзините редови.“

Вооружените пропаганди беа совршено туѓи на македонската идеја за автономна и независна Македонија. Меѓутоа, потикнати од странските пропаганди, идејните лутања и исцрпувачките меѓусебни препирки ја направи Организацијата нефункционална за едно време кога таа беше повикана да се бори истовремено на три фронта. За време на настанатата критички фаза, таа беше лишена од најважниот услов за победоносен отпор - од внатрешен расцеп и од единствен раководен центар.

(продолжува)

 

 

На прво место

News image

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија

Русија не го менува ставот, за неа остануваме Република Македонија  

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.